ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот - Канал 5

ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот

Поголемите заеднички напори и меѓународната соработка се клучни за зачувување на заштитата на бегалците, која е загарантирана со меѓународното право, се наведува во соопштението по повод 20 јуни - Светскиот ден на бегалците.

ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска сооппшти дека повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот, а само во регионот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) престојуваат речиси 25 милиони луѓе кои се присилно раселени или се без државјанство.

Поголемите заеднички напори и меѓународната соработка се клучни за зачувување на заштитата на бегалците, која е загарантирана со меѓународното право, се наведува во соопштението по повод 20 јуни - Светскиот ден на бегалците.

Директорката на ОДИХР, Марија Телалијан истакна дека државите мора да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат оние кои бегаат од конфликти, прогон и насилство.

„И покрај предизвиците, мора да соработуваме за да пронајдеме одржливи решенија што ги почитуваат човековите права на секој човек“, рече Телалијан.

Во соопштението се наведува дека секој има право да бара безбедност во друга земја, без оглед на тоа од каде доаѓа или кој е.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“

Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. 

Меркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“

Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар.

Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа.

На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори дива депонија во Шуто Оризари

Пожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Гори дива депонија во Шуто Оризари

Денеска повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје.

„Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,се вели во соопшението од ЦУК.

Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле Австралија

Убавата манекенка Кендал Џенер и нејзиното момче Џејкоб Елорди дискретно ја напуштија Австралија, целосно маскирани 

Фото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле Австралија

Пред врската со Елорди, убавата Кендел била во врски со раперот Бед Бани и НБА кошаркарот Девин Букер.

Моделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди биле забележани на аеродромот во Бризбејн за време на викендот, каде што се обиделе да останат незабележани по престојот во Австралија.

Двојката не разменувала нежности во јавноста, но фотографите го забележале моментот кога Џенер накратко ја ставила раката на лактот на Елорди додека шетале низ аеродромот.

Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“, 30 годишната Кендел, и 29-годишниот актер дополнително ги сокриле своите идентитети носејќи маски, шалови и очила. Елорди бил облечен во дуксер со качулка, додека Џенер носела бејзбол капа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер