РакометОдиграно второто квалификациско коло за ЕП во ракометШирум Европа викендот се играа натпревари од второто коло во квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска.По две рунди седум селекции се со по две победи, а четири забележаа по два пораза, меѓу нив и фаворитот Полска. Само во групата 4 каде игра Македонија, четирите селекции имаат по една победа. Резултати 2.коло и табели: Група 1: Холандија - Унгарија 27:28, Летонија - Данска 23:36. Табела: Данска 4 бодови, Унгарија 4, Холандија 0, Летонија 0. Група 2:Србија - Белорусија 27:36, Романија - Полска 28:23. Табела: Романија 4, Белорусија 2, Србија 2, Полска 0. Група 3: Финска - Шпанија 21:36, Босна и Херцеговина - Австрија 22:23. Табела: Шпанија 4, Австрија 2, Финска 2, Босна и Херцеговина 0. Група 4: Чешка - Македонија 35.28, Украина - Исланд 27:25. Табела: Чешка 2, Македонија 2, Исланд 2, Украина 2. Група 5: Швајцарија - Германија 22:23, Португалија - Словенија 26:26. Табела: Германија 4, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0. Група 6: Словачка - Шведска 17:21, Црна Гора - Русија 24:24. Табела: Шведска 4, Русија 2, Словачка 1, Црна Гора 1. Група 7: Белгија - Франција 37:38, Литванија - Норвешка 32:29. Табела: Франција 4, Норвешка 2, Литванија 2, Белгија 0. Следното коло се игра на 3 и 4 мај, а Македонија е домаќин на Исланд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладимир Божиновски и Јован Деспотовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Владимир Божиновски и Јован Деспотовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 23. јуни 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 23. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера Денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГенијален трик со помош на кој на авион ќе можете да понесете повеќе багаж бесплатноАко ви пречи тоа што не можете да понесете доволно облека бидејќи вашата авионска карта вклучува само рачен багаж, еве едно интересно решение.Една корисничка на Тикток открива генијален трик за избегнување на трошоците за багаж, а за сето тоа ви е потребно само една навлака за перница. 21-годишната Белгијка секоја година оди на одмор со авион и со тек на време научила неколку трикови за своите авантури. Отсекогаш и пречело тоа што не може да понесе доволно облека, бидејќи нејзината карта вклучувала само рачен багаж. На видеото кое го сподели на социјалната мрежа Тикток, таа шета низ аеродромот со полна навлака од перница, а персоналот на авиокомпанијата воопшто не ја прегледува. Подоцна во видеото, таа пристигнува во хотел и ја отвора навлаката фрлајќи ги парчињата облека на креветот, покажувајќи всушност што имало внатре. Таа ги советува нејзините придружници, навлаката да ја полнат исклучиво со меки работи за во текот на летот да ја користат. Исто така, додава и да не се однесувате сомничаво зашто не правите ништо погрешно. Корисниците на Тикток беа воодушевени од нејзината идеја. Видеото има повеќе од 40 милиони прегледи, но и коментари: - Ја надмудри авиокомпанијата, генијална идеја! –напишал еден од корисниците. - Многу паметно, ќе го пробам на следното патување со авион – додала друга корисничка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter