Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
3Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
РакометОдиграни првите средби од 10. коло во ракометната Лига на шампиониСо двата натпревари од групата Б, одиграни синоќа, во кои победи забележаа домашните екипи, беше отворено 10. коло во ракометната Лига на шампиони.Останатите средби на програмата се претстојниов викенд, а од нив најголемо внимание за македонската јавност ќе привлечат настапите на нашите екипи. Во сабота, во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион Вардар го пречекува хрватскиот првак ППД Загреб, а ден подоцна (недела) во СЦ „Борис Трајковски“, Металург е домаќин на Чеховски Медведи. Комплетни двојки за 10.коло во ракометната лига на шампиони: А група: Кадетен Шафхаузен – Кил, Веспрем – Барселона, ПСЖ – Силкеборг (сабота) и Висла Плок – Фленсбург (недела). Табела : Барселона 16 бодови, ПСЖ 14, Веспрем 10, Фленсбург 9, Кил 9, Висла Плок 6, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2. Б група: Рајн-Некар – Киелце 28-23, Мешков Брест – ПИК Сегед 25-23, Вардар - ППД Загреб и Целје – Кристијанштад (сабота). Табела: Киелце 14 бодови, ПИК Сегед 13, Рајн-Некар 13, Вардар 12, Мешков Брест 11, Целје 5, ППД Загреб 4 и Кристијанштад 4. Ц група: Прешов – Ла Риоха (сабота), Металург - Чеховски Медведи и Монпелје - Елверум (недела) Табела: Монпелје 14 бодови, Ла Риоха 11, Елверум 8, Металург 8, Таран Прешов 7 и Чеховски Медведи 6. Д група: Бешикташ - Динамо Букурешт, Брага - Нант (сабота) и Холстебро - Мотор Запорожје (недела). Табела: Нант 15 бодови, Мотор Запорожје 13, Бешикташ 9, Динамо Букурешт 8, Брага 5 и Холстебро 4. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПаника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границатаАмерикански шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија. Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот. Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Забава„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – ПупиПо години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи. „MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика. Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед. Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик. Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување. Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа. Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
БалканПетти ден насилни протести во Тирана Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми. Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook