Одиграни 24 натпревари од 3.коло на Лига Европа - Канал 5

Одиграни 24 натпревари од 3.коло на Лига Европа

Во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, синоќа беше комплетирано 3.коло.

Одиграни 24 натпревари од 3.коло на Лига Европа
Постигнати резултати на 24.те натпревари од овој круг и табели во сите групи од Лигата на Европа на УЕФА:

А-група: Свонси - Кубан 1:1, Валенсија - Сент Гален 5:1.
Табела: Свонси 7 бодови, Валенсија 6, Сент Гален 3, Кубан Краснодар 1.

Б-група: Черноморец - Лудогорец 0:1, Динамо Загреб - ПСВ 0:0.
Табела: Лудогорец 9 бодови, ПСВ Ајдховен 4, Одеса 3, Динамо Загреб 1.

Ц-група: Елфсборг - Есбјерг 1:2, Салцбург - Стандард 2:1.
Табела: Салцбург 9 бодови, Есбјерг 6, Елфсборг 1, Стандард Лиеж 1.

Д-група: Виган - Рубин 1:1, Варегем - Марибор 1:3.
Табела: Рубин Казан 7 бодови, Виган 5, Марибор 3, Варгем 1.

Е-група: Фиорентина - Пандури 3:0, Фереира - Днипро 0:2.
Табела: Фиорентина 9 бодови, Днипро 6, Пандури 1, Фереира 1.

Ф-група: Бордо - АПОЕЛ 2:1, Ајнтрахт - Макаби 2:0.
Табела: Ајнтрахт Франкфурт 9 бодови, Макаби Тел Авив 4, Бордо 3, АПОЕЛ 1.

Г-група: Динамо Киев - Тун 3:0, Генк - Рапид Виена 1:1.
Табела: Генк 7 бодови, Динамо Киев 4, Тун 3, Рапид Виена 2.

Х-група: Фрајбург - Есторил 1:1, Либерец - Севиља 1:1.
Табела: Севиља 7 бодови, Слован Либерец 5, Фрајбург 2, Есторил 1.

И-група: Лион - Риека 1:0, Бетис - Виториа 1:0.
Табела: Олимпик Лион 5 бодови, Бетис 5, Виториа Гимараеш 4, Риека 1.

Ј-група: Трабзонспор - Легија 2:0, Аполон - Лацио 0:0.
Табела: Трабзонспор 7 бодови, Лацио 5, Аполон 4, Легиа 0.

К-група: Анжи - Тромсо 1:0, Шериф - Тотенхем 0:2.
Табела: Тотенхем 9 бодови, Анжи 4, Шериф 2, Тромсо 1.

Л-група: Шахтјор - АЗ 1:1, ПАОК - Макаби Хаифа 3:2.
Табела: ПАОК 7 бодови, АЗ Алкмар 5, Шахтјор Караганди2, Макаби Хаифа 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Светскиот пазар на нафта влегува во нова фаза по неколкумесечните нарушувања предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Цените на суровата нафта нагло се намалија, но европските економии и понатаму се соочуваат со исклучително скап дизел, кој ги зголемува трошоците за транспорт и производство.

Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија, објавен денеска, 13 ноември, цената на северноморската сурова нафта паднала за дури 32 проценти, од 136 долари за барел на почетокот на октомври на околу 93 долари.

Причина за ваквиот пресврт е обновувањето на испораките од земјите во Персискиот залив, кои постепено се зголемуваат и покрај нападите врз танкери и енергетска инфраструктура.

Глобалното производство на нафта во октомври достигнало 105,4 милиони барели дневно, што е зголемување од 2,3 милиони барели во споредба со септември. Ваквото закрепнување довело до ситуација во која понудата повторно ја надминува побарувачката, првпат од почетокот на војната со Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најави усвојување на истата мерка на ЛДП што досега двапати ја предложи како закон во Собранието. Признание добивме, вината е дефинирана, а одговорност за загубените животи и трагедиите?

Денес, по собрани 17.500 потписи на граѓанки и граѓани и огромниот јавен притисок, власта објави капитулација и свое законско решение.

Но, ова не е победа на Владата, ова е задоцнета реакција на институциите пред барањата на жртвите и насобраниот гнев на граѓаните. Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана се само некои од имињата кои не смеат да бидат заборавени. Нивните имиња се потсетник дека за институционалното доцнење се плаќа застрашувачка цена.

ЛДП најавува дека после собраните потписи и огромната поддршка за оваа иницијатива уште завчера и по трет пат го поднесе Законот до пратениците и овој пат, нема веќе простор за оправдувања и нови грешки.

Заштитата на жените не смее да зависи од ничиј политички рејтинг и нивната безбедност не е политички маркетинг, туку јасно утврдена обврска на државата и институциите. Можеа да послушаат и да спречат. Одлука донесоа, кобна! Бараме одговорност сега! Иако ви се фотељите слатки сепак мора да постои во политиката нешто што се вика морал, етика и поклон пред грешката и жртвите.

Преголема грешка прават ако мислат дека без одговорност ќе им биде заборавено!!!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер