МакедонијаОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатиеОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ. -Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе. -Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ. Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина. - Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски. За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборитеПо победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати. „Дата центрите во вселената во моментов изгледаат прилично привлечно“, напиша Маск на социјалната мрежа X. „Изгледа дека моите ласери во вселената, наменети за местење избори, овој пат не проработеа 🤷♂️“, додаде тој. За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот. Неговата најзначајна инвестиција беше во една трка во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико. Изградбата на Дата центри стана значајно политичко прашање во Соединетите Држави. Сè поголемата побарувачка за компјутерска моќ, неопходна за развој на вештачката интелигенција, поттикнува изградба на огромни центри за податоци кои трошат огромни количества електрична енергија и вода. Како резултат на тоа, сè поголем број локални заедници во САД се спротивставуваат на нивната изградба, стравувајќи од зголемени трошоци за електрична енергија, преоптоварување на инфраструктурата и негативни влијанија врз животната средина. На овогодинешните избори, неколку кандидати од Демократската партија за гувернери – вклучително и оние во Тексас, Џорџија и Охајо – се заложија за ограничување или привремено стопирање на изградбата на нови центри за податоци. Маск, сепак, долго време ја промовира идејата тие да се преместат во вселената. Концептот подразбира сместување на компјутерските сервери, потребни за обработка на податоци и за функционирање на системите за вештачка интелигенција, на сателити што кружат околу Земјата, наместо во големи објекти на копно. Главната предност на еден ваков пристап би била можноста за искористување на речиси континуирана сончева енергија.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБаерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над РомаФудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите. Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан. Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2. Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик. „Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот. „На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик. Карик е задоволен по ваквиот исход. „Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место. Лига на шампиони, 4. коло вторник Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15 Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59 Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74 Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал 7, Рафиња 52, 62 Бодо/Глимт - Лил 0:0 Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54 ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48 Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78 среда 18.45 АЕК - Реал Мадрид Фенербахче - Ливерпул 21:00 Борусија Дортмунд - Бетис Објектив - Комо Порто - Наполи ПСВ - Клуб Бриж РБ Лајпциг - Манчестер Сити Славија Прага - Арсенал Викинг - СабахТагови: Баерн М. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter