Одговор од МЗ за хируршките сали - Канал 5

Одговор од МЗ за хируршките сали

Поради дефект на еден од компресорите два дена одложен беше елективниот програм, а не итните случаи, проблемот е саниран, компресорската станица требала да биде променета уште пред 3 години.

Одговор од МЗ за хируршките сали

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите во тек на два дена беше одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар.

Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ.

Компресорската станица требала да биде променета уште пред 3 години. Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени.

Апелираме јавноста да се информира исклучиво од Министерството за здравство, а информациите да не се злоупотребуваат од политичките партии со цел собирање на политички поени.

Со почит,

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во продажба монета од еден долар со ликот на Трамп

Ликот на Доналд Трамп се појави на американска монета, што го прави првиот жив претседател што се појавил на американската валута по повеќе од еден век. 

Во продажба монета од еден долар со ликот на Трамп

Ковачницата на пари на САД во среда издаде комеморативна монета од еден долар со портретот на Трамп и зборовите „во бог веруваме“. Монетата е издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Ковачницата соопшти дека специјалната серија монети го отелотворува „духот, гордоста и наследството на една нација што се приближува кон својата историска годишнина“. Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а кеса од 100 чини 154,50 долари. Само неколку часа по почетокот на продажбата, веб-страницата на ковачницата објави дека сите залихи се распродадени.

Монетата е „дизајнирана да ја прослави оваа историска национална пресвртница“, а нејзиниот дизајн „што се случува еднаш во генерацијата“ треба да стане „истакнат додаток на модерните колекции“, додаде ковачницата. Монетите се достапни и преку автомати во продавницата на ковачницата на САД во Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер