Одговор на Канал 5 ТВ на „стигматизирањето“ од страна на АВМУ

Иако само надлежен суд, не само во Македонија, туку секаде во светот, може да просуди дали има или нема говор на омраза, во Македонија тоа си го дозволи АВМУ!

Во продолжение интегралниот текст од одговорот на Канал 5 ТВ до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.



................................................................

Од Трговското радиодифузно друштво КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Скупи бр.145, со ЕМБС-5220793

Скопје, 16.03.2016 година

Предмет: Одговор на известување за констатации од програмски надзор со барање за објава на вашиот web сајт



Почитувани,

Во врска со добиеното известување и констатации од програмски надзор би сакале најпрво да Ве известиме дека Канал 5 Телевизија сериозно и доследно се придржува кон законската забрана за ширење и поттикнување дискриминација, нетрпеливост и омраза врз било која основа и би сакале да изразиме жалење и осуда што Вие како Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе утврдивте дека Канал 5 Телевизија сторила повреда на законската забрана за ширење и поттикнување на дискриминација, нетрпеливост и омраза врз било каква основа!

Со овој Одговор би сакале да ставиме неколку забелешки на Вашиот Извештај за извршен програмски надзор и тоа:
-Првенствено, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Вие како Агенција вршите програмски надзор на програмите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, како и на програмските пакети кои ги реемитуваат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи од аспект на почитувањето на одредбите од овој закон, дозволите, издадените потврди за регистрација, подзаконските акти и другите акти донесени од Агенцијата.
Од друга страна, од анализата на овој Извештај за програмски надзор, кој меѓудругото не потпишан од лицето кое го изработило, и претставува ваш ИНТЕРЕН документ, донесени се констатации, кои повеќе би можеле да се каже дека наликуваат на образложение од судска одлука, иако според наше мислење, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вршејќи го надзорот би можела само да констатира што било емитувано без да донесува заклучок дали Канал 5 има сторено или не ваков вид на повреда.
Имено, со оглед на тоа што станува збор за многу чувствителна тема донесен е посебен закон, Законот за спречување и заштита од дискриминација, чиј пречистен текст е објавен во Службен весник на РМ бр.177 од 14.10.2015 година и согласно кој е формирана посебен орган Комисија за зашитита од дискриминација, која е овластена да постапува по претставка поднесена до неа од страна на лице кое смета дека претрепело дискриминација. Согласно надлежностите на Комисијата утврдени во член 24 од наведениот закон и самата комисија има надлежност да постапува по претставки и по нив да дава мислење и препораки за конкретните случаи на дискирминација и да поведува постапка пред надлежни органи ( судови )поради сторени повреди на овој закон. Доколку констатира дека е сторена повреда, а откако ќе изврши увид во документите и ќе земе изјави, како од подносителот на претставката, лицето против кое е поднесена претставката и од други лица, Комисијата најпрво препорачува начин на отстранување сторената повреда, по што доколку лицето кон кое е упатена претпоставката не ја отстрани истата, може да поведе иницијатива за поведување на постапка пред надлежен орган.

Според тоа, дури и Комисијата како овластено правно лице да постапува согласно овој закон не одлучува дали е навистина сторена дискриминација, а Вие како Агенција согласно приложеното известување и извештај не само што е донесена еден вид на ,,ПРЕСУДА,, со која крајно неосновано констатирате дека Канал 5 има сторено повреда на законската забрана за ширење и поттикнување на дискриминација и говор на омраза, туку и ДИРЕКТНО ЈА СТИГМАТИЗИРАТЕ нашата компанија. При тоа се повикувате на судска практика како од земјата, така и од странство, за што не сте надлежни да го правите, а од друга страна, како што кажува и самата судска практика произлегува дека е многу чуствителна тема, за која дури и во постапката пред суд е тешко да се определи границата помеѓу сторена повреда на законските одредби за дискриминација, наспроти признената слобода на изразување.

Тоа особено се гледа од судот кој сте си дозволите да го донесете во вториот пасус на страна 11 од Извештајот според кој ,,Ставовите што ги изнесува Миленко Неделковски во неколку последователни изданија на неговата емисија ,,Миленко Неделковски шоу,,емитувани на Канал 5 Телевзија, во еден дел претставуват јасни случаи на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, а во некои постои обид те да се затскријат зад навидум разумни и нормални зборови.“ . Со оваа ваша „пресуда“ направивте сериозен прекршок, кој беше основа за превртување на оваа ваша квази –теза од страна на неколку портали!

Од друга страна, со оглед на тоа што станува збор за целосно надворешен проект, Канал 5 се оградува од личните мислења и ставови изнесени во емисијата, па се поставува прашањето од која причина би била повикана на Канал 5, имајќи во предвид дека станува збор целосно надворешен проект за кој и самиот автор, видно од неговите цитати наведени во Вашиот извештај и самиот потврдува дека се негови лични ставови и мислења за определни лица и општествени појави, за кои исто така дали е сторена повреда на законот, би требало да се утврди во соодветна постапка утврдена со закон. Ако се анализира од уредувачки аспект, како што самите констатирате во Извештајот, на Канал 5, зборовите кои се неморални и непримерни ги Канал 5 крајно професионално ги „покрил“ со вискокфрефентен сигнал, со што пред целата македонска јавност покажал и докажал дека не се согласува со термините користени од страна на авторот на оваа емисија.

Според тоа, во поглед на одговорноста би требало И ВИЕ САМИТЕ да се потсетите и да се повикате на ,,Водичот за мониторинг на ,,говорот на омраза,, и самите би требало се повикате на начелото од Препораката бр.R (97)20 на кој се повикувате односно дека ,,Една од најважните разлики кои треба јасно да бидад изразени во националното право и пракса со цел да се направи јасна разлика меѓу одговорноста на авторот на изразите на говор на омраза од една страна, и некава одговорност на медиумите и медимуските експерти кои придонесуваат за ширење на истите, за да пренесуваат информации од друга страна,, што Вие не сте го направиле и сте се впуштиле во одлучување дека Канал 5 шири говор на омраза и поттикнување на дискриминација, што повторно беше злоупотребено од одредени правни и физички лица за стигматизирање на нашата компанија!

Како крајно непрофесионален е ставот на Агенцијата во кој , неосновано тврдите дека Канал 5 не го емитувала демантот во ОРИГИНАЛ. Доколку го прочитате демантот , кој е прикаќен за ова писмо ќе забележите дека воопшто не се изменети зборовите / термините кои се употребени во демантот, со што уште еднаш се потврдува површноста при изработката на овој , наречи Писмен Извештај.
Како Директор на АВМУ, бараме да ни бидат предочени имињата на оние кои го подготвиле овој скандалозен Писмен Извештај, за да можеме соодветно да реагираме пред соодветните институции, и истовремено бараме овој наш одговор да биде објвен и на вашата WEB страна.

За крај, уште еднаш ја повторуваме нашата заложба за почитување на сите граѓани на нашата држва без разлика на нивната сексуална, партиска, политичка или било каква друга определба, и никогаш нема да дозволиме некој наш вработен или некое трето лице , во наше име, тоа да го злоупотреби.
Ја користиме оваа прилика и ве известуваме дека го контактиравме авторот на оваа емисија, г-динот Миленко Неделковски, и му предочивме доколку се повторат овие „спорни“ вербални моменти, Канал 5 ќе го раскине договор за емитување на оваа емисија на нашата програма.

Со почит,


КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје
















Дневен хороскоп за 2. мај 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 2. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации.

Кариера

Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на чист воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо.

Кариера

Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте.

Кариера

Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Здравје и совет

Изолирајте се во мир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции.

Кариера

Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата.

Кариера

Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате.

Здравје и совет

Внимавајте на вируси.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива.

Кариера

Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито.

Здравје и совет

Медитирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро.

Кариера

Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели.

Здравје и совет

Останете доследни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате.

Кариера

Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин.

Здравје и совет

Избегнувајте колачи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица.

Кариера

И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно.

Здравје и совет

Здравјето ви се подобрува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се.

Кариера

Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа.

Здравје и совет

Непостојаност во навиките.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете.

Кариера

На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи.

Кариера

Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат.

Здравје и совет

Ги победувате грижите.

Стручњаците за врски откриваат три клучни чекори за пронаоѓањето сродна душа

 Љубов после 50-тата година...

Кога станува збор за романтичните врски, психолозите истакнуваат дека трпението е една од важните ставки.

По неколку неуспешни врски и познанства, многумина дури и во своите 20-ти или 30-ти години помислуваат да се откажат од потрагата по сродна душа, бидејќи, како што велат, доживеале премногу разочарувања. Иако многумина се исплашени од помислата да започнат одново нова романса, психолозите тврдат дека никогаш не е доцна, па дури и дека некои од нив љубовта на својот живот ја пронашле после петтата деценија.

Стручњаците за врски, наместо тоа, советуваат да прифатите дека новата врска е на повидок. Тие за сите што се во средни години откриваат како да ја пронајдат својата љубов после 50-тата година.

Прифатете го самооткривањето

Средните години и животот после педесеттата е период кога сите имаат некое животно искуство, кои може да им послужи како моќно оружје во пронаоѓањето нова љубов, наведува „Psychology Today“. Не гледајте на вашата возраст како ограничување, туку гледајте на тоа како предност и позиција која ви овозможува појасно разбирање на вашите желби, вредности и приоритети.

Психологот Џефри Бернштајн објаснува како имал клиентка која се развела на 55-годишна возраст. Секогаш приоритет давала на кариерата и децата, и дека конечно решила да се поврзе со себеси. Се посветила на своето хоби кое долго време го запоставувала, се справувала со траумите од минатото и размислувала за лекциите што ги научила од претходните врски.

Преку процесот на самооткривање, таа стекнала чувство на самодоверба, што на крајот го отворило патот кон поисполнет однос со нејзиниот партнер, кој ја ценел таква каква што е.

Негувајте автентични врски

Младешката љубов вирее на импулсивна страст, додека зрелата љубов бара компатибилност, споделување заеднички вредности и меѓусебно почитување. Ова бара подготвеност да бидете ранливи и отворени во новата врска, дури и по цена да излезете од вашата комфорна зона.

Друг клиент, 62-годишен вдовец, како што објаснува психологот, се помирил со осаменоста по смртта на својата партнерка. Меѓутоа, по година и пол психологот го охрабрил да се отвори за запознавање партнерка онлајн.

На овој начин, тој изградил вистински врски со потенцијални партнерки, вклучувајќи се во разговори и споделувајќи ја својата страст и ранливост. Ваквата неговата автентичност одекнала кај Сузан, која била разведена и минувала низ слични компликации при забавувањето. Нивната врска подоцна се развила и била исполнета со разбирање и дружење, што довела до исполнет однос изграден на доверба и искреност.

Бидете трпеливи

Иако потрагата по љубов во вашите 50-ти може да изгледа како трка со времето, влегувањето во врска од очај може да доведе само до поголемо разочарување. Прифаќањето на моќта на трпението им овозможува на повеќето да веруваат во својот „тајминг“ - дека вистинската личност ќе се појави во вистинско време.

Психологот го навел примерот на еден од неговите клиенти кој се развел на 56-годишна возраст. Неуспешно барал љубов и бил исфрустриран од недостатокот на успех. Потоа решил да се повлече и да се посвети на негувањето пријателства и обновувањето на својата страст. Стекнал внатрешен мир, а новата љубов дошла кога најмалку очекувал - на локален час по уметност. Таму ја запознал својата сегашна партнерка, со која развил длабока врска.

притисни ентер