Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
МакедонијаОдгледувачите на свињи од Малешевијата ќе протестираат поради најавената депопулација Одгледувачите на свињи од Малешевијата најавија протест поради, како што велат, најавата за депопулација на свињите. Протестот, информираа денеска организаторите, ќе се одржи утре на регионалниот пат Берово – Виница пред споменикот во село Смојмирово. -Одговорно тврдиме дека во Малешевијата нема африканска чума и не може никој со сила да ни нареди да ги угинеме или да ни ги одземат свињите. Доколку има африканска чума, тука на овие простори слободно нека ни ги одземат свињите и не треба да не обештетат. Затоа на протестот ги покануваме ветеринарните инспектори од АХВ, како и градоначалниците на Берово и Пехчево џс ци слушнат нашитр бараеа, со цел ова да се реши на најдобар можен начин, велат организаторите. Според нив, одлуката за депопулација треба да се поништи за да не се случи најавеното насилно уништување на свињи. -После мирниот протест во среда, доколку не се исполнат нашите барања и не се смени одлуката, ќе ја блокираме цела Малешевија, со организирање на поголем штрајк и блокирање на патните правци на месноста Преведена, Обозна и кај селото Панчарево, 24 часа без прекин, посочија организаторите. За најавениот протест одгледувачите на свињи од Малешевијата се повикуваат на решението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство во кое според нив стои дека во сите одгледувалишта со висок и среден ризик, како и во комерцијалните одгледувалишта со низок ризик кои имаат 10 и помалку крмаци кои се наоѓаат во 3 и 10 километри радиус околу големите комерцијални одгледувалишта (во кои спаѓа и свињарската фарма во селото Смојмирово во Берово), ќе се изврши депопулација со економско искористување на свињите. Во зоната од три километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до денес, додека во зоната од 10 километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до 20 октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook