Одермат со победа ја заврши 2023 - Канал 5

Одермат со победа ја заврши 2023

Последната трка од Светскиот куп во алпско скијање во машката конкуренција во 2023 година заврши попладнево со триумф на Швајцарецот Марко Одермат на супервелеслаломот во Бормио.

Одермат со победа ја заврши 2023

Одермат триумфираше пред Австриецот Рафаел Хасер и Норвежанецот Александр Амот Килде.

За швајцарскиот скијач ова беше 28 победа во Светскиот куп, четврта оваа сезона и 11 во супервелеслалом.

Одермат сега води во генералниот пласман со 636 бодови, 172 повеќе од второпласираниот Австриец Марко Шварц, за кого сезоната предвреме заврши откако вчера ги повреди предните вкрстените лигаменти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Министер за полиција ќе ја проверува водата?

Каде е министерот за здравство Клековски?

И тој е на екскурзија како Мицкоски?

Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода.

Што работеа досега?

Зошто дури сега најавуваат анализи?

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски.

Нема официјален документ.

Нема потпис.

Никој не сака да преземе одговорност.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија.

Повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - водата не е за употреба, ниту за капење.

Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија.

Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски.

Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против:

• Христијан Мицкоски

• Сашо Клековски

• Паче Тошковски

За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер