Одделот за неврологија во гостиварската болница се отвора за болни од Ковид

Зголемениот број на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион ја принуди управата на болницата „Ферид Мурад" да ги зголеми капацитетите за сместување на болни од Ковид19 на одделот за неврологија. 

На располагање ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

– Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од вирусот Ковид 19 во Гостивар и пошироко денес на 27.11.2020 година, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како центар на Ковид 19 да биде и одделот за неврологија. Од денес во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момент ќе бидат на услуга на пациентите, стои во соопштението од болницата.

Освен на инфективното одделение, поранешната хемодијализа, од минатата недела, пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.

Во текот на вчерашниот ден по извршените тестирања, во гостиварскиот регион од почетокот на пандемијата беа регистрирани рекордни 94 случаи на Ковид-19, а 52 за оздравени.

Покрај апелот за почитување на мерките, од болничката управа посочуваат на важноста да не се прават посети на болните кои лежат на одделенијата.

– Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти. За специјалистички-консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаи да се бараат болнички услуги. Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава се од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството, се наведува во соопштението.

Еве со што се хранат тибетските монаси (фото)

Која храна е клучна за младоликост и здравје на организмот?

Тибет е регион во централна Азија кој се наоѓа на Тибетската висорамнина. Традиционално, неговата територија била поделена на провинциите У-Тсанг, Кам и Амдо. Во различни периоди од историјата, тој бил или независна држава, или територија во рамките на Монголската империја или вазална земја на Кина. Дури во 1984 година Тибет беше отворен за оние што сакаат да се нурнат во атмосферата на оваа древна култура и да ги допрат нејзините тајни.

Тибет отсекогаш привлекувал со својата мистерија. Младешкиот изглед на тибетските монаси е нешто кон кое се стремат милиони луѓе ширум светот. Нивниот душевен мир е нешто на кое сите се восхитуваат. Со децении проучувајќи ги нивните навики, исхрана и начин на живот, луѓето се обидуваат да проникнат во тој еликсир на младоста. Тоа всушност не е никаква мистерија, туку прилагодување на животот во хармонија со природата.

Младоликоста на тибетските монаси главно зависи од правилниот внес на храна. Тие ги пресметуваат порциите, секој според своето тело, земајќи ја предвид висината и тежината. За нив најважно е да не се прејадуваат, бидејќи тогаш може да се појави проблем како вишок килограми и метаболички нарушувања. Во исхраната, тие претпочитаат нискокалорична храна богата со витамини. Исхраната во манастирот е аскетска: претежно јадат ориз и зеленчук со тибетски леб. Главен напиток на монасите е тибетскиот чај во кој се додава сол и млеко. Тој рецепт е стар повеќе од 1.400 години и без разлика на неговиот специфичен вкус, тој е многу хранлив и совршено ја гаси жедта.

Тибетските монаси го започнуваат денот во 6 часот наутро. Главен ритуал по спиењето е искачување на врвот на падината, каде се поздравуваат со сонцето и читаат молитви. Потоа следува полевање со ладна вода и физички вежби кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Откривањето на можностите на човечкото тело и процесите што се случуваат во него се составен дел од знаењето на источните аскети. Едно од правилата до кои се придржуваат е тоа што месото не го мешаат со храна која има високо ниво на јаглехидрати. Од научна гледна точка, таквата храна се вари многу долго, па комбинацијата на таквите состојки во една порција ќе биде доста енергична за телото, што последователно доведува до прекумерна поспаност и зголемување на желудникот.

Ова се знаци за емоционално занемарување кај децата – тврдат психолозите

Емоционалното занемарување во детството вклучува занемарување и отфрлање на некои или на сите емоционални потреби на детето, без разлика дали се работи за намерни или целосно ненамерни постапки.

Исто така, ваквото занемарување може да се манифестира на неколку различни начини. Некои родители можат да обрнат внимание на одредени емоционални потреби кај детето, но не и на некои други, додека други знаат целосно да ги игнорираат емоционалните потреби на своето дете.

Општо земено, емоционалното запоставување во текот на детството вклучува невнимание на емоционалниот развој на детето и може да има краткорочни, но и долгорочни последици, пренесува „PsychCentral“. Како што објаснуваат психолозите, понекогаш не е толку тешко да се препознае дека детето е емоционално запоставено, а знаците кои укажуваат на тоа најчесто се следните:

- недостаток на самодоверба

- социјално повлекување

- емоционална нестабилност

- тешкотии во контролирање на емоциите

- предизвици во создавање и одржување на односи со врсниците

- однесување несоодветно за возраста на детето

- депресија

- анксиозност

Од костенлива својата коса ја офарба во руса – прамен по прамен почна да паѓа (видео)

Мекензи е 22-годишна тиктокерка и љубител на шминка и фризури, па честпати со своите придружници споделува совети или искуства поврзани со убавината.

Во еден момент таа посакала да експериментира и да проба избелување на косата во домашни услови, па решила да ги сподели резултатите со своите следачи. Откако го испробала тестот за бојадисување на нејзината костенлива коса во руса, таа е во шок од пребразбата што ја доживеала.

Објавата во која таа го прикажува својот „експеримент“ ја опишала како: „мојата кутра коса“.

Еве што доживеа нејзината коса по белеењето.

Со помош на тест при кој се извлекуваат прамени за да се процени опаѓањето на косата, Мекензи решила да види каква состојба ќе биде нејзината коса по фарбањето. Доколку паднат повеќе од шест прамени при тестот, тоа се смета за големо и активно губење на косата. Оваа млада тиктокерка наместо нежно да се повлече, зграпчува огромно парче коса кое потоа ѝ паѓа.

Една корисничка на Тикток ја прашала зошто ја влече косата додека ја избелува, а Мекензи одговорила дека тестот го направила како што ѝ било советувано. Мекензи признава дека е разочарана и дека целата ситуација ја растажила.

Таа призна дека ќе ѝ биде потребна помош за да ја среди целата работа, но изразила оптимизам дека косата брзо ѝ расте, па и штетата брзо ќе се санира.

@makenziexxh My poor hair🥲🙃😭 #bleachfail #hairfallout #gummyhair #hairfails #fyp #bleach #hair #goingblond ♬ Oh No - Kreepa
притисни ентер