Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса - Канал 5

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка Коса крај Пожаревац почит на 1.295 загинати Македонци во Првата светска војна, припадници на Вардарскиот баталјон.

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

По комеморативниот собир, Македонците изразија благодарност до месната заедница Костолац за одржувањето на поменот за загинатите Македонци од Вардарскиот батаљон во Првата светска војна во битката кај месноста Костолачка Коса.

-И годинава на 15 ноември во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград ја одржуваме традиционалната коменморација во Костолачка Коса со помен за вечен спомен на 1.295 загинати од 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон кој учествуваше во војската на кралството Србија во првата светска војна...полагаме цвеќе полагаме и во с.Петка каде младите војници од Македонија од тој баталјон престојувале една година.... Македонската заедница во Србија побара претседателот и владата на Србија да издадат потребни дозволи за изградба на споменик во Косотолаачка Коса и во село Петка за вечен помен и спомен на Македонците во Првата светска војна, нагласи Лидија Демниева претсетдаел на македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

На настанот беше прочитано и писмо упатено од Светскиот македонски конгрес.

-Настаните од 1915 година трајно се врежани во меморијата на жителите на Стар Костолац, Петка и Нови Костолац и на Македонците во Србија.Македонците во светот заедно со вас се и во ова чествување на Вардарскиот баталјон во војската на Србија во Првата светска вијна. И со денешнава комеморација, иницијативата на македонскиот сенатор Гојко Илиевски и на Македонската заедница во Пожаревац таа вистина се потврдува. Првата светска војна како и Балканските војни оставија длабоки траги во македонското национално ткиво, наведе во поздравната телеграма претседателот на Светскиот макеоднски конгрес, Тодор Петров.

Вадрадрскиот батајлон со вкупно 1.300 Македонци бил формиран во Кралството Србија со мобилизација во тогашна Јужна Србија. Во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во состав на српската војска, загинале 1295 од нив.Вардарскиот баталјон имал вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието, Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион.

Во одбрана Смедерево, Гроцка и Белград загинале 473, 627 од Македонците во тој баталјон загинале на Костолачка Коса. Од тој баталјон само петмина македонски војници ја преживеале Првата светска војна. Останатите загинале при заштитата на српската војска која се повлекувала кон Пеќ и Албанија.

Пред неколку години поднесено е барање од македонското здружение во Белград, „Кочо Рацин“ да се подигне споменик во с. Петка за Македонците - борци за Кралството Србија загинати за време на Првата светска војна.Барањето било поддржано и од Светскиот македонски конгрес и од нив исто така упатено на адреси кај властите во Србија.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за тие храбри Македонци, свежо цвеќе положија и Македонци од Србија, од македонската амбасада во Белград и од македонската политичка партија Левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

По неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.

 Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit.

Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот.

Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал.

Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони.

Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли.

Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови.

Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија.

Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна.

Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)

Еден татко го доживеал најголемиот ужас во животот додека шетал со своето дете: човек со TikTok профил @lgbenito снимил авантура во која неговото дете и кучето шетале по една од патеките, кога неговиот мал син, кој радосно трчал, згазнал на ѕвечарка.

Татко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)

За среќа, змијата не го нападнала детето и сè завршило добро, но застрашувачкото видео сè уште е на мрежите.

Таткото признал дека овој момент бил пострашен отколку кога речиси се удавил. Оваа ситуација можела да се одвива многу поинаку, а неговиот син имал голема среќа. Змијата се нашла на погрешно место во погрешно време, кучето не ја забележало, а момчето само се однесувало како дете, бркајќи го своето куче. Ова е најлошиот кошмар на секој родител и за среќа завршило без последици.

@lgbenito

Scarier than when I almost drowned.

♬ swing lynn - lovdfilmz

Во регионите каде што живеат ѕвечарките, населението обично ја слуша оваа змија пред да ја види. Ѕвечарките користат „ѕвечка“ на крајот од опашката за да ве предупредат да не им се приближувате. Сепак, овие змии понекогаш го игнорираат предупредувањето и напаѓаат без него. Ако забележите ѕвечарка, застанете и гледајте ја, пуштете ја или полека повлечете се, пишува Pethelpful.

Никогаш не ѝ вртете грб на змија додека не се оддалечите најмалку два метра. Ѕвечарките можат да нападнат од околу една третина до две третини од должината на нивното тело. Ако забележите ѕвечарка во вашиот двор и имате деца и домашни миленици кои поминуваат време надвор, јавете се на професионалец за безбедно да ја отстрани змијата од вашето подрачје. Змијата секогаш може да си замине сама, но подобро е да бидете безбедни отколку да се каете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца се уапсени во Лондон- осомничени се дека биле ирански шпиони

Две лица се уапсени во Лондон под сомнение за помагање на иранската разузнавачка служба, соопшти Метрополитен полицијата.

Двајца се уапсени во Лондон- осомничени се дека биле ирански шпиони

Жена (42) и маж (60) се уапсени и однесени на адреси во Лондон. Операцијата ја спроведоа полицајци од лондонската единица за борба против тероризмот како дел од истрагата за сомнителни кривични дела според Законот за национална безбедност (NSA), како што објави Скај њуз.

Апсењата следат по претресите на адреси во северозападен Лондон на 24 јуни. По нивните апсења, трет имот во областа беше претресен од полицијата на 9 септември.

Двајцата шпиони се обвинети за кривично дело според Член 3 од Законот за национална безбедност на Велика Британија од 2023 година, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

Осомничените беа одведени во полициска станица во Лондон, а подоцна ослободени со кауција со строги услови. Тие треба да се појават на суд кон крајот на октомври.

Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со серија напади претходно оваа година врз локации и објекти поврзани со Евреи и Иран низ Лондон. Командантката Хелен Фланаган, началничка на единицата за борба против тероризмот во Лондон, изјави дека полицијата ги разбира загриженостите на јавноста во врска со апсењата, но нагласи дека нема причина да се плаши од непосредна опасност.

„Не веруваме дека постои непосредна закана за пошироката јавност во врска со овој инцидент“, рече Фланаган.

Таа додаде дека има значително зголемување на полициската активност во текот на изминатата година поврзана со националната безбедност и заканите што доаѓаат од странски земји.

„Доколку се сомневаме дека каква било активност може да ја загрози безбедноста на Обединетото Кралство или јавноста, нема да се двоумиме да преземеме мерки“, рече Фланаган.

Фланаган, исто така, потсети дека нивото на терористичка закана во Обединетото Кралство останува „сериозно“ и ги повика граѓаните да бидат внимателни и да пријават сè што изгледа сомнително на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер