770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
1770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
3Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
МакедонијаОдбраната на Васев ги оспорува вештачењето и лиценцата на вештакот од СловенијаВештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев.Вештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го имаат изработено вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, заедно со асистентката Јасмина Јордан, од истиот факултет. На прашање од адвокатот Боби Спирковски, бранител на Нино Васев, дали и од кога докторката Маја Равник има валидна лиценца за вештак во Словенија, таа рече дека била именувана за вештак со одлука на Комисијата за судаки вештачења при Медицинскиот факултет во Марибор, што правно гледано е еднакво како и кога би била овластен судски вештак, што, како што рече, не е, нагласувајќи дека за тоа била информирана Северна Македонија. - За толку сложен и тежок предмет не сум соработувала, како што можам да кажам, ниеден мој соработник. Сум имала вештачења и сум давала мислења исклучиво во Словенија - изјави Равник. На прашање од одбраната зошто во вештачењето не дава податок кој доктор, кога и со кој документ ја препишал конкретната терапија, со оглед дека врз основа на тоа треба лицето што направило пропуст да биде осудено, Равник рече дека во своето вештачење „според моја добра совест можев да дадам мислење дали лекувањето било во согласност со добрата клиничка пракса“. - Точно е дека во наодите не гледав кој е потпишан, иако сега по сеќавање можам да тврдам дека во документацијата на ист ден беа забележани податоци од разни доктори. Ако е тоа важно, можам да го дополнам - појасни сведокот. На прашање врз основа на што тврди дека терапијата мора да биде во согласност со европската пракса, сведокот рече дека во добрата онколошка пракса протоколите се важни за добро лекување на пациентите. - Во протоколите е унифицирано како онколозите да пристапат кон лекувањето. Во протоколите се сите пракси во кои со студии е докажано дека е ефикасно и безбедно кај одредени онколошки пациенти. Тоа се правила на лекување, кои важат за сите онколози во светот и Европа и своето мислење го дадов врз основа на тие правила - изјави сведокот. За тоа дали се запознала со протоколите во Македонија, Равник рече дека не се согласува со мислењето дека европските протоколи важат само за ЕУ бидејќи се исти како и протоколите и насоките на ниво на цел свет. - Дозволувам минимални разлики при државните протоколи, кои може да се однесуваат на националните пракси, но стручно не смеат да ја заобиколат со докази поткрепената медицина. Затоа тврдам дека земајќи ги предвид меѓународните протоколи, праксата не би смеела да отстапува од тие правила, изјави сведокот. За тоа дали пред да го изготви вештачењето им бил доставен протоколот за лекување од Министерството за здравство на Македонија, сведокот рече дека не ги добила националните протоколи. -Но, како што кажав националните протоколи секогаш се во согласност со европските и светските протоколи. Затоа наводите што ги дадов за неиндицирано лекување, тоа е неиндицирано лекување како во Македонија, така и во Словенија и било која држава, бидејќи се темели на докази и докажани различни медицински студии, што значи со докази поткрепена медицина, изјави сведокот. На прашање од одбраната дали ЕСМО насоките се задолжителни или едукативни, Равник кажа дека се задолжителни, а истовремено и едукативни. -Во Словенија е исто. Најпрво што мора да провериме е националните насоки, кои пак, секогаш се во согласност со европските, односно светските протоколи. Уште еднаш потенцирам дека и националните протоколи мора да се темелат на медицина базирана на докази, изјави сведокот. Во однос на околностите дека протоколите се живи и се менуваат на пола до една година и дали во вештачењето се воделе од протоколите во 2025, а се однесуваат на лекување на пациенти во 2018 година, таа посочи на кои протоколи се повикувала и кога биле ажурирано се гледа од секој запис, нагласувајќи дека ги земала во предвид актуелните во време на издавање на вештачењето. -Насоките не се менуваат така, како што сега се разбира. Не значи дека во онкологијата на половина или една година сосема се менува пристапот кон лекување на пациентите болни од карцином, туку се дополнуваат во одредени сегменти и каква била промената е точно објаснето. Што значи во протоколите не се негираат одредено со докази поткрепено лекување, туку го дополнуваат со дополнителни докази. Затоа е точно тоа што беше кажано дека се живи протоколи, изјави сведокот. Прашана за дискреционото право на лекарите што лекуваат да поставуваат дијагноза, сведокот рече дека онкологот што го лекува пациентот секако најдобро го познава тој пациент и може да знае дали одреден лек ќе има ефект, но ако е надвор од протоколите тоа мора да биде јасно наведено и поткрпено со конзилијарно мислење. Одлуката на конзилиумот, како што нагласи сведокот, е обврзувачка за онкологот. -Директната одговорност за лекувањето ја презема оној што го препишува лекот, но одлуката на конзилиум не е таква што се заобиколува. Ако се советува одредени лекување, на онкологот останува на кој начи и доза тоа ќе биде направено, односно ако пациентот го одбие, тоа му се објаснува и заедно одлучува. Сепак, мислењето на конзилиумот е таа рамка во која се движи, изјави сведокот. Во однос на стручноста, Равник на почетокот нагласи дека во текот на 2011 го положила европскиот испит за интернистичка онкологија, во 2012 положила специјалистички испит од интернистичка онкологија и од тогаш работи на Клиничкиот центар Марибор како прв онколог, а од 2016, кога е формиран одделот, е началник на одделот. Од 2022 година е национален координатор за специјализација во Словенија. Одбраната на Нино Васев, на почетокот на неделата до Судот достави вешт наод и мислење од вештото лице Владимир Даниловски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. За сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава. Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози - Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во МакедонијаФондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност, која ја спроведува Македонија2025. Оваа година 52 студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје добиваат финансиска поддршка за своето високо образование. Тие се приклучуваат кон заедницата млади таленти што се издвојуваат со академски успех, посветеност и потенцијал. Фондацијата е основана во 1977 година од Атанас и Славка Близнакоф, а програмата се темели на нивното филантропско наследство. Од 2021 година Македонија2025 е партнер на Фондацијата и ја спроведува стипендиската програма во Македонија. Таа го организира годишниот отворен повик и обезбедува континуирана поддршка за стипендистите. 770 стипендии и инвестиција од 1.925.000 американски долари Од 2021 година до денес, Фондацијата има обезбедено 770 годишни стипендии во вкупна вредност од 1.925.000 американски долари. Во академската 2026/2027 година таа истовремено поддржува пет генерации стипендисти, со вкупно 151 стипендија во вредност од 377.500 американски долари. Ова е најголемиот број активни стипендии во една година од почетокот на програмата. Повеќе од финансиска поддршка: долгорочна посветеност кон младите таленти Програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност се темели на уверувањето дека образованието е една од најзначајните инвестиции во долгорочниот развој на општеството. Особен приоритет при доделувањето на стипендиите имаат студентите од социјално ранливи семејства, за финансиските ограничувања да не бидат пречка за нивното образование. Покрај финансиската поддршка, стипендистите добиваат можности за менторство, развој на практични вештини и професионално вмрежување преку активностите на Македонија2025. Тие стануваат дел и од заедницата на сегашни и поранешни стипендисти, која поттикнува меѓусебна поддршка и долгорочна соработка. Така влијанието на програмата продолжува и по завршувањето на студиите. „Особено сме горди што нашата поддршка продолжува да расте и што оваа година достигнуваме рекорден број активни стипендии. Веруваме дека финансиската состојба не треба да го определува образовниот и професионалниот пат на еден млад човек. Нашата цел е младите да веруваат во сопствениот потенцијал и еден ден и самите да создаваат можности за следните генерации“, истакнуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Македонија2025 изразува искрена благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за довербата и континуираната посветеност на младите таленти во Македонија. На сите 52 нови стипендисти им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешни студии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ! Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода. ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист! Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook