МакедонијаОдбраната на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, бара тој да биде пренесен во затворот во Идризово Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово . Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“. Нејзиното барање беше и во насока на тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, како и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција. Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот од денешното судење побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште. Судот го одби ова барање со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува. - Јавното обвинителство е самостоен орган и судот не може да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение не мешајќи се во работата на ЈО, како и од причини што нема увид во другото обвинение и во овој момент и да го има, не може да врши споредба - рече судијката Дијана Груевска-Илиевска. Според Шилегов, обвинението против дел од обвинетите, вклучително и Шефкет Хазари, е правно неодржливо бидејќи тие немале законска надлежност за инспекциски надзор нагласувајќи дека „правдата не смее да се гради врз неправда“. Судењето продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. По нејзиното сведочење, предвидено е да се сослушаат уште четворица други сведоци. На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита. За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Судењето ќе го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаДијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во ВолонгонгГолем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот. Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба. Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски. На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни. Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението. По Литургијата беа осветени славските колачи. Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн. А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина. По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите. Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува. Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија. Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски. Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци. На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија. Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина. По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа! За многу години празникот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44