МакедонијаОдбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти.На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“. Бранителот на единаесеттообвинетиот Николчо Илијев (градоначалник од 2017 до 2021 година), адвокатот Синиша Станковиќ, во воведен говор рече дека смета оти од непознати причини е спроведена нецелосна истрага и не е обезбеден ниту еден факт против Николчо Илијев. -Постапката се води три и пол години по престанок на неговиот мандат. Никој и никогаш не го известил за кабарето или пак имал контакт со сопственикот. Советот на Општина Кочани никогаш не е известен за измена на Деталниот урбанистички план за предметниот објект. Никаков контакти за предметниот објект немал ниту додека бил, ниту откако му престанал мандатот, изјави Станковиќ. Се ова, посочи Станковиќ, ќе биде докажано на расправата и обвинетиот ќе докаже дека во времето додека бил градоначалник постапувал согласно закон и прописи. -Обвинетиот Николчо Илијев не повредил ниту една императивна норма во вршење на функцијата градоначалник и не ја злоупотребил во ниту една форма својата позиција. Ваквите факти исклучуваат секаква можност за било какво соизвршителство во било кој правец и временски период. На 16 март Николчо Илијев загуби роднини и пријатели и уште еднаш изразува сочувство на семејствата на жртвите и побрзо закрепнување на повредените. Затоа одбраната бара Обвинителството да го повлече обвинението против Николчо Илијев, изјави Станковиќ. На денешното рочиште за случајот во кој е обвинет и поранешниот градоначалник Љупчо Папазов (на функција од 2021-2024), неговиот адвокат Мите Левков изрази сочувство за жртвите и нагласи дека процесот е обележан со немерлива трагедија, но и дека мора да се почитува пресумпцијата на невиност. Левков истакна дека правдата за жртвите не значи само осуда, туку вистинска и правична постапка, а неправедно осуден невин човек би претставувал „втора трагедија“. Тој посочи дека пропустите во случајот се резултат на институционални слабости и дека законот бара утврдување на индивидуална вина. Според одбраната, Папазов не презел никакви директни дејствија што довеле до пожарот, а одговорноста за инспекциските надзори и законската регулатива е делегирана на стручните служби и инспекторати. -Непостапувањето на господинот Папазов како градоначалник не претставува никаква, а најмалку примарна и директна причина за настанатата катастрофа. Градоначалникот не поседува знаење ниту овластување ад хок да утврдува недостатоци во објектот, туку е зависен од информациите и извештаите на стручните служби. Тој не е градежен, пазарен или инспектор за противпожарна заштита, рече тој. Обвинетиот Љупчо Папазов изјави дека на критичниот ден ја мобилизирал општинската администрација и себе и да се стави на располагање на надлежните служби, а од човечки аспект поднел оставка од морални причини. Тој додаде дека во судницата ќе бидат изнесени аргументи и факти кои ќе бидат патоказ кон утврдување на вистината. -Сакам, придружувајќи се кон воведниот говор на мојот бранител, сакам да констатирам дека во оваа судница ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да му се допаднат некому но ќе бидат првиот чекор или првиот патоказ дека сте на вистинскиот пат кон утврдување на вистината, рече тој. Претходно, одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа. Димитровски, Илијев и Папазов, се обвинети дека свесно и континуирано не постапувале согласно законските прописи за заштита, урбанистичко планирање и инспекциски надзор. Иако знаеле дека објектот Кабаре Клуб Пулс е небезбеден и не исполнува законски услови за угостителска дејност, не презеле мерки за утврдување неправилности, санкционирање или затворање на објектот. Според обвинителниот акт, тие не наредиле инспекциски надзор, не изготвиле програми и планови за работа на инспекторите, ниту ги известиле надлежните институции за незаконитото работење на објектот. Објектот немал одобрение за реконструкција, пренамена или употреба, ниту функционален паркинг, што создавало ризик за живот и здравје на посетителите и го попречувало пристапот на противпожарни возила. Па така, со непостапување според Законот за локална самоуправа, Законот за градење, Законот за инспекциски надзор, Законот за заштита и спасување и Законот за угостителска дејност, овозможиле на обвинетите Дејан Јованов и Гроздан Милковски незаконито да вршат угостителска дејност и да плаќаат надоместок, иако објектот фактички работел како диско клуб, а не како кабаре. Според обвинението, обвинетите биле свесни за можните штетни последици, но се согласиле со нивното настапување. Судењето продолжи со воведни зборови на Јане Јанчевски, директор на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаШефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилотСледниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон. Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година. Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP). Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година. „Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“. Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи. „Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит. Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони. Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина. „Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство. Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции. Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“. За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја. САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони. Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка. Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКим Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации. Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон. За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации. Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизЏенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер.... Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста. За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе. Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката. Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење. Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката. Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter