Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“ - Канал 5

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Од обвинителката беше посочено дека на 8 мај 2025 година е извршено дрско, организирано убиство со логистичка поддршка, свесно и активно.

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Обвинителката од Основното јавно обвинителство во Штип, Билјана Тошева Анакиева на почетокот на судењата за петмината инволвирани во убиството на турскиот државјанини истакна дека ќе докаже дека убиството е сторено на дрзок начин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“-Штип. Таа истакна дека имаат докази за сторените кривичните дела на обвинитетите во овој случај.

Од обвинителката беше посочено дека на 8 мај 2025 година е извршено дрско, организирано убиство со логистичка поддршка, свесно и активно. Првоосомничениот извршител на убиството бил со непријавен престој во државата, со оружје за кое немал дозвола, осудуван во Турција за кривични дела убиство и недозволено држење на оружје. Второ и третоосмничените исто така биле осудувани во Република Турција, а во Македонија се претставувале со лажен идентитет. Затоа Обвинителството побара строга казна за извршеното дело.

Одбраната на обвинетите, пак, во своите воведни зборови побара кривичното дело да се преиначи во „убиство на миг“ и дека се направени пропусти, па затоа побара делото да биде класифицирано како „убиство на миг“. Шенаи Османов бранител на првоосомничениот и четвртоосомничениот изјави дека обвинението е невистинито, со приложени докази за тоа.

-Денеска имавме прилика да видиме добро составено обвинение од страна на ОЈО Штип, но за жал истото не е вистинито. Ние како одбрана увидовме низа на пропусти во обвинението и сметаме дека ОЈО Штип со ваквото обвинение не докажува разумно сомневање. Како одбрана ќе ја докажеме вистината дека ниту убиството е сторено со умисла, а ниту, пак, соизвршителите се помагачи во ова кривично дело, рече Османов.

Тој истакна дека сега убиениот турски државјанин бил познат по своето насилно осудување, закани и уцени кои ги правел кон турските студенти во Штип, а и тој имал лично поднесено кривична пријава против него, но како што тврди Обвинителство не презело ништо.

Првото судско рочиште почна под силно полициско обезбедување, во присуство на роднини на обвинетите во овој случај, кои се дојдени од Турција. Поради големата јавност за овој случај, судењето се одвива во големата судница на Апелациониот суд во Штип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел го откри планот за Украина

Европската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.

Брисел го откри планот за Украина

Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа.

Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија.

Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година.

За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување.

Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза.

Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Демократите побараа од големите американски банки и пристанишните управи да ги зачуваат документите и преписките поврзани со потенцијалниот увоз на руски дизел, пренесува американскиот медиум „Аксиос“.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Доколку партијата ја врати контролата врз барем еден од домовите на Конгресот, истрагата за овој аранжман ќе стане приоритет.

Законодавците сметаат дека ваквиот договор би можел да претставува кршење на забраната за увоз на руски нафтени деривати – воведена во 2022 година – и дека тој, всушност, би можел да помогне во финансирањето на војната против Украина.

Сепак, Министерството за финансии на САД тврди дека договорот е во согласност со законот.

Испратени се дописи до банки, меѓу кои „JPMorgan“, „Bank of America“, „Citi“, „Wells Fargo“, „ Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“, како и до пристанишните управи во Хјустон, Бомонт, Корпус Кристи и Њујорк – Њу Џерси.

Демократите бараат потврда дека документите се зачувани, како и обелоденување на информации за сите потенцијални или веќе реализирани трансакции.

Вреди да се напомене дека американскиот претседател Доналд Трамп најави изненадувачки „договор за дизел“ со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се реши проблемот со вртоглавиот раст на цените на дизелот во САД, пред изборите на средината на мандатот, закажани за 3 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Граѓани вечерва се собраа пред зградата на телевизијата Пинк во Белград, неколку часа откако група демонстранти влегоа во просториите на Информер. Полицијата беше распоредена пред Пинк, а толпата фрлаше јајца кон зградата.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Полициски кордон се повлече од улицата и се распореди директно пред влезот во зградата на телевизијата. Возачите што минуваат покрај толпата свират со своите сирени во знак на поддршка. Досега нема извештаи за граѓани што влегле во зградата на Пинк или за некои поголеми инциденти. Не е објавено колку луѓе се собрале пред телевизијата.

Пинк е еден од највлијателните провладини медиуми во Србија со години. Во својот извештај за 2026 година, Институтот за проучување на новинарството на Ројтерс ги рангира Пинк и Информер меѓу најкористените провладини медиумски брендови.

Податоците од Бирото за социјални истражувања покажуваат и колку Александар Вучиќ бил претставен на Пинк. Од почетокот на јануари до крајот на јули оваа година, тој добил повеќе од 28 часа програма на таа телевизиска станица, а во 74,7 проценти од тоа време бил прикажан позитивно.

Денес, неколку десетици граѓани и студенти се собраа пред редакцијата на Информер, а некои од нив влегоа во зградата и побараа јавно извинување од главниот уредник, Драган Ј. Вучиќевиќ, за начинот на кој медиумот известуваше за студентите, демонстрантите и противниците на владата.

За време на преносот во живо, Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за „криза со заложници“, повика полиција и брза помош и се обиде да го контактира Илија Срдановиќ, првиот на Студентската листа. Протестите пред Информер и Пинк доаѓаат еден ден откако Студентската листа победи на парламентарните избори, а Вучиќ го призна поразот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер