Одбор за акредитација: Поништена акредитацијата за факултетот за здравствени науки во Струга

Одбор за акредитација на високото образование: Поништена акредитацијата на Проектот за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга.

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

-Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Брнабиќ бара одговорност за летот на српската репрезентација со хрватски авион

- Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина.

Претседателката на Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија заминала со хрватски авион и посочи дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се качил во авионот за да ги испрати играчите, бил очаен и лут поради тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека за ова се премолчело и дека било тајна за да не се вознемири нашата репрезентација пред патувањето, како и да не се истакне чија е одговорноста.

Таа изјави дека апсолутно лично очекува да се откријат одговорните за тој пропуст, како и кој е одговорен што српските репрезентативци патувале со хрватски авион и со хрватско знаме.

- Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина. Исто така, кога ќе слета авионот, се гледа „Ер Србија“, тоа е нашата гордост. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се зборуваше за да не ја сменат повторно темата за поддршка на нашата репрезентација и мислам дека тоа беше правилна одлука. Дека ова е срамота, срамота е, а Вучиќ беше очаен поради тоа и очекувам одговорните да бидат идентификувани, порача Брнабиќ.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Габриел Гуалано де Годој, од УНХЦР

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на УНХЦР.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења и информации за досегашната соработка на македонските институции со УНХЦР, при што беше нагласена значајноста на нивната експертиза, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Претседателката Сиљановска Давкова, потсетувајќи на нејзиниот ангажман како пратеник кога активно била вклучена во усвојувањето на законите подготвени со помош на УНХЦР, ја истакна нејзината длабока посветеност кон прашањата за бегалците, осигурувајќи се дека нашата правна рамка е усогласена со меѓународните стандарди. Таа го истакна ставот дека нашата земја ќе продолжи тесно да соработува со УНХЦР за да спасува животи и да гради подобра иднина за луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти, прогонство, климатски вонредни состојби.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство и за интензивната соработка со УНХЦР во однос на прашањето за лицата без државјанство. Во таа насока, претседателката истакна дека измените на Законот за матичните книги и Законот за странци, како и нивната практична примена ја разрешија состојбата на над 700 лица без државјанство и дека очекува во скоро време да станеме првата земја во Европа која ќе го искорени овој проблем, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.

Д-р Игор Стојковски е назначен за нов директор на Клиниката за онкологија

Доктор Игор Стојковски е новиот директор на Клиниката за онкологија, потврди за Канал 5 министерот за здравство Арбен Таравари.

Стојковски доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која месецов и истекол договорот на вд позицијата.

Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа.

Вчера новиот министер за здравство соопшти дека покрај онкологија, нови директори се назначени и на токсикологија и оннкологија, докторите Андон Чибишев и Фатмир Меџити.

Од друга страна се разрешени девет економски директори, раководни позиции на клинички кои новата влада најавува дека целосно ќе ги укине. Меѓу разрешените е и контроверзната директорка на токсикологија Бесија Иљази која ги потпиша спорните 18 договори за вработување, а воедно им забрани на вработените да даваат изјави за медиуми, но и доаѓаше со преведувачка на работа оти не знаеше македонски...

притисни ентер