Одбојкарите на прием во Агенцијата за млади и спорт - Канал 5

Одбојкарите на прием во Агенцијата за млади и спорт

Македонските одбојкарски херои, кои го освоија второто место во Европската лига и го направија најголемиот одбојкарски успех досега, денеска беа на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Одбојкарите на прием во Агенцијата за млади и спорт

Капитенот на репрезентацијата, Никола Ѓорѓиев не го криеше задоволството од постигнатиот успех и посака следните противници да бидат дел од Светската лига, но како што рече, приоритет треба да биде дадено на квалификациите за Европското првенство, каде со добра ждрепка и со полесни противници би успеале да се квалификуваме, за прв пат во историјата, на едно Европско првенство.

Слично мислење и став имаше и најдобриот поентер на Евролигата, Јовица Симовски, кој посака догодина, да имаат одлични настапи и да се надигруваат со сериозни репрезентации во Светската лига и на квалификациите за Европското првенство.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески им го честиташе успехот на одбојкарите и им посака среќа во понатамошниот репрезентативен настап за уште поголеми успеси. На челниците од Федерацијата им порача да го подигнат нивото на организацијата и целосно да се посветат на добро менаџирање на државната репрезентација, што е нивна законска обврска, но и да се потрудат да донесат дополнителни спонзори во овој спорт.

-Агенцијата и понатаму финансиски ќе ја помага и поддржува Одбојкарската федерација, но неопходно е по примерот на останатите добро организирани федерации да се направат напори, менаџментот на Федерацијата да ја доближи одбојката до граѓаните и да обезбеди стабилни извори на финансисрање, истакна Спасески.

Тој порача дека ваквите успеси во колективните спортови се реткост за мала држава како Македонија и посака македонските одбојкарски херои својот ентузијазам и искуство да го пренесат на младите генерации во насока на подигнувањето на Одбојката на висина на која беше некогаш и на која треба да биде и во иднина.

Најголемо признание и сатисфакција е постигнатиот резултат, но оваа генерација има што да каже и во иднина. Тука е секако очекуваната покана за светската лига, а ако тоа не се оствари, репрезентацијата ја очекуваат напорни квалификации за Европското првенство закажани за април и мај, следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути.

За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат.

„Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката.

Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски.

Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски.

Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму.

„И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер.

Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час.

Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. 

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија.

Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди.

„Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата.

Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер