Одбојкарите на Франција ја освоија Светската лига - Канал 5

Одбојкарите на Франција ја освоија Светската лига

Репрезентацијата на Франција го освои трофејот во Светската лига во одбојка, откако рано утрово го совлада домаќинот Бразил со 3:2.

Одбојкарите на Франција ја освоија Светската лига
Бразилците поведоа со 1-0 по 25:21 во првиот сет, следните два им припаднаа на Французите (25:15 и 25:23), домашните одбојкари изедначија на 2-2 (25:22), а во решавачкиот петти сет беше 15:13 за „триколорите“.

Најзаслужен за триумфот на Французите беше Ервин Нгапе со 29 освоени поени.

Нгапе беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Коритиба.

За Франција ова беше втор златен медал во Светската лига.

Во предигра на големото финале, Канада ги совлада САД со 3:1 и го освои бронзениот медал. По сетови: 18:25, 25:20, 25:22 и 25:21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Предложен притвор за осомничен за убиство при семејно насилство во Таор

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ЈО: Предложен притвор за осомничен за убиство при семејно насилство во Таор

На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише.

Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната. На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција.

Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да стори ново кривично дело. Во прилог на ова, обвинителството особено го имаше предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и временски период по настанот во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Елшанска тава

Во понеделник (22.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Христијан Стојовски

„Гответе со Дракче“ - Елшанска тава

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

250 гр. свинско месо (бут)

1 главица кромид

3 чешниња лук

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

200 гр. печурки

1 тиквичка

200 гр. кашкавал

100 мл. бело вино

коцка путер

маслиново масло

сол, бибер, рузмарин, магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар ве поканува на врвна класична музика со Трио Аперто во Археолошкиот музеј

Со поддршка на Општина Центар, во среда, со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј ќе се одржи концерт на класична музика во изведба на Трио Аперто. Влезот е слободен.

Герасимовски: Центар ве поканува  на врвна класична музика со Трио Аперто во Археолошкиот музеј

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбрана програма со композиции од Шостакович, Форе, Цанев, Дворжак, Светиев, Шнитке и други автори, кои ќе ги изведат тројца истакнати македонски уметници: Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано).

„Ги поканувам сите љубители на класичната музика да бидат дел од оваа музичка вечер исполнета со емоции, виртуозност и врвни музички остварувања. Продолжуваме да ја поддржуваме македонската културна сцена и да реализираме квалитетни културни настани достапни за сите граѓани“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Трио Аперто е една од ретките камерни формации во земјава составена од две виолини и пијано. Ансамблот има богата концертна дејност со бројни настапи низ Македонија и во странство и е препознатлив по своите интерпретации на дела од светската класична музика и современото македонско творештво.

Концертот е дел од програмата на Општина Центар за 2026 година, со кој воедно се одбележуваат 50 години од локалната самоуправа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер