Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси - Канал 5

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси

Еден век инсулин, односно сто години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот е годишниот мотив за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот. 

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК вечерва организираше настан на кој го одбележа 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

– Имајќи предвид дека дијабетесот зазема се поголеми размери и се повеќе ги напаѓа децата, само зголемувањето на свеста и актуализирање на проблематиката не е доволно. Пандемијата за жал покажа дека меѓу најранливите категории се лицата со дијабетесот. Потребно е како општество да ги ангажираме сите ресурси и потенцијали во справување со дијабетесот, изјави претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во своето обраќање.

Пендаровски посочи дека е императив треба да биде набавката на сите уреди што им помагаат на луѓето со дијабет да живеат и да функционираат нормално. Тој додаде дека не смееме да доцниме зад светот и да дозволиме децата да немаат пристап до современи и иновативни терапии, како и кон медицинско технички системи, како што се системите за континуирано следење на ниво на шеќерот во крвта, можност што им е понудена на децата во Европа и регионот.

Министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање истакна дека од голема важност е да се унапреди животот на пациентите кои имаат дијабет.

– Во изминатите години напорно работевме во делот на иновативна терапија, инфраструктура во болниците и технолошките пронајдоци што ќе го олеснат животот на овие пациенти. Со измена на Законот за увоз на лекови, се укина Законот за паралелен увоз на лекови, со што престанаа да се носат инсулини на непроверен и несоодветен начин од Турција, вели Филипче и додава дека по примерот на најразвиените земји, сега ги имаме најсовремените инсулини, така како што пациентите заслужуваат.

Филипче истакна дека Министерството за здравство ја унапреди и програмата, со што се донесоа три нови инсулини и два нови препарати, со коишто полесно и во помала доза ја контролираат гликемијата, но и го зголемуваат квалитетот на животот на пациентите со дијабет.

– Целосно е реновирано Одделението на Ендокринологија, реновирани се и отворени се нови амбуланти, имаме и постапка за најсовремените сензори за мерење на гликемијата што значи дека децата нема потреба да се боцкаат, туку електронски ќе ја мерат гликемијата, со што значајно го олеснува мониторингот на нивото на шеќер во крвта, појасни министерот.

На настанот се обратија и Зорица Наумовска, вонреден професор на Факултетот за фармација, Диме Велев, претседател на СЗДМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија) и Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија.

Во рамки на настанот беше прикажана и изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и пропратните помагала за неговото користење. По принцип на времеплов, изложбата раскажува за појавата на инсулинот, неговиот пат, научен развој, практична примена и неговото суштинско значење за луѓето со дијабетес. Беа изложени и факти за изумителите на првиот инсулински препарат, првите корисници и начинот на користење на инсулинот.

Ширум светот 537 милиони луѓе имаат дијабетес, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Северна Македонија, во 2020 година од дијабетес заболеле 7432 лица, а починати се 1365 лица од дијабетес мелитус. /МИА

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Вооружен напад во Калифорнија во продавница за костими за „Ноќта на вештерките“.Полицијата трага по напаѓачите.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија.

Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница.

Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат.

Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер