МакедонијаОдбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“.-На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност, наведуваат од Делегацијата на ЕУ. Пријавувањето, како што се наведува, е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна. -На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница. Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се, се наведува за настанот чија цел е да собере средства за погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. Дополнително, на денот на трката ќе биде поставена и кутија за донации од страна на Црвениот крст, каде што сите присутни ќе имаат можност да донираат дополнително, стои во највата за хуманитарната трка. Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. За таа цел, ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно. Превозот ќе се одвива од 08:30 до 10:10 часот, а повратниот превоз ќе биде достапен од 12:00 до 14:15 часот. Граѓаните кои ќе учествуваат во трката се охрабруваат да го користат организираниот автобуски превоз. Дел од автобусите кои ќе се користат се еколошки и се обезбедени со поддршка од Европската Унија, во рамки на напорите за одржлива мобилност и заштита на животната средина. За оние кои сакаат дополнителен спортски предизвик, пешачката рута од подножјето до Средно Водно останува отворена. На денот на трката (25 мај) нема да се издаваат стартни броеви. Подигнувањето на стартните броеви за учесниците од Скопје се одвуваше вчера и завчера во просториите на Europe House Скопје. Трката е наменета за граѓани од сите возрасни групи, без разлика на физичката подготвеност. Пријавувањето е веќе затворено, а сите дополнителни информации за локациите и времето на трките можат да се најдат на социјалните медиуми на секој Јуроп Хаус поединечно. Средствата собрани преку котизациите ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Република Македонија и ќе бидат насочени кон поддршка на заедницата во Кочани. Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook