Одбележување на 27 Март - Светски ден на театарот - Канал 5

Одбележување на 27 Март - Светски ден на театарот

По повод 27 Март, Светскиот ден на театарот, Факултетот за драмски уметности и НУ Драмски театар од Скопје денеска организираат богата програма.

Одбележување на 27 Март - Светски ден на театарот
Факултетот за драмски уметности прославата ќе ја отвори со читање на светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот, а ќе продолжи со маратон од студентски испитни претстави на студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Прославата, која се одбележува нтрадиционално, ќе се одржи на Академската сцена на Факултетот со почеток во 12 часот, а во неа ќе се вклучат и студенти од Факулетот за ликовни уметности и од Факултетот за музички уметности со своја изложба и концерт.

Драмскиот театар, пак, ќе го одбележи денот со изведба на неколку претстави, а ќе се одржат и промоции на книги и ликовни изложби.

Како што соопшти Драмски театар, програмата започнува во 11:30 часот со промоција на книги за деца на Матица Македонска - Матица за мали. Во 12 часот ќе биде изведена претставата „Капетанот Џон Пиплфокс“ (претстава за деца); во 14:30 часот ќе следи отворена читачка проба на претставата „Човекот без рака“ од Мартин Мекдонах во режија на Синиша Евтимов; во 16 часот ќе има читање (оживување) на познатиот македонски стрип „Ајвармен“; во 17 часот се одржи изложба на грамофонски плочи „Ретки, уникатни и вредни винили“; а во 17:30 часот е опредлен за слушање на Гершвин на бакелитни плочи.

Во 19 часот ќе биде изведена претставата „Човекот кој го изеде светот“ во режија на Билјана Радиноска; во 21 часот ќе има промоција на книги за возрасни од Матица Македонска – Матица за големи; во 21:15 ќе се слушаат „Стари рокери на стари носачи на звук“. Во 22 часот ќе биде изведена претставата „Секс, дрога и рокенрол“ во режија на Ристо Алексовски и во 23:30 часот е предвидена забава.

Во текот на целиот ден ќе бидат поставени две изложби - на Благојче Наумоски - Бане и Филип Кондовски Магу. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакупоски: Ги подобруваме условите во Маврово и Ростуше, со нов водоснабдителен резервоар, реконструкција на спортската сала „Македонија“ и обновени улици

Денес стојам пред вас да поднесам Отчет за тоа што го имаме сработено, јас како Градоначалник, заедно со Советот на општината и општинската администрација. 

Јакупоски: Ги подобруваме условите во Маврово и Ростуше, со нов водоснабдителен резервоар, реконструкција на спортската сала „Македонија“ и обновени улици

Отчет кој преставува сублимирана информација за одлуките кои ги донесовме, за проектите кои ги реализиравме и најважното пред се за резултатите што ги постигнавме за нашите сограѓани и нашата општина. Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам општината.

Знаев дека пред нас има многу работа. Знаев дека има проблеми кои со години чекаат решение, но знаев и дека со сериозна работа, со чесен однос и со одговорно управување можеме да направиме промени. Денес, по нецела една година, сакам пред вас да направам отчет за она што го сработивме. Не само со зборови. Туку со конкретни мерки, конкретни проекти и видливи резултати. Нашата прва задача беше да ја направиме Општината пофункционална, и поблиска до граѓаните.

Ги подобривме условите за работа, создадовме коректна работна атмосфера, поефикасна администрација и тим кој секојдневно треба да биде во служба на граѓаните. Затоа што граѓанинот мора да биде на прво место, а општината Маврово и Ростуше им припаѓа на сите – и успехот ќе дојде само ако работиме заедно, со взаемна подршка и доверба кон заедничката цел да го направиме секое населено место поубаво место за живење. Работата на локалната самоуправа ја насочуваме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, подршка на младите и образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој.

Посебно внимание посветуваме во комуникацијата со граѓаните, институциите, бизнис секторот, невладините организации и меѓународните партнери. Почитувани сограѓани, отчетноста е можност јавноста да се запознае што е направено, но исто така и она што не сме успеале да го направиме, а што останува како обврска во иднина истото да биде реализирано. Но гордо можам да кажам дека Маврово Ростуше забрзува напред, за тоа ви благодарам на довербата, но и на критиките кои лично за мене преставуваат коректор за подобра функционалност на општината.

А сега дозоволете ми да ви ги презентирам сите проекти и активности кои се завршени или се во тек на реализација до крајот на оваа календарска година. Во делот на Социјалната заштита, демографијата и подршката на младите ги реализиравме следните мерки: Со помош на Советот на општината донесовме одлуки кои ги допираат многу семејства во нашата општина како и најразлични целни групи на наши сограѓани: - За најранливите категории на социјални случаи континуирано обезбедуваме еднократна финансиска помош за лекување на оперативни зафати од потешки облици и итни здрвствени потреби.

За подобрување на демографијата во нашата општина веднаш превзедовме конкретни мерки донесовме одлука за еднократна парична помош од сопствениот општински буџет и тоа за: За провородено дете еднократна помош од 10.000 ден, за второродено дете еднократна помош од 18.000 ден, за третородено дете еднократна помош од 25.000 ден. Исто така за нашите најмлади за секое прваче обезбедуваме еднократна парична помош од 6.000 денари и дополнително училишен ранец со комплет училишен прибор.

За младите во општина Маврово Ростуше се реализираат континуирано неколку сет мерки меѓу кои: За сите студенти од Маврово и Ростуше, општината од сопствениот буџет обезбеди еднократна парична помош во износ од 12.000 денари. За сите средношколци кои одлучија да го продолжат средното образование во рамки на СОУ Маврово Ростуше обезбедивме еднократна парична помош од 12.000ден. За сите млади на возраст до 24 години Општината од сопствениот буџет ги покрива сите трошоци за Авто школа односно практична настава за обука за возач за Б категорија. За сите млади претприемачи кои сакааат да започнат сопствен бизнис, општината ги покрива сите трошоци за регистрација на фирма.

Ова за нас не се само финансиски средства ова се мерки и подршка на многу семејства во нашата општина, ова се вложувања за нашата иднина за стабилна и просперитетна општина Маврово и Ростуше. Исто така во многу напредна фаза сме со подготовка на проекти и за повозрасните наши сограѓани и тоа во делот на активно стареење како и Помош и нега во домот на стари и изнемоштени лица овие два проекти ги реализираме со подршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во делот на образование во завршна фаза е реализација на јавна набавка на најсовремени нагледни средства, смарт табли и училишен помагала за сите четири основни училишта во рамки на општината, оваа инвестиција значително ќе го подобри воспитно-образовниот процес во нашата општина.

Исто така во тек е изработка на проектна документација за комплетна реконструкција на Подрачното училиште во с.Маврово, оваа реконструкција ќе ја опфати самата училишна зграда, училишниот двор како и спортското повеќе наменско игралиште. Во изминативе 10 месеци силно ги подржавме сите културни манифестации, спортски настани кои се одржуваат во нашата општина а со тоа го подигнавме нивото на претпознатливост на нашата општина како дестинација со голем туристички потенцијал и заедно со Советот на општината силно веруваме дека туризмот е нашиот главен мотор за економски развој на Маврово и Ростуше,

Во оваа прилика сакам да го издвојам најголемиот спорстки настан каде што општината беше ко-организатор а тоа е Светското првенство на спортски риболов на крап на Мавровско езеро кое се одржа од 2-7 Септември, нашата општина беше домаќин на 33 репрезентациии од сите континенти ширум светот, овој несекојдневен спортски настан ја стави нашата општина на светската мапа на спортот и рекреација, а Македонија како држава со проверен капацитет и доверлив партнер за организирање на натпреварувања од светски ниво.

Со особено задоволство можам да истакнам дека и покрај тоа што наследивме многу проблеми во делот на инфраструктурните проекти за помалку од 10 месеци веќе се гледаат видливи резултати на терен во делот на капиталните проекти и нивната динамика на релизација. Со помош на владата на Р.Македонија и ресорните министерства: - Целосно го завршивме Проектот Нова Улица во м.в. Падина во Скудриње, прокетот предвидуваше комплетно асфалтирање и поставување на улично осветлување оваа улица преставува пристапен пат за 80 куќи за оваа населба.

Комплетно завршен со изгрдба на нов резервоар за водоснабдување во с.Ростуше со капацитет од 160м3, проект кој трајно го решава водоснабдувањето во ова населено место. Завршена селска улица во с.Велебрдо со поплочување на павер елементи и со овој проект се создаваат подобри услови за живот во Велебрдо. Во завршна фаза е реализација на проектот за реконструкција на Спорстката сала Македонија во непосредна близина на Ростуше, спорстки објкет кој го наследивме во руинирана и нефункционална состојба и прилично со некоплетна проектна документација, но сите предизвици се надминати, очекуван рок на завршување на градежните активности и пуштање во употреба на овој спортски објект е октомври месец оваа година. Во тек е реализација на Проект реконструкција и асфалтирање на локален пат до село Рибница, очекуван рок на реализација до крајот на ноември оваа година.

Во почетна фаза на реализација на проект за Реконструкција и асфалтирање на локален пат до с.Нистрово, овој проект е од витално значење за ова населено место рок на реализација декември 2026 година. Во областа на подигнување на јавната чистота, заштитата на населението, животната средина и јавната безбедност беа реализирани повеќе активности. Заедно со Јавното Препријатие за Комунални Дејности – Маврово целосно се завршени активностите со реализација на расчистување на диви создадени депонии во с.Битуше, Ростуше и Жировница оваа активност ќе продолжи и во населените места Велебрдо и Требиште.

Процесот на реорганизација на Комуналното претпријатие е во тек, овој процес треба да испораќа поквалитетни јавни услуги, организиран систем на собирање на смет и кабаст одпад како и тековно одржување на јавната чистота во општината. Извршен е дополнителен надзор и контрола на квалитетот на водата за пиење во населените места во општината. Реализирани се планираните активности од областа на заштитата и спасувањето, вклучително и дезинсекција, дезинфекција и дератизација, согласно законските програми.

Одговорно зимското одржување на локалната патна мрежа, навремено расчистување и обезбедување проодност на патиштата. -Унапредено е уличното осветлување во населените места преку поставување нови енергетски ефикасни светилки. И тука не застануваме со помош на Министерството за транспорт и врски очекувам до крајот месец Септември да се објави јавна набавка за реконструкција и асфалтирање на селска улица стар пат во с.Маврово, овој проект има висок приоритет во министерството, а преставува огромна придобивка за локалното население во село Маврово.

Урбанистичкото планирање во општината го наследивме во еден сериозен хаос од нефункционални планови до нерешени и наталожени предмети со години, во оваа област заедно со општинската администрација работевме напорно и слободно можам да кажам дека вртиме нова страница, до крајот на годинава општината ќе започне со изработка на Урбанистички планови за сите поголеми населени места како прва фаза а втора фаза и останатите помали населени места во општината. Во делот на проектното планирање во тек е реализација на јавна набавка и избрана реномирана проектанска куќа за изработка на проектна документација за капитални инфраструктурни проекти во општината, се одлучивме на овој чекор бидејќи не наследивме никава проектна документација.

Според динамиката на проектните задачи на општината во тек е реализација на проектна документација за водоснабдителни системи за с.Леуново, Врбен, Присојница, Лазарополе и Скудриње. За патна инфраструктура во населените места во Аџиевци, Присојница, Скудриње, Жировница, Маврови анови, с.Маврово, Никифорово, Требиште, Велебрдо и Тресонче. Во тек е изработка на Проектна документација за спортска инфраструктура – реконструкција на спортски игралишта во Требиште, Жировница, Скудриње, Ростуше, Врбен и Јанче. Свесни сме дека предизвиците се големи и не можат да се решат преку ноќ, територијата и распрснатоста на населените места е огромна, инфраструктурните недостатоци и економските ограничувања се реалност.

Но тие не се изговор – туку мотивација да работиме повеќе и подобро. Затоа продолжуваме со уште поголема енергија, а нашата крајна цел е општина во која секој граѓанин ќе се чуствува сигурно, достоинствено и гордо. Нашата визија е јасна: Маврово и Ростуше да биде модерна, функционална, одржлива и туристичка дестинација - општина во која заштитата на природното богатсво ќе биде императив, но заедно и подеднакво со економскиот развој и благосостојбата на локалното население бидејќи лично сметам дека едно без друго нема никаква смисла, компактибилноста и синергијата на овие два процеси се клучот за успех на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.

Почитувани сограѓани, ова се само дел од проектите кои заедно со мојот тим, општинската администрација, Советот на општината, јавните општински институции ги имаме реализирано или се во тек на реализација, или се завршени, но тука нашата работа не завршува тука, продолжуваме уште посилно да ја градиме иднината на Маврово и Ростуше заедно.

Продолжуваме да работиме транспарентно, одговорно и чесно во интерес на секој граѓанин, затоа што резултатите се единствениот показател за нашата работа. На самиот крај дозволетеми да изразам огромна благодарност до сите вработени во општина Маврово и Ростуше, до Советот на општината, Јавното комунално претпријатие, бизнис секторот и сите други институции и поединци кои се вклучени на било каков начин да помогнат да се реализираат овие проекти и активности. Ви благодарам за посветеноста и заедничката работа, За модерна и просперитетна општина Маврово и Ростуше.

Онер Јакупоски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сцените од Сплит ја згрозија Европа, Хајдук порача: „Не сакаме да нè паметат вака“

Сплитски Хајдук им се извини на навивачите, УЕФА и претставниците на Ајакс, откако членови на „Торцида“ извикуваа нацистички и антисемитски пароли пред натпреварот во Конференциската лига.

Сцените од Сплит ја згрозија Европа, Хајдук порача: „Не сакаме да нè паметат вака“

Од хрватскиот великан Хајдук изјавија дека се подготвени да ја преземат одговорноста.

Во соопштението објавено по натпреварот, „Хајдук“ ги осуди настаните што фрлија сенка врз историскиот европски триумф против холандскиот гигант.

YouTube video

„Му се извинуваме на организаторот на натпреварувањето, како и на раководството и играчите на ’Ајакс‘, кои беа сведоци на сцени по кои не сакаме Европа да нè памети. Како клуб, подготвени се да ја преземеме одговорноста“, се наведува во соопштението.

Навивачите на сплитскиот клуб извикуваа антисемитски и нацистички пароли за време на поворката кон стадионот „Пољуд“, вклучително и такви со кои се величаше Адолф Хитлер.

Во колоната имаше и автомобил со ковчег на кој пишувало „Ајакс“, а кој навивачите подоцна го искршија.

Полицијата во Сплит започна истрага за да го утврди идентитетот на одговорните лица.

Претставници на одредени политички партии, исто така, ги осудија контроверзните скандирања, додека градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, повика на коректно навивање. На инцидентите им претходеа денови на тензија во градот.

Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот дојде до масовна тепачка меѓу навивачи на два клуба, при што полицијата приведе 57 лица.

Според достапните информации, од вторникот се приведени најмалку 109 лица, додека четворица холандски државјани се здобиле со полесни повреди во напади од страна на навивачи на „Хајдук“. И покрај сè, натпреварот заврши со победа на „Хајдук“ од 2:1, со што клубот од Сплит успешно ја започна групната фаза во Конференциската лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. 

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Наводно, Серж Ибака присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а се зборува и дека заедно патувале со приватен авион на Модната недела во Париз.

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа.

Во последните денови, шпанските и латиноамериканските медиуми шпекулираат за нивната наводна блискост, откако се појавија тврдења дека кошаркарот присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а потоа и отпатувал со неа во Париз.

Сепак, ниту Шакира, ниту Ибака немаат потврдено дека се во врска. Според медиумските извештаи, двајцата сè уште се запознаваат, а природата на нивниот однос засега останува нејасна.

Гласините ги поттикна шпанскиот папарацо Жорди Мартин, соработник во емисијата „El Gordo y la Flaca“, кој зборуваше за можна романса за време на едно телевизиско гостување на 7 октомври.

Според неговите тврдења, Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Посебно внимание привлекоа наводите дека тие, наводно, патувале од Мадрид до Париз со приватен авион за време на Модната недела.

Во Париз, Шакира била гостинка на модниот дизајнер Том Форд; сепак, во моментов нема јавно достапни докази кои би потврдиле дека Ибака патувал со неа.

Серж Ибака е роден во 1989 година во Бразавил, главниот град на Република Конго, а поседува и шпанско државјанство.

Во текот на повеќе од една деценија во НБА, тој изгради забележителна кошаркарска кариера. Неговиот најголем успех на клупско ниво дојде во 2019 година, кога ја освои шампионската титула во НБА со тимот на Торонто Репторс.

Исто така, настапуваше и за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик и други екипи, додека со шпанската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Љубовниот живот на познатата пејачка е под будното око на јавноста откако во 2022 година се раздели од поранешниот фудбалер на ФК Барселона, светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике.

Поранешниот пар има два сина, Милан и Саша, а нивната разделба предизвика огромен интерес кај светските медиуми.

Според последните поврзувања, мегапопуларната пејачка дефинитовно е слаба на спортисти.

По раскинувањето, Шакира се поврзуваше со неколку познати мажи, меѓу кои возачот од Формула 1, Луис Хамилтон, и НБА кошаркарот Џими Батлер.

Сепак, овие наводи не се официјално потврдени како љубовни врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер