ЗдравјеОдбележување на 10 Март – Светскиот ден на бубреготСветскиот ден на бубрегот – 10 Март, посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите, годинава се одбележува под мотото „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите".Се проценува дека бубрежните болести погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од 10 возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде петтата болест како причина за смртност на годишно ниво. Два милони луѓе во светот се на дијализа. И во Македонија според статистиката еден од 10 возрасни или околу 200 000 граѓани имаат некоја форма на бубрежно заболување. Во краен стадиум на болеста (стадиум 5 – кога двата бубрега повеќе не можат да ги извршуваат функциите кои се од витално значење за организмот) кога е неопходно да се лекуваат со дијализа има околу 1600 пациенти, во 23 центри за дијализа. ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија организира настан по повод одбележување на Светски ден на бубрегот на кој се најавуваат обараќања на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и на министерот за здравство Беким Сали, како и лекари од клиниките за нефрологија, за кардиологија и за ендокринологија, и од Здруженија на пациенти и пациент со трансплантиран бубрег и донор на бубрег. Дијализата е најчесто застапен метод во нашата земја за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест, наведуваат од Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон кое од 2007 година се прикличи кон светската кампања на меѓународните организации ISN и IFKF за одбележување на World Kidney Day. -Болестите на бубрезите може да се превенираат, навремено да се откријат и дијагностицираат за лекувањето, понатамошниот третман и справувањето со болеста да биде приспособено и полесено за секој пациент. Редовно, а најмалку еднаш годишно проверувајте ја функцијата на Вашите бубрези! Тоа може да го направите кај матичниот лекар со едноставно испитување на вредностите на уреа и креатинин – во секоја лабараторија, посочуваат од Здружението. Најоптимален метод на лекување на бубрежната болест е трансплантацијата на бубрег која може да биде од жив донор или од кадавер, а дарителот може да биде познат член од семејството или пак непознат дарител, кога со "органодарителство'' органите од починати лица со мозочна смрт се трансплантираат во телото на други лица за да се спаси нивниот живот. -Трансплантацијата во нашата земја бележи напредок во последните неколку години благодарение на хуманоста на народот, стручноста и посветеноста на медицинскиот персонал. Кога органодарителството би било повеќе развиено и би се вршеле повеќе трансплантации, повеќе луѓе би можеле да се спасат од дијализа и достоинствено и поквалитетно да живеат со бубрежната болест. Трансплантираниот пациент е рахабилитиран, може да им се врати на своите животни обврски, да придонесува за семејството и општеството, не е "врзан за апарат'' и може да патува, посочуваат од „Нефрон". Во Македонија и во светот болеста е застапена повеќе кај возрасната популација и машкиот пол. За разлика од тоа жените се побројни донори на органи. Најмладиот пациент на дијализа има само 2,5 години и е на домашна дијализа, а најмладиот пациент на хронична дијализа кој се дијализира во центар има 13 години. Најстарата пациентка има 90 години. Со современите дијализни третмани векот на преживување на дијализните пациенти е продолжен, пациентот со најдолг дијализен стаж во нашата земја е со 43 годишен стаж. -На наше задоволство континуирано се зголемува бројот на трансплантации, аособено од кадаверични трансплантации. Вкупно 42 трансплантации на бубрези се извршени во текот на минатите две години за време на пандемијата, од кои 20 од починат донор. Најголем дел од трансплантираните пациенти се на возраст до 40 години. Како здружение на граѓани со долгогодишно искуство апелираме дека само со сплотени знаења може да се постигне подобра нега на бубрежно болните лица! Секој пациент треба да има еднаков пристап до превенција, третман и еднакви услови за лекување на бубрежните болести, порачуваат од. Здружение на бубрежно болни граѓани Нефрон – Скопје. Светскиот ден на бубрегот World Kidney Day е најодбележуван настан во светот посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите. Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март, во повеќе од 200 земји ширум светот на сите континенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕкономијаГоривата повторно поскапуваат - дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литарБензините за три, а дизелот за четири и пол денари по литар... Регулаторна ги соопшти цените на горивата кои треба да важат од вечерва на полноќ... Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергика, причина за зголемувањето не е во недостатокот на нафта, туку во затајувањето на работата на рафинериите, чија обврска е од сурувата нафта, да направат нафтени деривати. Освен зголемени трошоци за гориво, граѓаните на Скопје ги очекуваат и повисоки сметки за затоплување. Новите цени како што соопштија од регулаторна, ќе важат од први август. Најголемото зголемување на цената на парното ќе има за домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти. Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената на парното ќе биде повисока за 3,65 проценти. Пресметките на регулаторот покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари. И покрај поскапувањето, од Регулаторната комисија уверуваат дека ценовното ниво во земјава останува поволно во споредба со соседните држави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува истрагата на Обвинителството за загадувањето на водата во ГостиварИстрагата за загадената вода во Гостивар продолжува, но засега без нови осомничени... Обвинителството собира документација, ги анализира доказите и ги сослушува лицата кои можат да помогнат во расчистување на случајот... Истрагата за загадувањето на водата во Гостивар продолжува, но засега нема информации за проширување кон други лица. Основното јавно обвинителство Гостивар остави отворена можност во текот на постапката да бидат опфатени и други лица доколку се обезбедат докази за нивна евентуална одговорност. Според информациите во моментов се прибира документација од ЈП Комуналец, Општина Гостивар, се анализираат материјалните докази и резултатите од испитувањата а се сослушуваат лица кои можат да дадат информации важни за случајот. Од Обвинителството официјално не откриваат многу детали. „По предметот се постапува и интензивно се обезбедуваат докази.“...велат кратко оттаму. Во истрагата досега се опфатени тројца осомничени – в.д. директорката на ЈП „Комуналец“, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот „Водовод и канализација“, Вадедин Дервиши. Тие се сомничат за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење - на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата. Во меѓувреме продолжуваат и партиските обвинувања за случајот. Од СДСМ велат дека загадената вода за пиење во Гостивар претставува сериозен институционален пропуст и бараат кривична одговорност. „Министерот за здравство Сашо Клековски самиот призна дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле со задоцнување. Тоа признание не ја намалува вината. Напротив, ја потврдува. Цел еден град е отуен, мора кривично да одговараат. Бараме Кривична одговорност од министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Марија Андоновска и директоритите на локални Центри за јавно здравје.“ Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека опозициската партија наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата. „Наместо да се занимаваат со спинување на информациите и ширење на паника, треба да побараат одговорност од Валбон Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари штитат градоначалник од нивни редови, кој нема никаков морален компас и кој не се смета за виновен за ситуацијата во Гостивар.“...велат од партијата. Истрагата за случајот со загадената вода за пиење во Гостивар треба да даде одговор на низа прашања меѓу кои и дали свесно била загадена главната водоводна мрежа во градот а со тоа и доведено во опасност здравјето на граѓаните, кој знаел за ризикот но и дали можело навреме да се спречи загадувањето на водата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвењеВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење... Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење.По десетина дена одржување на хигиена со греана вода од цистерни и околните села, гостиварци полека се враќаат во 21 век. Од чешмите во домовите веќе не им течат фекалии, последните анализи утврдиле дека водата е употреблива, но не и за пиење и готвење, туку само за техничка употреба, односно ќе можат да се капат, да мијат садови и се она што не вклучува нејзина консумација. Првиот човек на главниот штаб за управување со кризи, министерот Панче Тошковски посочи оти се надева дека оние кои ги управуваат водоснабдувачките системи ширум земјава, сфатиле колку е сериозна нивната работа по ситуацијата во Гостивар. „По повеќекратни испитувања на водата во последните неколку дена, анализите покажуваат дека водата во општина Гостивар може конечно да се користи како техничка вода. Се надевам, еве да упатам една порака, во иднина, до сите одговорни, во рамки на општините на територија во Македонија, се надевам дека ова ќе биде за памет и еднаш за секогаш, понатаму, ќе постапуваат максимално професионално и во рамките на нивните законски утврдени надлежности во делот на контрола на квалитетот на водата, затоа што со безбедноста и здравјето на граѓаните играње нема и треба максимално професионално и сериозно да се сфати секоја една одговорност, особено поврзано со водата.“ Три дена, последователно забележано е отсуство на колиформни бактерии, но водата во моментов не е за пиење оти во процесот на прочистување користена е поголема концентрација на хлор, а воедно треба да помине и процесот на дезинфекција. Временска рамка не е одредена кога состојбата целосно ќе се нормализира, но очекувањата се во наредните неколку дена. Секојдневните анализи продолжуваат, а експертите од скопски водовод кои ја санираат состојбата, најавија дека примероци за проверки сега ќе се земаат од повеќе места. „ЈП во Гостивар генерално се соочува со проблем во процесот на вршење дезинфекција, со што со консултација со колегите од секторот експлоатиција и одржување ќе се обидеме во следните неколку дена да се реши и тој дополнителен проблем. Кога процесот на дезинфекција ќе биде континуиран и нема да има отстапување од оние нормални вредности кои што треба да се очекувани за да се добие санитарна, исправна и безбедна вода, прво ќе го известиме кризниот штаб, а потоа кризниот штаб ќе испрати известување и до вас граѓаните.“ Што се однесува пак, до водата во Крушево, директорот на ДЗС – Ангелов посочи дека причина за загаденоста бил едночасовен дефект на системот кој вбризгува хлор во водата и ја прочистува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter