КултураОдбележување 10 години од Форумот на словенски културиРепублика Македонија денеска ќе биде домаќин на одбележувањето 10 години од постоењето на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“. Одбележувањето ќе опфати повеќе настани во Македонскиот народен театар.Ќе почне со трет музејски семинар насловен „Театарската музеологија во 21 век“, на кој присутните ќе ги поздрави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е и претседател на Управниот одбор на Форумот на словенски култури. Семинарот е посветен на музејската дејност и ќе бидат разменети мислења и ставови на театролозите, музеолозите и културолозите од земјите-членки на Форумот, претставниците на националните музеи во Република Македонија и членови на Македонскиот национален комитет на ИКОМ. Првпат ќе биде доделена и нововостановената награда на Форумот „ЖИВА“ - за најдобра музејска институција. Во рамките на одбележувањето на јубилејот, вечер ќе биде отворена изложба „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград, по што ќе следува концерт на музички ансамбли од регионот кои ќе го презентираат нематеријалното културно наследство на земјите-членки на Форумот. - Република Македонија како една од земјите-основачи на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во овие десет години даде особен придонес во решавањето на заедничките предизвици со кои се соочуваше оваа еминентна организација, чија цел е зачувување на културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки, соопшти Министерството за култура. Одбележувањето на еднодеценискиот јубилеј почна во април годинава кога Архивот на Република Македонија беше домаќин на заедничка патувачка изложба „Главните градови на словенските земји преку архивски материјал“, која минатата година беше претставена во седиштето на УНЕСКО. Јубилејното чествување продолжи со заедничка изложба на земјите-членки „Словенските карневали“, која беше претставена во седиштето на УНЕСКО во Париз на одбележувањето на Денот на словенската култура. Во рамки на долгорочниот проект „100 словенски романи“, кој почна да се реализира со самото основање на Форумот, оваа година со поддршка од Министерството за култура издавачката куќа „Слово“ го преведе и го отпечати романот „Волчја ноќ“ од словенечкиот писател Владо Жабот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook