КултураОдбележани годишнини од раѓањето на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски- Институтот за македонска литература денеска со свечен собир одбележа годишнини од раѓањето на писателите Гане Тодоровски (95 години) и Петре М. Андреевски (90 години).Директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, го нарече национален бард проф. Тодоровски, кој е еден од основачите на оваа институција. Нагласи дека особено ги задолжува „со неговата визија за потребата од научно проследување на сите области на развитокот на македонската литература“. -Со неговиот научен ангажман во проследувањето на претходниците на македонската книжевна и книжевно-научна мисла, со космополитизмот на неговата препејувачка дејност, а особено нѐ задолжува неговата лирика..., истакна Аврамовска. За книжевната оставнина на Петре М. Андревски, пак, рече дека „нѐ задолжува подеднакво како заедница“. -Неговата поема „Дениција“ химнично не возвисува во исказот на љубовта и љубовноста. Неговата проза, од друга страна, во неговиот подвиг на повратокот, беспоштедно нѐ соочува со демоните на нашето историско траење и во соочувањето со нив ни ја нуди можноста за себеосозновање и излез од лавиринтот на повторливоста..., истакна Аврамовска. Валентина Миронска-Христовска се осврна на творештвото на Тодоровски со кое, рече, ја задолжил и македонската литература, и македонската наука, и македонската култура воопшто. Тодоровски бил нејзин ментор и, како што рече, имал две татковини – литературата и Македонија. Соња Елзесер во омажот за Тодоровски ја потенцираше неговата вештина во препевите од други јазици на македонски, да воведува нови зборови, т.е. да ги „помакедончува“ и да создава „македонски верзии на бисерите на светската поезија“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
СветУкраина повторно таргетираше хемиска фабрика во РусијаВо текот на ноќта, како дел од масовен бран напади со беспилотни летала, Украина таргетираше хемиска фабрика во рускиот тулски регион по втор пат за две недели.Гувернерот на тулскиот регион, Дмитриј Милјаев, објави дека е оштетен индустриски објект во Новомосковск, околу 200 километри јужно од Москва, пренесува Ројтерс. Неколку медиуми објавија дека станува збор за фабриката „азот“, која претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно ја опиша како клучна за руското производство на експлозиви. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
МакедонијаТошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедностДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици.Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека современите безбедносни закани се повеќе ги надминуваат националните граници и дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците поврзани со организираниот криминал, нелегалната трговија со оружје и криумчарењето дрога. „Безбедноста мора да остане наша заедничка одговорност, а соработката – наш најсилен инструмент. Овој курс претставува јасен пример за обединување на знаењето, искуството и професионалните капацитети на институции и експерти од различни земји“, нагласи министерот Тошковски. Тој додаде дека проектот за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје претставува инвестиција во долгорочна безбедност, институционална зрелост и професионални стандарди, при што Министерството за внатрешни работи не настапува само како корисник на поддршката, туку и како активен и рамноправен партнер во неговата реализација. Министерот потенцираше дека организацијата на ваков регионален специјализиран курс претставува важен исчекор во остварувањето на долгорочните стратешки цели на Министерството. „Нашата визија е јасна – континуирано унапредување на капацитетите на К9 единиците и нивно позиционирање како еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност. Стратешка определба е Министерството за внатрешни работи да биде препознаено како регионален центар за експертиза, обуки и активности во областа на развој и примена на К9 капацитетите за откривање оружје, експлозиви и други безбедносни закани“, истакна Тошковски. Тој упати честитки до учесниците за професионалноста, дисциплината и посветеноста, нагласувајќи дека резултатите од обуката уште еднаш ја потврдуваат важноста на специјализираните единици и службените кучиња како незаменлив сегмент во превенцијата и откривањето на нелегални активности. На крајот, министерот Тошковски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ, проектниот тим, меѓународните партнери и донаторите – САД, Германија, Франција, Белгија, Норвешка, Словачка и Европската Унија – за нивната континуирана поддршка и доверба. „Со заокружувањето на овој курс не само што ги унапредивме професионалните капацитети, туку изградивме и посилна доверба, нови партнерства и цврсти темели за идната регионална и меѓународна соработка. Во време на сложени безбедносни предизвици, нашата најсилна одбрана останува партнерството“, порача министерот Тошковски. Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, истакна: „Овој курс е за практична безбедност за регионот и Европа. Подобро обучени полициски сили значат помалку нелегално оружје на улиците и придонес кон безбедноста на сите луѓе.“ Министерот за одбрана Владо Мисајловски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ за континуираната поддршка за развој на националните безбедносни капацитети и нагласи дека овој курс претставува пример за градење безбедност во современи услови на сложени геополитички предизвици. Тој додаде дека здружувањето на знаењето, ресурсите и капацитетите на повеќе институции е повеќе од неопходно, доколку се сака одржлива безбедност. „Министерството за одбрана и Армијата со задоволство дадоа свој придонес во оваа обука. На курсот учествуваа пет припадници на Армијата, меѓу кои инструктори, водачи на службени кучиња од Воената полиција и специјалисти од Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, заедно со две специјално обучени кучиња за откривање оружје, муниција и минско-експлозивни средства. Нивното учество претставува потврда дека Армијата е не само гарант на одбраната, туку и активен партнер во зајакнувањето на безбедноста преку соработка со сите релевантни институции“, рече Мисајловски, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
СветВенецуела во прекин: Земјотреси од 7,5 и 7,2 степени го запреа животот во земјата Утрото донесе надеж во со земја срамнетиот регион Ла Гваира, кога жена беше извлечена од под урнатините.Ве молам за целосна тишина! Има ли некој таму долу, втор ден одекнува над бетонските блокови во Венецуела, додека трае трескавичната битка по преживеани по двата катастрофални земјотреса најсилни во јужноамериканската држава во последните сто години. Утрото донесе надеж во со земја срамнетиот регион Ла Гваира, кога жена беше извлечена од под урнатините. -Кога почна се да се тресе се фатив цврсто, многу цврсто за рамката од вратата и се држев силно, поради што сега ми е скршена раката. Се држев се додека сите катови не се урнаа надоле. , изјави Грациела Мора Снимките од дрон ги покажуваат размерите на катастрофата на која Венецуела самата тешко може да одговори. Освен бројот на жртви кој постојано расте, денеска пристигнаа нови застрашувачки бројки, дека бројот на исчезнати надминува 50 илјади луѓе. -Ние загубувме сè, сè, сè. Мојот син е таму, има 36 години. Другиот има 35. , вели жителка на Каракас -Спасувачите се таму, тука нема никој. Потребни се камиони за помош. Нека земат трактори, механика, булдожери. Тоа луѓето го очекуваат. , вели жител на Каракас Двата земјотреса од 7,1 и 7,5 рихтерови веќе се прогласени за најкатастрофални во поновата историја во Латинска Америка, не само поради јачината, туку и поради интервалот од само 40 секунди и плиткоста на потресите кои се случија на 20-ина километри длабочина. -Тие (дуплетите) не се непознати, но разликата од една минута е многу невообичаена. На пример, земјотресите во Турција во 2023 година беа исто така дуплети, но беа на временска разлика од 9 часа. Веројатно (во Венецуела) имало згради оштетени од првиот земјотрес и се уште стојат, но набрзо потоа биле погодени од уште посилен земјотрес, тоа веројатно предзивикало уривање. , изјави Алисон Бент, сеизмолог од Канада Спасувачи од десетици држави веќе пристигнаа во Венецуела, а се чека одговорот од САД кои освен парична помош и спасувачи, најавија транспортни бродови и авиони. Катастрофата е прв сериозен тест за односите меѓу Вашингтон и Каракас, откако Трамп во јануари нареди апсење на екс претседателот Мадуро, кој во моментов е во американски затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter