3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КултураОдбележани 80 години од раѓањето на академик Цветан ГроздановМакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска одбележа 80 години од раѓањето на академик Цветан Грозданов.Претседателот на МАНУ Таки Фити истакна дека Цветан Грозданов е нашиот најеминентен историчар на уметноста, византолог со европска и светска репутација и врвен научник. Неговото дело, како што рече, и донесе престиж и репутација во целина на Македонската академија на науките и уметностите. - Делото на академик Цветан Грозданов е грандиозно, величенствено, како според временскиот период на истражување, така и според ипозантноста на неговиот научен опус и особено според неговата научна скрупула и меѓународно потврдена и призната оригиналност, рече Фити. Додаде дека неговиот научен интерес опфаќа векови, милениумска хронолгија која се протега од најраните пројави на старословенската култура и уметност, преку доцниот среден век и епохата на преродбата од 19 век, па до денешни дни. Тој потенцира дека библиографијата на Грозданов содржи повеќе од 300 научни трудови, меѓу кои и извонредно вредни, квалитетни книги и монографии. Потсети дека МАНУ почна со реализација на проектот „Избрани дела на академик Цветан Грозданов“, кој ќе содржи 10 томови, од кои првите веќе се публикувани и промовирани. Академик Георги Старделов направи преглед на научното дело на Грозданов, посебно на неговите девет обемни монографии. - Неговите фундаментални дела за историјата на нашата средновековна уметност и култура не се само историја, туку и заедно со тоа историја на нашето духовно траење, на духовните вертикали на нашиве простори, рече Старделов. За научниот опус на Грозданов зборуваше проф. д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ. - Богатото и низ векови создавано културно-уметничко наследство во Македонија, Охрид и Охридската архиепископија во истражувањето и делото на академик Грозданов доби достоен толкувач и истражувач, кој духовните и културно-уметничките достигнувања на оваа средина ги афирмира како трајни цивилизациски вредности, инспирирани и проникнати од византиската и источнохристијанската култура, духовност и уметност, рече Цветковски. Во рамки на одбележувањето на јубилејот беше промовиран и првиот број на „Монумента“, списанието на Истражувачкиот центар за културно наследство. Професорката Елица Манева го промовира првиот број на „Монумента“ и истакна дека идејата за појавата на ова списание е на Цветан Грозданов, кој е и главен уредник. - Списанието има извонреден квалитет. Без сомнение „Монумента“ ќе биде едно спсисание со висок фактор на влијание во научните кругови од сферата на историја на умертност, археологијата, историјата, филологијата и сродните научни дисциплини кои се занимавтаат со културното наследство, рече Манева. Таа изрази надеж дека списанието долго ќе трае и оти ќе се цитира во иднина. Прикажан беше и филмот на МРТ „Меѓу иконите и фреските“ снимен по повод 80 години од раѓањето на Грозданов. На настанот присуствуваа г.г. Стефан, академици, универзитетски професори, писатели и почитувачи на делото на академик Грозданов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањВо среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 20 гр. сув вргањ 150 - 200 мл. топла вода 500 мл. павлака за готвење 1 мало шише бело суво вино 40 - 50 гр. пармезан 1 коцка говедска супа 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло 1 чешне лук сол, бибер, свеж магдонос мајчина душица Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судовиУставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото. Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година. Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита. Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија. Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF). Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“. Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда. Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори. Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија. Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија. Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер. Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски. Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет. Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот. Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска. Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото. Усвојување на Охридска декларација Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка. Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него. За Форумот и надлежностите Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот. Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција. По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот. Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57