Одбележани 80 години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески - Канал 5

Одбележани 80 години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески

Одбележани 80 години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески - еден од темелите на македонистиката и културно-националната самобитност

Одбележани 80 години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески

Осумдесет години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески беа одбележани денеска со свечен час на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Деканот, проф. д-р Владимир Мартиновски, појасни дека настанот е во рамките на чествувањето на јубилејот 80 години од основањето на Филолошкиот факултет.

- Првата „Македонска граматика“ на Кепески е еден од клучните учебници, наставни помагала, од кои голем број генерации се воспитувале, ги стекнувале основите на македонската граматика и затоа ова дело претставува еден од темелите на македонистиката и филологијата, поврзани и со процесот на наставата и едукацијата, но, секако, и со развојот на македонистиката како научна дисциплина - истакна деканот.

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик, нагласи дека првата „Македонска граматика“ на Кепески е дело што претставува еден од столбовите на современиот македонски литературен јазик и историски документ од прв ред во културно-националната самобитност на нашиот народ. Излегувањето на оваа граматика во 1946 година, како што пососчи, не било само научен чин, туку и чин на јазично и културно раѓање.

- Во услови кога по ослободувањето се градат државноста, образованието и јавниот живот, кога македонскиот јазик, конечно, е признат како службен јазик во нашата држава, потребата од кодифицирана граматичка норма била и итна и суштинска. Кепески ја препознал таа насушна потреба и со длабоко чувство на одговорност, но и со голема визија, ја презел работата врз ова пионерско дело што денес го чествуваме. Работејќи интензивно во текот на 1945 година, тој ја создава првата синтеза на македонската граматичка структура потпирајќи се врз претходните истражувања на централните дијалекти, врз сопственото познавање на прилепскиот говор и врз јасната историска свест за развојниот континуум на нашиот јазик, нагласи Пановска - Димкова.

Додаде дека „Македонската граматика" на Кепески се јавува веднаш по ослободувањето, кога печатени текстови на македонски јазик има многу малку и со тоа претставува пример за научна истрајност, за творечка храброст и за силна посветеност кон сопствената културна заедница.

Пановска - Димкова подвлече дека „Македонската граматика" веднаш била препознаена како фундаментален труд, најнапред кај домашната јавност, каде што тиражот се исцрпил за кратко време, а потоа и кај меѓународните слависти. За неа биле дадени силни позитивни оценки, препознавајќи ја како научен доказ за посебноста и зрелоста на македонскиот јазик.

Денес, рече, осум децении подоцна, ние не се навраќаме само на една книга. Се навраќаме на научната реалност претставена во неа: дека македонскиот јазик има сопствен граматички систем, сопствена структура и сопствено културно наследство, дека овој јазик е создаван низ векови и заслужува да биде проучуван, негуван и унапредуван.

- Оттука, од името на Катедрата за македонски јазик, со гордост истакнувам дека Кепески остави не само граматика, туку и пример како се служи на сопствениот народ со знаење, интегритет и посветеност. Нашата задача денес е да го продолжиме тој дух - да ја чуваме научната традиција, да го развиваме јазикот во чекор со времето и да останеме непоколебливи во зачувувањето на неговиот идентитет, зашто јазикот е живо културно наследство што треба да го градиме и да го браниме сите заедно, подвлече Пановска - Димкова.

Проф. д-р Димитар Пандев истакна дека граматиката на Kепески се јавува спроти времето на описните граматики. Во тој контекст, подвлече тој, со граматиката на Кепески започнува самостојното постоење на македонскиот јазик.

Проф. д-р Јованка Кепеска рече дека „Македонската граматика“ од Кепески е секако историско првенче, има и национални и културни придобивки.

- Тенденција на сите народи е да создадат граматика, односно да ги изучат законитостите на јазикот, рече Кепеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер