Одбележани 122 години од смртта на Делчев - Канал 5

Одбележани 122 години од смртта на Делчев

Животот на војводата Делчев е возљубување на својот народ до степен на потполно оддавање на себе си за неговата слобода и достоинство.

Одбележани 122 години од смртта на Делчев

Со панихида отслужена од поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија, денеска во црквата „Свети Спас“ почна одбележувањето 122 години од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев.

Цвеќе положија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, собраниска делегација, претставници од дипломатскиот кор, политичките партии, граѓански здруженија и други почитувачи на ликот и делото на Делчев.

Пред церемонијата на положување цвеќе беше отпеана и македонската химна.

-Животот на војводата Делчев е возљубување на својот народ до степен на потполно оддавање на себе си за неговата слобода и достоинство. Патриотизмот во својот вистински облик каков што бил кај Гоце, е благородна појава која носи со себе почит кон сите народи, вери и култури. Светогледот на Гоце е светоглед на личност што гради мостови, а не ѕидини, светоглед што промовира мир меѓу народите, а не војни. Тој од најрана возраст гледал дека неговиот народ иако трудољубив, живее во беда, иако добар, страда, иако мирољубив, три насилство, но дозволувал само насилство против насилството. Делчев својата младост и својот живот ги дал за слободата, за неговата смрт да послужи како семе за раѓање на нови јунаци за македонската слобода, истакна г.г. Стефан.

Тој порача никогаш и никако да не дозволиме да избледат сеќавањата на Гоцевите дела и делата на сите кои низ вековите се дадоа себе си за Македонија.

-Тие наши светли херои да ги имаме пред очи како светило во ноќта, да ни го осветлуваат патот и да ни покажуваат дека татковината се чува со дела, а не со празни зборови, дека се љуби ппреку совесно постапување, преку непоколебливо запазување на правото и правдата, преку активно учество во општествените процеси, преку придонесување за окрепување, а не за распаѓање, преку подавање рака на нашите ближни кога тоа можеме да го сториме, преку непоштедна борба за слободно, праведно и напредно општество, потенцира поглаварот на МПЦ.

Премиерот Мицкоски нагласи дека делата на Делчев се безвременски.

-Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, што имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат. Оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации што следат, но истовремено и достојно да го чува и негува. Кога велам да го чува и да го негува, да ја пренесува вистината, онаа вистина каква што вистински се случувала, а невистината која за жал некои се обидуваат да ја искриват и во колективната меморија на македонскиот народ. Во минатото имаше обид за инженеринг за таа вистина да биде поинаква. За среќа тоа е веќе минато, а наша обврска е вистинската вистина да ја пренесеме на идните генерации за овој голем македонски титан Гоце Делчев, изјави Мицкоски по чествувањето.

Според претседателот на СДСМ Венко Филипче, пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било.

-Дел од визиите на македонскиот револуционер денеска звучат дури и поактуелно отколку во неговото време. Тоа е јасен сигнал дека како општество се уште имаме многу работа пред себе, дека треба да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија. Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности, рече Филипче.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер