Одбележани 104 години од погибието на Ѓорче Петров - Канал 5

Одбележани 104 години од погибието на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денес одбележа 104 години од убиството на Ѓорче Петров – еден од најзначајните визионери и идеолози на македонското ослободително движење.

Одбележани 104 години од погибието на Ѓорче Петров

На спомен-обележјето посветено на неговото дело и жртва во реонскиот парк се одржа церемонија во негов спомен. Присуствуваа бројни делегации, додека општинската делегација ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски.

Ѓорче Петров не беше само учител и револуционер, истакна во своето обраќање Стојкоски, тој беше визионер кој го замислуваше она што денес го живееме - независна, суверена и самостојна Република Македонија.

-Неговата идеја не замолкна со неговото заминување – таа живее во срцата на народот, во стремежот кон слобода и во се што е искрено, праведно и непокорно – додаде Стојкоски.

Градоначалникот подвлече дека токму низ ликот и делото на Ѓорче Петров, историјата не се сведува само на датуми и настани, туку се врежува преку луѓето кои ја обликувале.

-Ѓорче Петров е совеста на нашата слободарска мисла и гордоста на македонскиот дух. Тој беше и ќе остане вечна светлина во македонскиот историски храм - рече Стојкоски.

Во духот на неговите идеали, Општина Ѓорче Петров денес се развива како урбана, хумана и прогресивна заедница, каде што се живее слободно и достоинствено. На свеченоста беше испратена порака дека слободата и независноста кои денес ги уживаме се резултат на жртвите на генерациите пред нас, а одговорноста на денешните и идните генерации е да го продолжат тој пат.

-Ние немаме друга земја. Ова е нашата земја. Да ја чуваме, унапредуваме и браниме со памет, со работа и со љубов - беше пораката со која го заврши Стојкоски своето обраќање пред присутните.

Општина Ѓорче Петров

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна сезоната на стомачни вируси

Расте бројот на болни од стомачен вирус, по 15 пациенти дневно пријавуваат диајреа и повраќање, а кај помалите деца и температура, објаснува доктор Атанасова Мира.

Почна сезоната на стомачни вируси

Таа вели дека лабораториски потврден кај тинејџер е бока вирус. Овој вирус дава потешка слика со неколку дена поврќање и дијареа каде треба и консултација со инфектолог.

Она што педијатрите не го гледаат од вирусите е рота стомачниот вирус за што има вакцина и е намалена инфекцијата што мора да се третира во болница.

Во пораст се горно респираторните инфекции кај деца со растечен нос, кашлица. Посебно внимателни треба да бидат родителите кај бебињата во овој период, посочува Атанасова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недостиг од образовни асистенти на почетокот од учебната година

Учебната година е во тек, но за дел од учениците со попреченост сè уште нема образовен асистент. 

Недостиг од образовни асистенти на почетокот од учебната година

Недостигот од асистенти за дел од семејствата значи секојдневна неизвесност – како детето ќе ја следи наставата и дали ќе ја добие поддршката што му е потребна во училницата.

Со таков проблем се соочува и Мартина, родител кој за Канал 5 раскажува со какви предизвици се соочуваат откако започна учебната година.

„За мене како родител ова значи дека повторно јас треба да ги сносам последиците од нешто што не е моја обврска...Јас можам да им бидам поддршка на моите деца но, не можам да бидам замена за системска поддршка што им следува, а најтешко ми е што знам дека за нив секое доцнење е нова промена“ – Мартина, родител.

Министерката за образование Јаневска признава дека се уште има проблем, и покрај дополнителниот оглас што беше распишан во меѓувреме. Бројот на пријавени засега не ги покрива целосно потребите, а некои од веќе ангажираните самите се откажуваат.. од кои причини – Јаневска нема информации..

Според податоците што ги објави Министерството за образование и наука пред почетокот на учебната година, во основното образование се ангажирани 1.358, а во средното уште 166 образовни асистенти. Сепак, самата бројка не покажува дали се задоволени реалните потреби на учениците и нивните семејства.

МОН јавно не соопшти колку барања биле доставени за оваа учебна година, колку од нив биле одобрени, а не е објавена ниту распределба на асистентите по општини, градови, училишта или ресурсни центри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо, меѓународно реномиран експерт и стратег за туризам, со долгогодишно искуство во UN Tourism и во туристичкиот сектор на Канарските Острови.

Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и развој на нови туристички содржини, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам и активното вклучување на семејните винарии во туристичката понуда. Разменети беа идеи за реализација на пилот-проект преку кој семејните винарии би можеле да се вклучат во креирањето на автентични туристички искуства, со што дополнително би се промовирале локалните производи, традицијата и потенцијалите на регионот.

„Продолжуваме да работиме на создавање нови можности за развој на туризмот, поврзување на локалниот потенцијал со меѓународното искуство и воспоставување партнерства што ќе придонесат за одржлив туристички и рурален развој.“- објави Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер