Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
2Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЗдравјеОдбележана годишнината од Црвениот крст и Денот на крводарителствотоСо свечен настан денеска во Скопје беше одбележана 78-годишнината на Црвен крст на Република Македонија и Денот на крводарителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа пат кон болница починало тригодишно дете од ГевгелијаТригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата. По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството. Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалМобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувањаГерманскиот репрезентативец Џамал Мусиала се враќа на теренот по речиси двомесечна пауза поради повреда, сепак, неговото враќање на натпревар од Бундеслигата против „1. ФК Келн“ е засенето од јавна дебата за неговата иднина и физичка состојба. Иако спортското раководство на клубот – вклучително и тренерот и спортскиот директор – продолжува да му дава поддршка, во самиот врв на „Баерн Минхен“ се појавуваат сомнежи дали 23-годишниот фудбалер некогаш ќе се врати на нивото на светска класа. Според „Focus.de“, во раководството на клубот постои поделеност во однос на неговата иднина. Дискусијата ја иницираше многу влијателниот почесен претседател, Ули Хенес. Пред десетина дена, за време на гостување на телевизијата БР (BR), Хенес јавно постави прашање: „дали тој некогаш повторно ќе го достигне нивото на игра што го прикажуваше во минатото“. Загрижен поради можниот пад на квалитетот, Хенес пред камерите дури и ја доведе во прашање важноста на сегашниот договор на Мусиала: „Замислете ако ’Баерн‘ сега го доведе во прашање неговиот договор, велејќи: ’Она што тој моментално го прикажува, веќе не одговара на она што е предвидено во договорот‘“. Не е изненадувачки што овие изјави не беа добро прифатени од тимот на Мусиала. Сепак, наместо да ја смири ситуацијата, извршниот директор Јан-Кристијан Дрезен во средата повторно се осврна на темата. Надоврзувајќи се на ставовите на Хенес, Дрезен потврди дека клубот ќе ја „процени ситуацијата и ќе седне на разговор со неговото семејство и менаџерскиот тим“, додавајќи дека, доколку Мусиала не успее да се врати во својата стара форма, клубот „ќе мора да одржи разговор“. Во петокот вечерта, членот на надзорниот одбор, Карл-Хајнц Румениге, за „Скај“ (Sky) изрази загриженост. „Ако тој не се врати во изданието на 'стариот' Џамал, ќе мораме да разговараме – со неговото семејство, со самиот играч, а пред сè со неговата агенција – бидејќи, со должна почит, тие бројки веќе не се одржливи“, изјави тој. Јасно е дека во клубот – особено во надзорниот одбор – преовладува мислењето дека учинокот на играчот, кој често се соочува со повреди, не соодветствува со неговиот статус како втор најплатен фудбалер во Баерн, веднаш зад Хари Кејн. Според „Кикер“ (Kicker), коментарите на Хенес наишле на значителна поддршка во рамките на клубот. Раководството на клубот бара од Мусиала да ги намали своите финансиски барања во рамките на договорот, кој наводно му носи заработка од најмалку 25 милиони евра годишно и важи до 2030 година. Тој го потпиша овој договор во февруари 2025 година, но оттогаш бил стартер на само 24 од вкупно 94 натпревари на Баерн. Критичарите, кои во тоа време се спротивставуваа на толку вреден договор, сега сметаат дека нивните загрижености се покажале како оправдани. Во последните месеци, Мусиала беше надвор од терените подолги периоди поради низа проблеми. Во пролетта 2025 година, тој отсуствуваше речиси два месеца поради кинење на мускул, по што следеше шестмесечна пауза поради скршеница на фибулата, здобиена на Светското клупско првенство на ФИФА. Сега, тој повторно се соочува со двомесечна пауза поради повторно кинење на мускулот – ситуација што предизвика изненадување во клубот, со оглед на невообичаено долгиот период на рехабилитација за толку млад играч. Покрај тоа, Мусиала има невролошко нарушување што предизвикува кратки губења на свеста (апсанс напади), поради што тој колабираше на теренот за време на два натпревари во подготвителниот период во август. Од друга страна, тимот на Мусиала не гледа причина за промена на договорот што важи до 2025 година. Понатаму, според порталот „ran“, тие имаат целосна поддршка од спортското раководство на клубот, предводено од тренерот Винсент Компани и спортскиот директор Макс Еберл. Претставниците на играчот се револтирани од гласините за нови епилептични напади и наводни здравствени проблеми кои наводно постоеле во времето кога бил потпишан договорот – тврдења што се отфрлени од други лица кои учествувале во тие преговори. „Момчето беше целосно здраво“, тврдат извори. Како резултат на тоа, спортското раководство на клубот се обиде да ги смири тензиите. Компани го пофали „неверојатниот менталитет“ на својот играч, изјавувајќи: „Кога играчи како него минуваат низ тежок период, тие можат од тоа да црпат и ментална и физичка сила. Гледајќи како сега се справува со целата ситуација, можам да кажам дека тој е посебен“. И Еберл е уверен дека „Џамал ќе црпи сила од оваа ситуација“, толкувајќи ги критиките од челниците на клубот како „грижа“ за нивното „златно момче“ – иако не ги спомна очигледните финансиски мотиви што стојат зад таа грижа. На крајот, Компани прецизно ја сумираше ситуацијата: „Тој во моментов не може многу да зборува; треба да зборува на теренот. Штом повторно почне да зборува на теренот, Баерн и германскиот фудбал ќе освојуваат трофеи“. Во случајот се вклучи и синдикатот на фудбалери FIFPRO, кој остро го критикуваше раководството на Баерн поради односот кон Џамал Мусиала, пренесува Eurosport.de. Тие ја оценија јавната реторика на Хенес, Дрезен и Румениге како „координирана стратегија за вршење притисок врз Мусиала и неговите агенти“. „Клуб од рангот на Баерн би требало да биде свесен за ова. ФК Баерн има обврска да се грижи за добросостојбата на Џамал Мусиала“, наведуваат од синдикатот, изразувајќи „длабока загриженост“. „Претворањето на здравствената состојба на Мусиала и неговата иднина во предмет на јавна дебата само го зголемува притисокот. Сите прашања поврзани со неговиот договор треба да се решаваат исклучиво доверливо, во разговор со него и неговите претставници.“ Од FIFPRO нагласуваат дека повредите не се основа за преиспитување на договорот. „Договорите постојат за да се почитуваат. Повредата или падот на формата не му даваат право на клубот повторно да преговара за веќе договорените услови – исто како што периодот на исклучителни игри не му дава автоматско право на играчот да бара зголемување на платата. FIFPRO застанува зад Џамал Мусиала и сите други фудбалери кои ги исполнуваат своите договорни обврски. Очекуваме и нивните работодавачи да постапат исто“, се заклучува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter