Одбележана 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис - Канал 5

Одбележана 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во МАНУ се одржува свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис.

Одбележана 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис
Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски се задржа на озаконувањето на македонскиот правопис и на неговото значење.

- Создавањето литературен јазик е духовна потреба, нагласи Камбовски. Потенцира дека е многу важно да се обучат што повеќе млади македонисти.

В.д. директорот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. Елена Јованова-Грујовска рече дека македонскиот јазик е еден од избраните јазици во светот што имал своја кодификација.

- Ако во светот се зборуваат над 6.500 јазици, само неколку стотини од нив се во официјална, службена употреба. Македонскиот јазик со донесувањето на македонската азбука на 5 мај и на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година, се вброи во јазиците кои имаат свој правопис, своја официјална, службена употреба во една држава и кај една нација, рече Јованова-Грујовска.

Според неа, нормата е сосема прифатена и доживеала своја валоризација во секојдневната пракса. Додаде дека имаме илјадници книги напишани со оваа азбука и овој правопис.

- По седум децении, македонскиот стандарден јазик е во состојба кога не мора да се брани и да се внимава во секоја ситуација. Кај нас постои ситуациона употреба на македонскиот јазик. Во службена употреба е стандардниот македонски јазик, литературниот. Во разговорниот стил имаме разговорни форми, употреба на жаргон, сленг, турцизми, заемки од други јазици...

Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје проф. Славица Велева изјави дека со оглед на околностите доволно добро се почитува македонскиот јазик, барем на факултетот.

- Младите го почитуваат јазикот онолку колку што ние им овозможуваме да го слушаат македонскиот јазик во изворна форма, онака како што треба да го говорат и слушаат на соодветни места, рече Велева.

Додаде дека македонскиот јазик влезе во онаа група словенски јазици кои со текот на времето се помалку имаат заинтересирани за изучување. Последниве години од 35 до 25 студенти се запишуваат да го изучуваат македонскиот јазик. Според неа, студентите од другите катедри кои изучуваат други јазици ја чувствуваат потребата од изучување на македонскиот јазик како предмет.

Излагање на тема „Современиот македонски литературен јазик“ на собирот имаше академик Блаже Ристовски.

На собирот присуствуваа академици, писатели, професори, студенти.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер