Одбележан Водокрст во црквата Пресвета Богородица во Тетово, традицијата бележи 40 годишен јубилеј - Канал 5

Одбележан Водокрст во црквата Пресвета Богородица во Тетово, традицијата бележи 40 годишен јубилеј

 Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Златоустова литургија.

Одбележан Водокрст во црквата Пресвета Богородица во Тетово, традицијата бележи 40 годишен јубилеј

По Литургијата беше извршен голем Богојавленски водосвет и според традицијата беше спуштен крстот во водите од базенот во дворот на храмот.

По крстот скокнаа тројца верници, 48 годишниот Далибор Кузмановски, 46 годишниот Андреја Ристовски и 29 годишниот Дарко Трајчевски. Најмладиот од нив, Дарко Трајчевски успеа да го фати осветениот крст.

- По прв пат се фрлам по крстот и по прв пат го фаќам. Им посакувам прво здравје, среќа, мир и љубов на сите, изјави Дарко Трајчевски.

За време на Литургијата, владиката г. Јосиф беседеше за празникот посочувајќи дека во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост, но бидејќи денес е Недела се благословува пост на масло.

- Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примиле христијанството. Во Светата Црква се познати две осветувања на вода: големо и мало. Големото осветување се врши два пати во годината: токму во денешниот ден, на Водопост, во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, за што се сеќаваме на крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан, во кое Црквата го гледа прототипот на очистување на гревовите, но и вистинско осветување на природната вода со присуството на Бога. Значи, во овој ден и во утрешниот ден се извршува Големо осветување на водите. Постои благочестиво предание овде во Тетово, на овој и утрешниот ден со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа, и водата осветена утре, се користи преку целата година, за по нејзината моќ здравите да се укрепат, болните да се исцелат, демоните да се изгонат, истакна владиката.

Годинава, оваа традиција во Тетово бележи јубилејни 40 години како е оформена.

-Традицијата за голем водосвет и спуштање на осветен крст во црковен базен ден пред Водици на Водокрст во оваа тетовска црква Пресвета Богородица е почната во 1986 година, со благослов на тогашниот владика г. Кирил. Изграден беше нов базен со ангажирање на дијаспората во Америка, пред сè со донација на Мишко Васовски, иселеник од населбата Горно маало каде што се наоѓа црквата во Тетово. Од тогаш секоја година редовно до сега се одбележува празникот на ден пред Водици, вели Небојша Недељковиќ, член на црковниот одбор.

Единствено во Тетово чинот на спуштање на крстот се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици. Утре на Водици централното одбележување е во соборната црква Свети Кирил и Методиј каде празничната литургија почнува во 8 часот, а осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен околу 10 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер