3Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
КултураОдбележан Светскиот ден на театарот Македонија има извонреден театар, силен уметнички потенцијал, врвни уметници кои создадоа големи театарски остварувања и освоија бројни признанија и награди во странство, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, честитајќи им го Светскиот ден на театарот на актерите, режисерите, драматурзите и директорите на театрите во државата.На денешното одбележување на празникот на театарот, таа рече и дека сценската уметност е меѓу приоритетите во културата и затоа се изградени и се градат нови театарски згради, редовно се поддржуваат премиери и гостувања на театарските куќи и голем број домашни театарски фестивали, а се вработува и кадар - 79 уметници во професионалните театри: 35 актери, 22 режисери и 22 драматурзи. - Театрите во нашата држава оваа година ќе реализирааат 70 проекти, бројни гостувања, многу проекти на независната и алтернативната продукција, ќе се одржат 27 театарски манифестации и фестивали, а ќе одбележиме и значајни јубилеи - 40 години на Млад отворен театар, 50 години на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и 70 години постоење на Македонскиот народен театар, рече Канческа-Милевска. Покрај капиталните инвестиции - изградба на театарски згради, кои овозможија подобри услови и за актерите и за публиката, преку Министерството за култра тетарите во Македонија и технички се осовременуваат - добиваат нова сценска, светлосна и тонска опрема. За стимулирање на драмското творешво, пак, Министерството почна и откуп на драмски текстови за да се збогати националниот фонд на дела. Деновиве ќе бидат соопштени резултатите од годинашниот конкурс, односно трите избрани дела кои ќе бидат поставени на македонските сцени. Директори кои присуствуваа на свеченоста ја нагласија отвореноста на нивните театри за гостувања на други македонски театари што ќе ја зацврсти нивната соработка, а и ќе и овозможи поголема понуда на публиката. Јордан Витанов, директор на театарот во Велес, кој годинава е Град на културата во Македонија, ги покани своите колеги да гостуваат на нивната нова матична сцена, како и директорот ана МНТ Дејан Лилиќ кој најави два месеца отворен МНТ за други театари со што ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј. Витанов е задоволен што со изградбата на новиот Велешки театар, кој беше отворен минатата година, завршиле супстандардните услови кои, како што рече, нивниот ансамбл успеал да ги издржи. - Почнавме со осум вработени, а денеска во нашата институција има 45 вработени, со тенденција да се вработи и потребен технички кадар, и имаме нова зграда. Ова е постигнато во период од осум години. Тоа драстично ни го промени животот, односот на публиката се смени кон нашиот театар, истакна Витанов. Директорот на МНТ Лилиќ информираше дека седумте децении од првата претстава на МНТ на македонски јазик ќе ги одбележат со повеќе активности - на 29 март ќе бидат домаќини на театар од Израел, а по роденденот (3 април) ќе следуваат гостувања на сите национални театари на нивната сцена. МНТ со „Вечната куќа“ ќе гостува во Будимпешта, а во јуни ќе го организира вториот интернационален „МНТ фест“. По повод Светскиот ден на тетарот се обрати и Драган Маџиров, директор на театарот „Антон Панов“ од Струмица, кој искажа задоволство што и нивниот ансамбл ќе добие нова театарска зграда, и Јелена Жугиќ, директор на најмладиот професионален театар во Македонија - театар „Комедија“, кој токму денеска одбележа три години постоење. Покрај театарските уметници и публиката, важно место во сценската уметност има и театарската критика. Во име на рецензентите се обрати новинарот Борче Грозданов, кој им порача на драмските уметници никогаш да не ја забораваат публиката. - Со маркетиншките мерки ја носите публиката, но направете нешто за да ја заджите, пред се, со разноликоста на репертоарот. Негувањето на публиката има не само едукативна, но и релаксирачка улога. Имам впечаток дека на моменти премногу се филозофира на сцена. Треба тој дух малку да го ослободиме од сцената, кон партерот, и ќе ја имаме публиката, рече Грозданов. Режисерот и уметнички директор на МНТ Дејан Пројковски во име на колегите од сите македонски театри го изненади Грозданов со подарок - автоматизирана инвалидска количка, со која тој полесно ќе доаѓања на претставите за кои пишува рецензии. Македонските театри ќе го одбележат Светскиот ден на театарот со читање на пораките пред вечерашните претстави. Автор на македонската порака оваа година е режисерката Нела Витошевиќ, а меѓународната порака ја напиша полскиот режисер Кшиштоф Варликовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаРазоткриена мрежа за шверц на кокаин во ЕвропаВо Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен. Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога. Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија. Во Белгија откриени 750 килограми кокаин Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија. Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни. Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Европа кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди. Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение. Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура. „Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“. Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот. Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни. Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција. „Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата. Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија. Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција. „Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој. Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20