Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа - Канал 5

Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Се уште непознат бројот на лица со ова заболување во земјава.

Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Пристапноста кои архитектонските бариери кои се околу нас, непочитувањето на правилникот за хоризонтална и вертикална пристапност до објектите, одредени проблеми од здравствената заштита, личен и образовен асистент, ослободување од партиципација во примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита, се дел од барањата и проблемите со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, кои ги истакнаа денеска на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.

– Обезбедување на образовен асистент за да бидат родителите ослободени од шетање по институции и шалтери. Можеби најдобра солуција би бил комбиниран асистент или некоја комбинација од образовен и личен асистент затоа што децата имаат потреба и од едниот и од другиот кој и бил со работно време кое одговара со обврските кои ги има детето кое посетува настава. Придружникот на лицето до церебрална парализа во бања, центар за рехабилитација, болница да биде ослободен од плаќање. Комисијата за мобилност да издава траен наод, а не како сега на шест месеци, за лицата со церебрална парализа и нивните семејства бидејќи шетањето по институции и шалтери на секои шест месеци е нервоза, губење време и трошење на пари. Вежбите во центрите за рехабилитација да се зголемат од 15 (10+5, порано беше 10+10=20) на 30 вежби за шест месеци, бидејќи лицата со церебрална парализа имаат секојдневна потреба од вежби. Бараме ФЗО потврдата за одредено помагало да ја издава еден месец порано заради изработка чевли или нарачување на помагалото, а помагалото да смее да се земе во пропишаниот термин. Да се намали временскиот рок за добивање на ортопедски помагала бидејќи многу бргу се трошат поради условите за живеење. Центри 24/7 каде би живееле лицата со церебрална парализа по смртта на родителите/старателите. Потврдата за ослободување на од партиципација да важи една година како и порано од датум до датум. Лицата со церебрална парализа да се ослободат од партиципација во примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита, како и за лекови и над 26 години, т.е. независно од возраста, се барањата на лицата со церебрална парализа кои денеска беа престатвени од Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност" Македонија до претставниците на институциите МОН, Министерство за здравство, МТСП и Фонд за здравствено осигурување.

Бранимир Јовановски, претседател на Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност", истакна дека една од поголемите цели на овој светски ден е да промовира поинклузивно општество за лицата со церебрална парализа и еден од начините за да се постигне ова е да се едуцира светот за фактот дека церебралната парализа не е изолирано нарушување. Тој посочи дека денеска нема да биде решено некое битно прашање или некоја битна дилема, но, како што рече, ќе ја започнеме постапката за преговори за тоа како овие прашања конечно би го виделе светлото на денот.

– Факт е дека од заболените лица ги има околу 70 милиони на нашата планета, 55 отсто се без интелектуални попречености, меѓутоа останатите имаат потреба од соодветна поддршка. Ние немаме евиденција околу бројката на лицата со церебрална парализа во нашата држава. За жал, нашиот Сојуз со другите национални организации за време на составување на листата за попис кој заврши пред некој ден, инсистиравме да бидат поставени прашања кои ќе ги детерминираат и детектираат лицата со инвалидност, во различната дијагноза и различната потреба за да може конечно Владата да добие бројка за колкав број на овие лица се работи и да може да крои политики кои утре ќе ги подобрат нивните права, бидејќи знаеме дека одредени остварувања на одредени права бара одредени фискални импликации. Меѓутоа, за жал такви прашања не беа составен дел на пописните листи, а од друга страна и многу попишувачи воопшто не ги прашуваат граѓаните дали се соочуваат со некој проблем, некаков вид на попреченост. Сметам дека нема да се добијат релевантни податоци кои ќе можат да послужат за правење на некаква стратегија, рече Јовановски.

Милан Живковиќ, советник на премиерот Зоран Заев за труд и социјална политика рече дека во изминатите четири години, Владата работела многу околу барањата на лицата со попречености и посочи оти тоа не е доволно, но заложбите остануваат исти.

– Една од мерките кои се содржани во програмата е достапност и пристапност до сите институции за сите лица на централно и локално ниво. Грижата треба да ја симнеме и на локлано ниво, односно во локалните заедници, затоа што само преку децентрализацијата и деинституционализацијата и преку комбинирани програми и мерки заедно со организациите од граѓанскиот сектор моѓеме да ја постигнеме целта. Немањето на можноста за време на пописот да успееме да ја добиеме таа слика за лицата со попреченост, со церебрална парализа или било каков друг вид на попреченост. Се согласувам, но во исто време морам до го свратм вниманието и на насоките кои ги доби Владата од релевантните институции дека со тоа би се нарушувало приватноста во делот на попишани лица и тогаш навистина можеби не би ја добиле вистинската слика затоа што некои лица не сакаат да ја споделат пореченоста, тогаш би добиле некоја искривена слика, истакна Живковиќ./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер