Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право - Канал 5

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Историјата на пишаниот збор е своевиден аналогон на историјата на цивилизацијата, која ја сублимира и синтетизира колективната и индивидиална меморија на човештвото.

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право
Ова го истакна директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров на одбележувањето на „23 Април“ Светскиот ден книгата и авторското право за кој оваа година библиотеката подготви заедничка програма во соработка со десет странски културни центри во Македонија.

- Всушност, силата на зборот восприемена во онтолошки смисол, од мугрите на цивилизацијата наваму е фундаментот врз кој почива човековата перцепција за себе и светот кој го опкружува, нагласи Заров.

Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО во својата порака вели дека книгите, како светски симбол за општествен развој, станаа цел за тие што ја напаѓаа културата и образованието, отфрлајки го дијалогот и толеранцијата.

- Во таа смисла нашата порака е јасна: да ги зајакнеме напорите за промоција на книгата, перото, компјутерот, како и сите форми на читање и пишување, борбата против неписменоста и сиромаштијата и да изградиме трајни општества и стабилни темели на мирот, пишува во пораката.

Бокова нагласува дека УНЕСКО има улога на лидер во борбата против неписменоста зашто описменувањето, вели таа, е клучот на знаењето.

- Тоа е есенцијално за самодоверба и осамостојување. Книгите, во сите нивни форми, имаат фундаментална улога. Во светот има 175 милиони млади луѓе – поголемиот број се девојчиња и млади жени – кои не знаат ниту да читаат ниту да пишуваат, па затоа УНЕСКО се залага да ги мобилизира технолошките можности за информирање и комуникација, особено мобилните технологии, за да ја развива писменоста и за да овозможи квалитетно образование, наведува Бокова во пораката.

Во заложбите за промоција на читањето кај младите и маргинализираните групи, УНЕСКО соработува со Меѓународниот сојуз на издавачи, Меѓународното здружение на книжари и Меѓународното здружение на библиотеки и библиотекарски асоцијации.

За таа цел Инчеон, Кореја, е избран за Светски град на книгата во 2015 година, како признание за нивната програма за развој на читањето кај младите и маргинализираните групи. Програмите поврзани со градот на книгата почнуваат на денот на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право.

Македонската порака оваа година ја напиша писателот и академик Луан Старова, кој посочува дека и покрај метаморфозите предизвикани од дигиталната револуција, книгата не престанува да ги здружува луѓето, да ги урива границите во времето и просторот, да истрајува како светилник на надежта.

- За нас, на овие македонски простори, на кои се вкрстувале цивилизации и империи, книгата останала не само незаменлив монумент на меморијата туку и вектор на поврзувањето на вековите. И во оваа наша порака, не само за присет и слава на книгата, си дозволуваме и на повик за универзална мобилизација за продолжување на нејзината мисија. Свесни сме дека ниту еден друг воспитен и образовен инструмент, ниту телевизијата и другите медиуми, не можат да го заменат читањето на книгата, истакна Старова во пораката.

Наградата за најчитан автор врз основа на показатели од јавни библиотеки што ја доделува НУБ „Св.Климент Охридски“ оваа година му припадна на писателот и актер Игор Џамбазов.

- Оваа ми е една од најдрагите награди затоа што знам дека е добиена по пат на анкетирање на нормални луѓе. Луѓе што одат во библиотеки, изнајмуваат книги и замислете ги читаат, рече Џамбазов.

Светскиот ден на книгата УНЕСКО го одбележува од 1995 година, а 23 април е избран зашто на тој датум во иста година (1616) починале двајца великани на светската литература - Шекспир и Сервантес. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер