Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
2Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ЗдравјеОдбележан Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем со промоција на детска книга во СкопјеПо повод Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ), здружението ХАЕ Македонија вчера организираше настан во Порта Македонија, Скопје, со цел подигнување на свеста за оваа ретка болест. Централен дел од настанот беше промоцијата на детската книга „Реткото момче на трка: Отекувам, но не се повлекувам – трчам!“ од авторката Наташа Анѓелеска. Книгата, која е трето продолжение од серијалот за Реткото момче, е инспирирана од вистинита приказна за младиот Огнен Јанковски, кој и покрај напад на болеста, успева да истрча маратон и станува херој на денот. Делото е веќе преведено на осум јазици и има за цел да ги охрабри децата со ретки болести. Како што соопштуваат од ХАЕ, на промоцијата била истакната важноста од достапноста на терапија за пациентите со ХАЕ, а се обратил и Огнен Јанковски (16), кој потенцирал дека и покрај пречките што ги имаме во животот, секогаш треба да се движиме напред без сопирање. По промоцијата, присутните учествуваа во прошетка низ центарот на градот како дел од глобалната иницијатива #active4hae на меѓународното здружение ХАЕи, со цел подигнување на јавната свест за болеста. Во Македонија, хередитарниот ангиоедем досега е дијагностициран кај 24 пациенти, од кои четири се деца. Болеста се карактеризира со болни и потенцијално опасни отоци на различни делови од телото, особено ако се јават на грлото или дигестивниот тракт./МИАТагови: хередитарниот ангиоедем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаСДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори. ВМРО загуби 150 илјади гласови, поддршката им се намалува од ден на ден, резултати нема. Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите. ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена. Но граѓаните веќе ја препознаа оваа игра на Мицкоски и нема да дозволат да бидат измамени. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелови од Драчево и Влае денеска без струјаПоради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.Тагови: ЕВН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026: Канада прв осминафиналистКо-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето! Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0). Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи. Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook