ЗдравјеОдбележан Денот за подигнување на свеста за хронична миелоидна леукемијаСо прегледи на лимфни јазли и информации за хематолошки заболувања одбележан Денот за подигнување на свеста за хронична миелоидна леукемија. Прегледи на лимфни јазли и информации за хематолошки заболувања се реализираа попладнево во центарот на Скопје. Организатор на настанот беше Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со сите видови рак и нивните негуватели, а доктори од Клиниката за хематологија вршеа прегледи и им даваа совети на граѓаните. Со ова беше одбележан и Денот за подигнување на свеста за хронична миелоидна леукемија - 22 септември. Професор доктор Александра Пивкова Велјановска од Универзитетската клиника за хематологија, раководител на Одделот за трансплантација на матични клетки, во изјава за МИА рече дека целта на овој настан е заедно со пациентите и лекарите, да се подигне свеста за борбата против малигните хематолошки заболувања, вклучително и лимфомот. - Населението подобро да се запознае што се првите симптоми, знаци, на ова заболување, како да биде побрза и порана дијагностичката постапка, за да може пациентите во порани стадиуми на заболувањето да дојдат на третман на нашата клиника, појасни таа. Како што информираше таа, последниве години има пораст на ова заболување во државава. - Имаше мало намалување на бројките во периодот на пандемијата со Ковид-19, кога пациентите не доаѓаа на лекар или беа оневозможени да го сторат тоа. Но, по тој период, имаме зголемување на бројот на лимфомите и за понатаму се прогнозира дека ќе има пораст на ова малигно заболување и заради тоа, треба да ја подигнеме свеста и сите заедно да ги вложиме сите наши капацитети, како од пациентските здруженија, така и нас лекарите, за да доведеме до рана дијагностика. Тоа е основно, пациентите да бидат рано дијагностицирани во што поран стадиум. Тоа, бидејќи третманите на пациентите со порани стадиуми на лимфом доведуваат до успешно завршување на третманот со повлекување на болеста и нормален квалитет на живот после тоа, нагласи Пивкова Велјановска. Станува збор за болест главно на возрасни пациенти, меѓутоа може да се јави и кај други лица. - Порано се мислеше дека е болест на постарата популација, на средна популација, некаде од 40 до 60 години, меѓутоа, сето тоа, сега е изместено. Ние на клиниката лекуваме главно возрасни пациенти, над 15-годишна возраст. Болеста е поретка кај детската популација, практично и да не се јавува. Доминантно заболуваат возрасните пациенти. Болеста нема предиспозиција кон одреден пол, посочи таа, додавајќи дека имале и пациенти на 18, 17 и на 16 години. Таа истакна дека важно е да се зголеми соработката меѓу лекарите како професионалци, почнувајќи од матичните лекари, важно е да се препознае рано и рано да се праќаат пациентите на доиследување во терциерното здравство, бидејќи симптомите на почетокот може да бидат неспецифични. - Може да се појави лесно покачена температура, слабост, омалаксаност, губиток во телесна тежина, практично симптоми што наликуваат на многу други болести. Но, појавата на зголемени лимфни жлезди веќе може да биде првиот симптом што би сугерирал на заболувањето малигнен лимфом, децидна беше Пивкова Велјановска. Лидија Пецова, претседател на „Хема-онко“, за МИА изјави дека граѓаните може да се информираат како да ги препознаат симптомите за леукемија, за миелом и за лимфом. - Имаме и еден квиз, еден прашалник, што е многу краток, дали се препознаваат симптомите за миелом и лимфом. Ако се дијагнозира порано, има поголеми шанси да се преживее, нагласи Пецова. Милица Кузмановска, потпретседател и менаџер за комуникации, појасни дека на штандот може да се најдат брошури и материјали изработени од „Хема-онко“ во соработка со доктори специјалисти хематолози. - Да се дознае за симптомите на овие болести, што многу често се слични со симптомите на обична настинка или на грип. Болки во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира едно хематолошко заболување, посочи Кузмановска за МИА. Таа потсети дека ова е само уште еден настан во рамки на септември, што меѓународно се одбележува секаде во светот, како месец посветен на подигнување на свеста за ракот на крвта. Рахела Стефановска од Скопје за МИА рече дека со мултипен миелом за првпат се соочила кога болеста ѝ била дијагностицирана. - Сепак мислам дека јавноста многу малку беше запознаена со оваа болест. Од моментот на дијагностицирање и јас почнав самата да истражувам и да прашувам за болеста. Сепак, благодарение на лекарите на Клиниката за хематологија, кои се многу добри и ги следат сите трендови во медицината и пристапот на докторите, сега сум океј. Веќе не примам терапија и сега сум во ремисија. Сега се чувствувам добро, откри Стефановска. И таа рече дека симптомите се многу слични на останати болести како болки во коски, па можеби некои лица погрешно се упатуваат на физикални терапии и лечење на нешто сосем друго, или пак, анемии. - Укажувам превентивата да се зголеми повеќе кај матичните лекари. Периодот на побрзо дијагностицирање на оваа болест да биде пократок, подвлече Стефановска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЈП „Лајка“ со над 75% зголемен обем на заловувања и ветеринарни третмани во 2026 годинаБележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75%.Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања. Во споредба со истиот период во 2025 година, тоа претставува зголемување од 52% кај заловувањата, 50% кај ветеринарните третмани и 8% кај вдомувањата. Изразено во бројки, оваа година се заловени 440 повеќе кучиња, третирани се 362 повеќе, а нов дом добиле 23 кучиња повеќе во однос на минатата година. Особено значаен раст е забележан во периодот од април до октомври, кога се реализирани 1.014 заловувања и 852 ветеринарни третмани, наспроти 580 заловувања и 483 третмани во истиот период минатата година. Овие резултати укажуваат на значително зголемен интензитет на теренската работа и поголем опфат на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје. Една од поважните промени во работењето на ЈП „Лајка“ е повторното воведување на стратешко заловување по општини, со кое, покрај редовното постапување по пријави од граѓаните, се спроведуваат и однапред планирани теренски активности. Наместо интервенциите да се засноваат исклучиво на поединечни пријави, екипите систематски обработуваат цели подрачја, населба по населба и локација по локација, со цел поголем број бездомни кучиња да бидат опфатени со програмата за хуман третман. Заловените бездомни кучиња поминуваат низ ветеринарен третман кој вклучува стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, тестирање за лајшманиоза, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити, по што понатаму се постапува согласно предвидените процедури. И покрај зголемениот обем на работа, сакаме да посочиме дека долгорочното справување со проблемот на бездомните кучиња не зависи единствено од активностите на претпријатието, туку и од одговорноста на сопствениците на домашни миленици.Затоа упатуваме апел до сите сопственици да ги микрочипираат и регистрираат своите кучиња, согласно законските обврски. Микрочипирањето не е само законска обврска, туку и начин за сигурна идентификација на сопственикот, особено во ситуации кога кучето ќе се изгуби или ќе биде затекнато на јавна површина. Одговорното сопствеништво, спречувањето на неконтролираното размножување и ненапуштањето на милениците се неопходни за долгорочно намалување на бројот на бездомни кучиња. Резултатите од 2026 година покажуваат значителен напредок во обемот на работењето на ЈП „Лајка“, но и ја нагласуваат потребата од континуирана работа, институционална соработка и поголема одговорност на сопствениците, со заедничка цел - похуман и поодржлив пристап кон проблемот со бездомните кучиња во Скопје.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook