Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада - Канал 5

Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада

Во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска беше одбележан Денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), најголемата борбена единица во Армијата, соопшти Министерството за одбрана.

Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада

На одбележувањето присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и ГШ, пратеници од Собранието, поранешни команданти на единицата, воените аташеи, претставници на локалната самоуправа и институциите со кои соработува единицата и други гости.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, честитајќи им го Денот на единицата на припадниците на бригадата, истакна дека оваа единица е колевка на слободарските традиции од народноослободителната борба, но и единица чии високи критериуми и стандарди во обуката се посветено и напорно градени низ повеќе трансформации.

- Затоа со гордост ќе истакнам дека годинава, кога навршуваме пет години од нашето полноправно членство во НАТО, токму оваа единица беше поле каде се создаваа стандарди, се градеа критериуми за интероперабилност и каде оперативната способност најчесто беше презентирана пред партнерите од Алијансата, истакна генералот Ѓоргоски.

Командантот на бригадата, бригаден генерал Дејан Чиплаковски потенцираше дека Првата пешадиска бригада е примарниот капацитет при исполнувањето на обврските произлезени од членството во НАТО, дефинирани преку целите на способности.

- Нашата посветеност кон НАТО останува непоколеблива и не затоа што тоа е единствениот пат, туку затоа што тоа е вистинскиот пат. Оваа година го одбележуваме јубилејот – пет години од полноправното членство во НАТО. Пет години во кои многу пати досега покажавме дека заедно сме посилни, без разлика дали учествуваме во меѓународни мисии, обуки, вежби или помагаме во справување со последиците од елементарни непогоди, наведе генералот Чиплаковски.

На одбележувањето беа доделени и НАТО медали на припадниците од составот на 1.пбр, кои беа распоредени во мировни мисии во изминатиот период, стимулативни мерки за припадници на бригадата, а беше прогласена и најдобрата единица во бригадата, признание кое оваа година го доби втората чета од Вториот пешадиски баталјон.

Командантот на 1.пбр, генералот Чиплаковски, во знак на одличната соработка и придонесот во градењето на борбената готовност и обученоста на единицата, на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот на Армијата им врачи плакета со лого на единицата.

Со одлука на претседателот и врховен командант на Армијата, 2 април е одреден за Ден на 1.пбр, како датум на кој оваа единица ги презема задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови.

Првата пешадиска бригада е главна борбена сила на Армијата на Македонија, која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка на цивилното население при природни катастрофи, епидемии и други непогоди, а надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во операциите предводени од НАТО, ОН и ЕУ.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

 Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.

Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.

Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, постапувајќи по жалба на правното лице, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел решение со кое ја преиначил одлуката на судијата на претходна постапка и дозволил одмрзнување на паричните средства, а во замена е определена мерка – забрана за располагање и оттуѓување на недвижен имот и моторни возила во сопственост на правното лице.

За одлуката на Кривичниот совет на битолскиот суд, ОЈО Битола ниту беше известено, ниту имаше право на жалба. Одлуката за одмрзнување на паричните средства била донесена дури 2 месеци по изјавената жалба на правното лице и на истиот ден кога Основното јавно обвинителство Битола во Судот поднесе обвинение против 10 лица за злоупотреби при јавни набавки за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола преку кои постои сомнение дека била стекната значителната имотна корист. Со обвинението се предлага одземање на таа корист доколку биде донесена осудителна пресуда.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола смета дека со донесеното решение на Кривичниот совет за одмрзнување на паричните средства се оневозможува односно се прави целосно неизвесна идната евентуална конфискација на овие парични средства како директна имотна корист од кривичното дело.

Уште повеќе што со преиначување на првично определените мерки Судот дозволил во замена за паричните средства да биде замрзнат имот – една парцела во индустриска зона и 37 возила за кои воопшто не постои доказ дека се стекнати по извршување на кривичното дело или дека имотната корист била употребена за нивна набавка. Станува збор за возила од кои повеќето се произведени во 2007 и 2008 година, а дел и во 90-тите години од минатиот век што никако не упатува дека биле предмет на кривично дело кое согласно обвинението било извршено во 2022 и 2023 година.

Од тие причини ОЈО Битола итно реагираше по дознавањето за оваа одлука, ги извести Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање и веднаш достави нов предлог до Судот за обезбедување на имотната корист додека трае постапката. Судечкиот судија во предметот го прифати предлогот и донесе решение одново да ги замрзне паричните средства на сметката на РУД-КОП, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

 Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен).

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Утре, како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а.дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Во Скопје, во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер. Во деновите од викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.

притисни ентер