Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот - Канал 5

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, 7 октомври, денеска во „Европска куќа“ во Скопје беше означен почетокот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија. 

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

Преку симболично засадување на младо растение како синоним за нов живот кој треба да се негува, присутните оддадоа почит, како што беше кажано, на сите 19 донори и на нивните семејства, благодарение на кои во последниве три години, 67 лица добија орган и шанса за нов живот.

Педесет и седумгодишниот Иван Огњановски е еден од тие 67 лица. Во мај 2020 година му било трансплантирано срце од починат донор. Тој е првиот пациент во земјава кај кого беше направена трансплантација на срце.

- Треба да сме свесни дека понекогаш некој крај значи и нов почеток. Нов живот. За нас како пациенти тоа е нов почеток, за семејствата е можеби утеха дека дел од нивните најблиски продолжува да живее. За сите останати е надеж и верба во добрина во ова малку тешко време кое го живееме. Денес, три години по трансплантацијата, семејството на дарителот е мое ново семејство. Постојано имам покани за дружби во Дојран. Тоа за мене значи и нов живот и нови пријатели. Тешко е на тие средби кога се навраќаат и на најблиските кои не се веќе живи, ама во исто време, зборуваме и за она што значи иднина, посочи Огњановски.

Дарко Голубовски, пациент кај кого била направена трансплантација на срце, се заблагодари на сите што му дариле, како што рече, нов живот.

- Среќен сум со новото срце. Го дочекав. И се заблагодарувам на фамилијата. Благодарен сум на сите, ми дарија нов живот. Тоа е за мене благослов. Моето срце го изгубив, ама ова ќе го чувам. Верував кога ми викаа дека ќе ми биде подобро, откри Голубовски.

Процесот на трансплантација од починат донор во Македонија започна во 2015 година по донесените законски измени кои ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со започнување на мултиорганската трансплантација, или трансплантацијата на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата 2022 година за првпат е направена трансплантација на црн дроб. За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.

Евроамбасадорот Дејвид Гир изрази задоволство од настанот и кажа дека донацијата на органи е тема што ги засега безброј индивидуи и семејства.

Како што посочи, последниот извештај за земјава од страна на Европската комисија, покажува дека имаме напредок изминативе години, кога станува збор за донација на органи и нивна трансплантација.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека за релативно краток период, од само три години успеале од речиси нула донори, да стигнеме до мултиорганска трансплантација.

- Денес на нашите клиники се работи трансплантација на срце, црн дроб, коскени ткива и бубрези и сето тоа, успешно. Со гордост можам да кажам дека во Македонија постои систем во Министерството за здравство, кој е клучен предуслов за успех во трансплантациите на органи и ткива. Постои одличен систем за следење на органите и нивна распределба во склоп на „Мој термин“. Имаме транспарентни листи за чекање и софтвер за избор на реципиенти, подвлече Меџити пред присутните.

Трансплантациите, како што појасни министерот, се реализирани преку Програма за трансплантација од страна на Министерство за здравство.

- Првата трансплантација на срце од кадавер е направена во април 2020 година. Досега се трансплантирани девет срца, три црни дроба и 34 бубрези, рече Меџити.

Тој упати благодарност до семејствата кои се согласиле во најтешките моменти, да ги донираат органите на своите блиски и со тоа да спасат животи.

- Токму семејствата на донорите, ја подигнаа јавната свест за органодарителство во земјава, со што ќе спасат уште многу животи, за тоа сме им бескрајно благодарни. Сакам да упатам благодарност и до сите лекари, медицински персонал, кои учествуваат во процесот на трансплантации, со вашата стручност и посветена работа, направивте многу, додаде министерот.

Националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова - Мијовска го поздрави проектот, што ќе опфати и едукации, кампања, синхронизација на легислативата.

Таа рече дека треба да се поклониме на семејствата кои несебично во најтешките моменти дарувале, без да размислуваат кој ќе ги добие органите, едноставно „дале дел од себе, дел од нивното семејство, за други да продолжат да живеат“.

- Јас сметам дека пораката е, вие спасивте животи, едноставно, без разлика колку експертизата е во нашите раце, во суштина, одлуката е таа прва што води кон трансплантација. Значи, трансплантацијата по себе не би постоела, доколку не постои органодарителство, истакна Мојсова - Мијовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Среде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)

Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. 

Среде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)

За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans.

Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот.

За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут.

Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит

По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка.

Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена.

Таа има повеќе од 500 илјади следбеници

Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година.

Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1.

Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си.

Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции.

Тие не знаат кои супстанции ги земаат

Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин.

Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи.

Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат.

Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење.

Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси.

Дополнителен предизвик за безбедносните служби

Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти.

Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата.

Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции.

Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување.

Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување.

Снабдувањето со дрога постојано се менува

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“.

Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“.

Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците.

Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе

Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Голем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе

Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева.

Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад.

„Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа.

20 милиони луѓе се изложени на ризик

Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко.

И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа.

„Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа.

Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања.

Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер