Одбележан денот на Армијата, орден за воени заслуги за македонските мировници - Канал 5

Одбележан денот на Армијата, орден за воени заслуги за македонските мировници

Безмалку 20 години, македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее во постабилно опкружување и сето тоа без ниту една жртва од нашите мировници! 

Одбележан денот на Армијата, орден за воени заслуги за македонските мировници

За професионалноста на нашите војници, нивната храброст и посветеност многумина беа одликувани со високи воени и цивилни почести од претставници на членките на Северноатлантската алијанса. Ужасните слики кои доаѓаат од таа земја последниве денови не беа можни додека нашите војници заедно со 130.000 мировници од 50 држави од светот беа таму. Затоа донесов одлука да ги одликувам со Орден за воени заслуги сите припадници на Армијата кои беа во мисијата во Авганистан во изминатите две децении. Нашите војници тоа го заслужија.

Ова денеска го истакна претседателот и врховен командант Стево Пендаровски на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август. На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министри во Владата, генерали и дипломатскиот кор во земјава.

Пендаровски нагласи дека Денот на Армијата – 18 Август, најголемиот празник на војската го одбележуваме во година на два големи јубилеи за нашата држава. На 11 октомври ќе прославиме 80 години од почетокот на Народноослободителната и антифашистичка борба низ којашто првпат партизаните создадоа слободна македонска држава. Следниот месец, на 8 септември, ќе одбележиме 30 години од македонската независност. Според него, како заштитници на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, припадниците на Армијата се живата врска меѓу овие два големи јубилеи и два големи историски потфати за нашите граѓани и држава.

Во изминативе три децении, рече тој, се соочивме со многу внатрешни и надворешни предизвици во безбедносниот, политичкиот и геополитичкиот амбиент. Низ тие циклуси на промени, сите легитимно избрани државни раководства, без исклучок, како што рече, следеа една константа, утврдена уште на почетокот на независноста. А тоа е јасно изразената волја на огромното мнозинство македонски граѓани за целосна интеграција во евроатлантската заедница на демократски држави. Интеграција што подразбира меѓусебна поддршка и помош, но, и заеднички акции со нашите сојузници.

-Во име на таквата коалиција базирана врз заеднички вредности, во 2002-та донесовме тешка одлука да испратиме наши војници во Авганистан, врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1386. Иако бевме тукушто излезени од внатрешниот конфликт, Собранието во август 2002-та со целосен консензус на сите политички субјекти, без и еден глас против ја донесе првата Одлука за наше учество во меѓународната мисија ИСАФ. Во текот на овие 19 години, над 3.300 припадници на Армијата учествуваа во оваа исклучително сложена меѓународна мисија. Првата ротација ја започнавме како кандидат, а последната ја завршивме како членка на НАТО, нагласи Пендаровски.

Според шефот на државата, ако ја сумираме оваа мисија, јасно е дека без учество во мисијата во Авганистан немаше да станеме членки на НАТО алијансата.

Претседателот Пендаровски донесе одлуки за доделување Повелба на Република Македонија и на Артилерискиот баталјон и на Центарот за странски јазици. Потсети во изминатава година Артилерискиот баталјон во состав на 1. пешадиска бригада беше активен на сите полиња. Дел од припадниците на баталјонот беа и се вклучени, не само во справување со брановите на мигранти и пандемијата на КОВИД-19, туку и во гаснењето на катастрофалните пожари што беснеат на повеќе места во нашата држава. Центарот за странски јазици, пак, веќе 20 години организира стручни курсеви за потребите на Министерството за одбрана и Армијата, и со тоа ја овозможува нивната интероперативност со структурите на НАТО.

Со Повелба на Република Македонија е одликуван и одбранбеното аташе на Кралството Норвешка, потполковник Егил Далтвејт. – Во изминативе три години, благодарение на неговиот професионален и личен ангажман, обезбедени се значителни донации за справување со пандемијата на КОВИД-19, но и за јакнење на капацитетите на Министерството за одбрана, на Воената Академија и воопшто, на борбената готовност на Армијата. Ние знаеме да ги препознаваме, почитуваме и вреднуваме своите пријатели, меѓу кои секако спаѓа и потполковник Далтвејт, рече Пендаровски.

Тој изрази благодарност до сите храбри мажи и жени во униформа кои се активно вклучени во справувањето со пандемијата со Ковид-19 и во гаснењето на пожарите.

Во таа насока, како што рече, час поскоро треба да влеземе во процес на анализа и промислување како да изградиме поотпорен и поефикасен систем за намалување на ризиците од катастрофи.

– Во изминативе неколку години постојано го зголемуваме буџетот за одбрана и мораме да продолжиме со инвестирање на ова поле. Тоа е неопходно за да имаме Армија подготвена за учество не само во мировни мисии или воени вежби, туку и армија со капацитет, во секое време, да им помогне на своите граѓани во соработка со надлежните цивилни структури, рече Пендаровски.

Министерката Шекеринска направи ретроспектива на сето она што е постигнато во изминатата година и им оддаде почит на сите војници, подофицери и офицери кои повторно, како што рече, станаа наши јунаци кога се соочивме со огнените стихии низ цела држава.

-Овој 18 Август Ве повикувам да го посветиме токму на благодарност до секој припадник на Армијата, кој во изминатава година ја оправда својата служба, ја оправда и го покажа своето херојство и буквално не знам по којпат ја задолжи татковина, порача Шекеринска.

Министерката потсети дека секој приапдник на АРМ има повисоки примања, подобри услови за работа, целосно нов и правичен систем за пензионирање. –Обезбедивме лична опрема, спортска опрема, балистичка опрема, обезбедивме договори и долгорочно финансирање на нови и современи воени транспортери кои нема да значат само бнезбедност нс државата, туку и безбедност на луѓето кои не обезбедуваат, заштитна оние кои не штитат, но и нова комуникциско информатичка опрема, ново вооружување. Така и ќе продолжиме. Ќе продолжиме да инвестираме во нашите луѓе, во опрема и знаење, но и во нашата сигурност и државниот симбол број еден, а тоа е Армијата, рече Шекеринска.

Според неа, двата конкурси во последниве два месеца покажаа колку пораснал интересот на младите луѓе да работат во Армијата. На првиот конкурс за 200 работни места имало над 1.800 млади кандидати, на следниот за 100 работни места имало повеќе од 900 кандидати. Девет кандидати за секое работно место. Тоа, како што рече, е придобивка за Аррмијата, но и доказ дека армиската професија навистина станува посакувана. Посочи дека по недозволиво долга пауза од 11 години, без ниту еден произведен подофицер во изминатава година произведовме 120 нови подофицери, а дополнителни 70 ја започнуваат обуката оваа недела.

Министерката Шекеринска рече дека остануваме активни во Либан и Централноафриканската република, а дека се планира и поголем ангажман во БиХ, како и учество во НАТО мисиите во Балтичкиот регион. Изрази благодарност до Словенија, Србија, Австрија, Романија, Црна гора, Франција, како и ЕУ и НАТО механизмите за цивилна поддршка за големата помош во гаснењето на пожарите.

-19 години повеќе од 3.500 припадници на Армијата заедно со останатите НАТО сојузници им помагаа на институциите на Авганистан да зајакнат. Последната ротација, воена, заедно со медицинскиот тим безбедно се врати дома на крајот на јуни оваа година. Во тие две децении немавме загуби, а имавме бројни пофалби за подготвеноста на нашите војници за своите задачи. Со загриженост ја следиме ескалацијата на ситуацијата во Авганистан и неуспехот на авганистанските институции да гарантираат стабилност на своите граѓани. Тој неуспех и драматичните слики од Кабул никој не смеат да го остават рамнодушен и затоа одлучивме да не молчиме. Како држава којашто искористила туѓа помош во минатото, понудивме поддршка и прифаќање на авганистански граѓани, заедно со своите смејства во хуманитарните и миротворните мисии,активисти за човекови права, новинари, преведувачи, стипендисти, како и дел од оние граѓани кошто во изминативе години беа поддршка на НАТО сојзуницте, па и поддршка на македонската армија, изјави Шекеринска.

Началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски вети дека ќе продолжи да менаџира со сите човечки и материјални ресурси на Армијата, одговорно и со голем ентузијазам и проактивност во остварување на мисиите и задачите на Армијата, но и државните стратегиски цели во интерес на граѓаните. Тој им оддаде признание и благодарнсот на сите учесници во кризата со мигранти, пандемијата и пожарите, како и на сите доктори, медицински персонал, пожарникари, припадници на МВР….

Во рамки на свеченоста, беа доделени медали од Командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Грегори Најт. Медал за истакната служба на државата Вермонт доби министерката за одбрана Радмила Шекеринска за извонредни постигнувања во изминатиот период, а медал за заслуги доби генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Признанија од началникот на ГШ на Армијата им беа врачени на министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ, директорот на ГОБ „Осми Септември" – Скопје Христијан Костов, директорот на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими, командантот на баталјонот за воено-медицинска поддршка потполковник Елизабета Наумовска Петрески. Беше доделена Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка на персоналот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје д-р Илир Демири, д-р Крсто Гроздановски, д-р Билјана Петреска, медицинската сестра Мамудије Ибраими и новинарот од МТВ Милчо Велевски.

Од министерката за одбрана Радмила Шекеринска беа доделени признанија запосебно и пожртвувано ангажирање и квалитетно извршување вонредни задачи заради отстранување на последиците од елементарните непогоди предизвикани од огнените стихии што ја зафатија земјава. Со Плакета на МО е наградена Командата за операции, а благодарници добија Град Скопје, Министерството за култура, Фондацијата „Фридрих Еберт" – Скопје, МНТ, јавните претпријатија „Паркови и зеленило" и „Водовод и канализација"… Пофалени беа повеќе наредници, доктори и повеќе медицински лица…

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. 

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас

Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот.

-Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху.

-Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот.

Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата.

Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа.

-Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно.

-На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел.

-Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени.

-Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта.

7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето.

Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденции

Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од  Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.

За повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденции

Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ.

Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот.

Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за намерно предизвикување стечај со цел избегнување на обврски кон доверители

Намерно предизвикал стечај на својата фирма додека друга фирма бара да си наплати речиси пет милиони евра- Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес против сопственик и управител од Валандово.

Кривична пријава за намерно предизвикување стечај со цел избегнување на обврски кон доверители

Намерно предизвикал стечај на својата фирма додека друга фирма бара да си наплати речиси пет милиони евра- Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес против сопственик и управител од Валандово, а според информациите кои ги објави „Слободен печат“, се работи за зетот на поранешниот премиер Заев, Атанас Костов.

Според доказите тој ја однел фирмата во стечај, во периодот од 2020 до 2023 година за да ги избегне долговите, од кои најголем бил тој кон австриската фирма АММА која за наплатата има пресуда од Арбитражниот суд во Виена. Од Финансиската полиција објавија дека се обидел привидно имотот да го префрли на друга фирма, а потоа парите ги префрлал на фирма на сопругата.

Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, првопријавениот, со помош на третопријавениот Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото, при што биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото.

Спорот меѓу австриската „АММА“ и фирмата на Костови „Дена продукт“ трае веќе неколку години. Според информациите во медиумите, наместо да извезуваат корнишони од прва класа на австриската фирма, мамеле и извезувале на друга странска фирма.

За спорот на двете фирми во 2023 година имаше реакција и од австрискиот амбасадор во земјава Вуцас кој ги потенцираше роднинските врски врски на Зоран Заев и неговата прва братучедка, Емилија Заева Костова.

Тогаш тој побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да се отстранат сите пристрасни судии и обвинители поврзани со овој случај.

Инаку стечјаната постапка е се уште во тек, а од исходот на овој спор ќе се знае кој ќе може да наплати од стечајната маса на фирмата од Валандово.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер