Одамна загубена слика од Рубенс е продадена за 2,3 милиони евра на аукција во Версај - Канал 5

Одамна загубена слика од Рубенс е продадена за 2,3 милиони евра на аукција во Версај

Одамна изгубена слика од барокниот сликар Петер Пол Рубенс, скриена повеќе од четири века, продадена е за 2,3 милиони евра на аукција во Версај.

Одамна загубена слика од Рубенс е продадена за 2,3 милиони евра на аукција во Версај

Сликата, која неодамна беше пронајдена во приватен дом во Париз, го прикажува распнувањето на Исус Христос, објавува АП.

Беше дел од француска колекција и првично се сметаше дека потекнува од една од многуте работилници на Рубенс во тоа време.

Делото долго време се проценуваше на не повеќе од 10.000 евра.

„Веднаш имав чувство за оваа слика и направив сè што можев за да се обидам да ја утврдам нејзината автентичност“, изјави аукционерот Жан-Пјер Озенат за АП.

Тој рече дека на крајот официјално била потврдена како автентична од Рубенсовата комисија, Рубенс во Антверпен.

Нилс Битнер, експерт познат по своите истражувања за Рубенс, објасни пред аукцијата дека често сликал сцени од распнувањето, но ретко го прикажувал „распнатиот Христос како безживотно тело на крстот“.

„Ова е единствената слика што прикажува крв што тече од раната во ребрата на Христос, а тоа е нешто што Рубенс го насликал само еднаш“, рече тој.

Аукциската куќа „Осана“ соопшти дека автентичноста и потеклото на делото се потврдени по научна анализа.

Се вели дека микроскопското испитување на слоевите на бојата открило не само бели, црни и црвени пигменти во деловите што ја претставуваат кожата, туку и сини и зелени пигменти, чија употреба е типична за приказите на човечка кожа на Рубенс.

Експертот за уметност Ерик Туркин изјави пред преполната сала во Версај дека сликата практично исчезнала до почетокот на 17 век.

Познато е дека му припаѓала на францускиот класичен сликар од 19 век, Вилијам Бугеро, пред да биде наследена од неговите потомци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер