Од Влада демантираат дека Мицкоски се однесувал нечовечки и без почит кон родителите на загинатите во Кочани - Канал 5

Од Влада демантираат дека Мицкоски се однесувал нечовечки и без почит кон родителите на загинатите во Кочани

Владата демантира дека Премиерот Христијан Мицкоски се однесувал нечовечки и без почит кон родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани на средбата која се одржала во премиерскиот владин кабинет пред десетина дена. 

Од Влада демантираат дека Мицкоски се однесувал нечовечки и без почит кон родителите на загинатите во Кочани

Откако на фејсбук Здружението на граѓани „16 Март Кочани“ објави соопштение во кое се наведува дека Премиерот на средбата им рекол на родителите „да си одредат цена за своите деца“ , од Владата велат дека злоупотребата на болката не носи правда, како и дека сведување на дискусијата на ниво „колку чини“ не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на владините постапки.

-Владата жали за впечатокот кој некои го добиле, но тие средби досега не се ни први, а ни последни и апелираме да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство. Тоа беше втора средба со семејствата и ние би потсетиле дека премиерот за време на средбата од почетокот и до крајот разговараше и се поздрави изразувајќи сочувство со сите присутни поединечно и низа други гестови и иницијативи и работи кои од етички и човечки причини навистина не сакаме да бидат предмет на јавна дискусија затоа што се интимни и длабоко приватни и ние тоа сакаме да го почитуваме.-ВЛАДА.

Од Владата велат дека се тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе бидат со нив „дури и кога за некои работи ќе имаат различни мислења“. Апелираат да не се злоупотребуваат овие настани и моменти и да не се суди врз база на гнев и тенденција.

Претходно, родителите на децата кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во обраќање преку Фејсбук страницата на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“ го обвинија премиерот дека длабоко ги навредил на состанок. Според нив, освен што ги поздравил со „Здраво! Како сте?“, кога го разгледувал барањето за еднократна парична помош за душевна болка, премиерот им рекол: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца“.

На почетокот на месецов родителите испратиле барање и до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Со премиерот се сретнале на 7 јули во Скопје, иако инсистирале средбата да се одржи во Кочани, затоа што од Кабинетот им било одговорено дека тоа не е можно од безбедносни причини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап.

Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години.

Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година.

Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада.

Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

 Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер.

Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер