Од вечерва до 20 август светската музичка и сценска елита на 63. „Охридско лето“ - Канал 5

Од вечерва до 20 август светската музичка и сценска елита на 63. „Охридско лето“

Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста, преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата - Фестивалот „Охридско лето“. 

Од вечерва до 20 август светската музичка и сценска елита на 63. „Охридско лето“

Од вечерва ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа се местата каде ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, во она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

Програмата нуди неповторливи настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид. Вљубениците во уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот - Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Македонија.

Како и секоја година отварањето на Фестивалот носи посебна возбуда и избрана содржина...Првата фестивалска вечер годинава е резервирана за познатата сопранка, Ангела Георгиу, уметницата која ги полни најголемите сали низ светот, познатите Карнеги Хол, Метрополитен, Лондон, Дубаи...Таа на инспиративната сцена на Античкиот театар ќе настапи со симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентска управа на Чипријан Теодорашку, со кого најчесто настапува. Нејзичниот ангелски глас, како што е најавено од организаторот, ќе ја одведе публиката на патување низ светот на класичната музика, преку ариите од најпознатите опери...

Концептот и на годинешното фестивалско издание ги следи заложбите во текот на сите 40 фестивалски денови „Охридско лето“ да понуди квалитетна и атрактивна програма со врвни светски уметници.

Оваа година музичката програма носи околу 70 проценти од фестивалските збиднувања, претостанатото е во делот на сценската уметност – драмската програма со татарските престави.

Тука се и настапите на виолинистот Немања Радуловиќ и оркестарот „Double Sense“, „Френк Дупре“ џез триото, како и пијано рецитал на Френк Дупре, виолинистката Ирина Муресану со оркестарот „Фејмс“, камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, кларинетистот Пабло Бараган заедно со пијанистот Елоис Бела Кон, камерниот ансамбл „La Spagna“, дувачкиот камерен ансамбл „Камерата академика“ од Словенија, виолинистот Роман Симович, светски познатиот пијанист Алексеј Ботвинов, концерт на Јозеф Тавардос на уд...

Театарската програма ќе биде отворена со Стивен Фридмен и Офф Бродвеј претставата Бикот на Фаларис. На 26 јули „Охридско лето“ ќе го донесе едно од најголемите светски глумечки имиња на сите времиња, актерот Џон Малкович со претставата „Пеколна комедија - исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген.

Три дена подоцна, на 29 јули ќе биде одиграна „Ана Каренина“, во продукција нa Ујвудеки Зинхаж од Нови Сад, во режија на нашиот режисер Дејан Пројковски. На фестивалската прогама е и премиерата на претставата „Едвард Втори“, на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес, по текст на Кристофер Марлове, режирана од европскиот авторитет, украинскиот режисер Андриј Жолдак. Настап ќе има и Охридскиот народен театар со „Серјожа е туп“ од Димитри Данилов, а во режија на Дајана Николовска. Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе му даде сценски приказ на едно од најголемите книжевни дела „Декамерон“ од Џовани Бокачо, во драматизација на Лидија Митоска- Ѓорѓиевска, а во режија на Мартин Кочовски. МГЛ-ГРадфскиот театар од Љубљана гостува со претставата „Нора“ од Ибзен, во режија на Нела Витошевиќ...За затворање на фестивалот во Охрид доаѓа најголемата регионална ѕвезда, актерот Милош Биковиќ во претставата „Лагата од Флоријан Зелер“, во режија на Никола Љуца, а во продукција на Белградскиот драмски театар. Биковиќ ќе настапи саедно со извонредните Тамара Крцуновиќ, Миoдраг Радониќ и Јелисавета Теодосиќ...

За роденденот на „Охридско лето“ секогаш се избирале посебно атрактивни уметнички содржини. Оваа година на 4 август за првпат на фестивалот фадо музика, со Јоана Амендоира, изведувачка која има снимено најмногу албуми со фадо музика од сите останати уметници од тој жанр.

И ова фестивалско издание ќе биде издвоен простор за домашните уметници. Тука е музичко-сценскиот проект на МОБ со „Госпоѓиците од Авињон“, комбинирана балетска престава на музика напишана од Калопи. Тука е и вечерта разервирана за концертот што секоја година го организира Музичката младина на Македонија како веќе етаблирана фестивалска содржина. Тука се и пијано-рециталот на Кека Мимоза, Дино Имери, концертот на дуо-пијано Гелебешеви, настапот на трио „Аура“, празничен концерт со духовна музика на хорот „Про-Арс“...Една од музичките вечери ќе биде посветена на охридскиот флаутист кој прерано замина од овој свет – Илија Зимбо.

Фестивалот „Охридско лето“ е дел од семејството на Европската асоцијација на фестивали уште од 1994 година, кога и официјално зачекори кон остварување на мисијата - културна Европа со заеднички врвни културни вредности.

„Охридско лето“ денес претставува големо достоинство и исклучителна културна придобивка за Охрид и Република Македонија, манифестација што на најдостоинствен и најрепрезентативен начин не промовира ширум светот.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува со под покровителство на Претседателот на Републиката, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а помогнат од Општина Охрид, како и од бројни спонзори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер