Од утре почнува лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и со примена на озонотерапија - Канал 5

Од утре почнува лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и со примена на озонотерапија

Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември" ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче.

Од утре почнува лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и со примена на озонотерапија

-Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се земе таа плазма од еден пациент којшто е утврдено дека е во фаза во која што има антитела што можат да се дадат на пациент и озонотерапијата со оној апарат којшто го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември". Има соодветни индикации, не може кај било кого да се аплицира, рече Филипче.

Министерот рече дека сепак, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.

Филипче повтори дека се уште нема одлука за тоа колква ќе биде полицискиот час за првомајскиот викенд потенцирајќи дека тоа ќе зависи од однесувањето на граѓаните, кои мора да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема односно маски бројот на новозаболни во следните денови.

– Рано е да кажеме колку часови ќе биде полицискиот час за време на продолжениот првомајски празник, ќе ја почекаме анализата на бројот на случаи од следните неколку денови па до четврток ќе се донесе одлука. Сакам да кажам дека сите опции се отворени затоа што не знаеме каква недела ќе имаме пред нас во однос на новодијагностицирани случаи, рече Филипче.

Каква и да биде мерката, не само за овој викенд туку и за деновите пред нас во однос на полицискиот час, потенцира тој, ова е време во кое мора сите да се стрпиме да издржиме затоашто само така придонесуваме и за нашето здравје и за здравјето на сите околу нас.

Повтори, како што кажа, дека „некои работи во однос на санкциите треба да започнат и порано, бидејќи дел од граѓаните не ги почитуваа мерките".

-Повеќе од 60 земји од светот имаат воведено вакви рестриктивни мерки и само тие даваат резултати. Има економски и социјален притисок, не само кај нас, но не може туку така да ги олабавиме мерките и да ги пуштиме луѓето слободно да се движат затоа што може да се соочиме со ризик од пик на заразени, нешто што успешно го избегнавме со ова сценарио. И во таа смисла затоа ова зголемување на времето на движење на граѓаните се комбинира со задолжително носење на заштитна опрема, вели министерот.

Според него, ова не е олабавување на мерките туку воведувањето на маските, е дополнителна рестриктивна мерка.

-Зголемување на бројот на часови за движење заедно со носење на заштитна маска би рекол дека е порестриктивна мерка, рече Филипче, посочувајќи дека ризичните групи се раздвоени, а маската е задолжителна што е дополнителна рестрикција во однос на претходно.

Работна група од експерти од Комисијата за заразни болести и стопанските комори работат на тоа како ќе бидат организирани производствените капацитети и одредени мали бизнисни, иако некои од малите претпријатија кај нас функционираа. Но, многу е рано, вели тој, да се зборува за отворање на училиштата и на градинките.

– Тоа ќе биде еден систем што ќе бара реорганизација во однос на бројот на учениците во училиштата, соодветно дистрибуирани по училниците и занимални на децата во градинките. Сега сме се уште фокусирани на очекување на максималниот број на пациенти. Тогаш кога оној фактор ќе падне под единица, бројот на пациенти ќе почне да се намалува ќе почнат и другите мерки, рече Филипче.

Филипче, како што кажа уште два дена е во домашна самоизолација, а потоа треба да направи задолжително тестирање. Времето го користи, како што рече, меѓудругото да направи ретроспектива на тоа што е направено во изминатиот период во борбата со ширење на коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер