Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп" - Канал 5

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп"

Фестивалот „Вино Скоп", што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје.

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп"

На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби.

– Од 4 до 8 мај се враќа „Вино Скоп", еден настан којшто ги претставува најпозитивните денови за мене во Скопје, којшто за жал некое време го немаше, но по мала пауза се враќаме пак назад. Можеме да кажеме дека е еден од најголемите настани што се враќа после короната, истакна актерот Столе Мицов на денешната прес-конференција.

Тој најави дека на Фестивалот ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите Фолтин, Ласт Експедишн, Фиц и Студени Нозе, Суперхикс, пејачите Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер и Игор Џамбазов, како Здружението на Џез музичари „Биг Бенд".

Во недела, на последниот ден на Фестивалот, Мицов најави дека на сцена ќе бидат македонски блуз музичари и целиот ден ќе биде исполнет со блуз музика.

Даниел Апостоловски од Град Скопје најави дека ќе има десетина настани од ист карактер кои се под покровителство на Град Скопје.

– Меѓу нив се Џез фестивалот што започна на 30 април во паркот Ибни Пајко, којшто е во организација на Здружението Џез Музичари, потоа „Вино Скоп" како еден од поголемите настани, потоа Скопскиот градски фестивал којшто ќе се одржи на 6 и 7 мај на школка во Градскиот парк, Фјужн фестивал од 29 јуни до 3 јули, Кларифест од 1 до јуни, Десонас – фестивал на електронска музика некаде при крајот на месец јуни, Скопје колинг на 16 јули, Фолк фест „Скопје" од 23 до 27 јули и концерт на Влатко Лозановски, за кој дополнително ќе ја утврдиме и локацијата и датумот, најави Апостоловски и додаде дека скопјани ова лето ќе имаат можност и да излезат и да прошетаат после долга пауза без забавни настани.

Директорката на „Вина од Македонија", Елена Младеновска-Јеленковиќ информираше дека македонското вино во последните години бележи голем пораст на квалитетот.

– Се надевам дека овој настан „Вино Скоп 2022" ќе биде еден од оние настани каде што ќе го славиме виното, особено македонското вино, коешто во минатите години бележи многу голем пораст на квалитетот. Сите винарии во Македонија не само што го подобруваат процесот на производство, туку воедно ги едуцираат и лозарите за да може да имаме еден производ што е на високо ниво којшто заслужува да се најде на полиците на светските пазари, објасни Младеновска-Јеленковиќ.

Таа исто така најави дека за време на Фестивалот љубителите на виното ќе имаат можност да вкусат околу 30 македонски вина од винариите членки на Здружението „Вина од Македонија", од семејните винарии, како и странските вина коишто ќе бидат претставени во фестивалот.

Организатори на фестивалот се Крафт продукција и здружението „Вина од Македонија", додека главен покровител на целиот настан е Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер