ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
2ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
КултураОд утре до 7 јули во Охрид 64. издание на „Баканскиот фестивал на народни песни и игри“Од утре до 7 јули во Охрид ќе се одржи годинешното 64. Издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“, една од најстарите и најмасовните културни манифестации од тој вид во земјата.Манифестацијата започнува со промоцијата на изданието „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман” од авторот Стојанче Костов, утревечер во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев”. Официјалниот дел од програмата започнува задутре во 20:30 часот на сцената „Долни Сарај“ каде на Свеченото отворање ќе настапат КУД -.2025 „Гердан од Бисери" од Охрид и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Наредните фестивалски денови се резервирани за целовечерните настапи на Неврокопскиот ансамбл за народни песни и танци „Гоце Делчев“ од Бугарија, Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев" од Битола, Ансамблот „Бојмија” од Гевгелија, КУД „Светозар Марковиќ” од Нови Сад, КУД „Јахи Хасани” од Чегране, КУД „Таше Милошевски” од Ресен, како и Македонското КУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, Австралија. На завршната фестивалска вечер ќе и преходи промоција на Монографија и изложба и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ на етнокореологот Љупчо Милошевски, по што следува целовечерен концерт „Македонски Рози“ со Митан и Андријана Јаневска. Манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и игри се одржува под покровителство на Претседателот на Собранието на РСМ. Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)Мексико денеска беше погодено од серија многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying violently as a powerful magnitude 7.4 earthquake struck off Mexico’s Pacific coast.#Mexico #Earthquake #CaughtOnCamera #BreakingNews https://t.co/kvBqpkhQzP pic.twitter.com/8HzZEoMXch — The Globe & News (@TheGlobeNewt) July 17, 2026 На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, на кои се гледа како зградите се нишаат и извиткуваат под влијание на оваа природна сила. BREAKING: 7.4-Magnitude Earthquake Strikes Off Mexico Near Puerto Madero pic.twitter.com/Zfu2B0LOpU — Roberto Gil (@RbtGil) July 17, 2026 🚨 7.4 EARTHQUAKE STRIKES MEXICO A powerful 7.4-magnitude earthquake has struck off the Pacific coast of Mexico, sending strong tremors across parts of the country.#BreakingNews #Earthquake #Mexico #Tsunami #TsunamiWarning #Seismic #NaturalDisaster #PacificOcean pic.twitter.com/Z2pSoJzSoS — Rosa News Official (@Mirha1206) July 17, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?Вонредна здравствена состојба во Гостивар.Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата. Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион. Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook