1Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветОд Трамп и Зеленски до шпанскиот крал- државници од целиот свет доаѓаат на погребот на папатаНа погребот на папата Франциск во сабота на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе присуствуваат десетици лидери на најмоќните земји во светот, како и земји со претежно христијанско и католичко население.Соединетите Држави на погребот на папата ќе бидат претставени од претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, Франција од претседателот Емануел Макрон, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот во заминување Олаф Шолц, а Италија од претседателот Серџо Матарела и премиерката Џорџија Мелони. Европската унија ќе ја претставува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, додека Обединетите нации ќе ги претставуваат генералниот секретар Антонио Гутереш. Шпанија ќе ја претставуваат кралот Фелипе и кралицата Летиција, Бразил претседателот Луис Инасио Лула да Силва, Британија принцот Вилијам и премиерот Кир Стармер, а Аргентина претседателот Хавиер Милеј. На погребот ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, полскиот претседател Анджеј Дуда, белгискиот крал Филип, кралицата Матилда и премиерот Барт Де Вевер, како и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Од Унгарија на погребот ќе ја претставува претседателот Тамаш Шулок, Хрватска претседателот Зоран Милановиќ, Чешката Република премиерот Петр Фиала, Холандија премиерот Дик Шоф, Норвешка престолонаследникот Хакон и принцезата Мере Марит, а Кипар претседателот Никос Христодулидес. Од Естонија ќе ја претставува претседателот Алар Карис, Латвија претседателот Едгарс Ринкевичс, Летонија претседателот Гитанас Наузеда, а Молдавија претседателката Маја Санду. Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф, кралицата Силвија и премиерот на земјата Улф Кристерсон, исто така, потврдија дека ќе присуствуваат на погребот, како и швајцарската претседателка Карин Келер-Саттер, в.д. романскиот претседател Илија Болоиран, португалскиот премиер и претседател Луис Монтенегро и Марсело Ребело де Соуса и ирскиот премиер Мајкл Мартин. Нов Зеланд ќе го претставува премиерот Кристофер Луксон, Филипините претседателот Фердинанд Маркос Џуниор, Еквадор претседателот Даниел Нобоа, Доминиканската Република претседателот Луис Абинадер и Источен Тимор претседателот Хозе Рамос-Хорта.Тагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБекам започна со бизнис што носи милиони- дневно заработува огромни суми Сер Дејвид Бекам докажа дека може да го пренесе својот успех надвор од фудбалскиот терен во светот на бизнисот. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед заработува околу 17.250 фунти дневно од своите парфеми, производи за после бричење и други луксузни брендови. Според финансиските извештаи, неговиот бизнис минатата година остварил приход од 6,3 милиони фунти, од кои 5,4 милиони фунти биле профит. Компанијата има 7,9 милиони фунти во готово, додека нејзината актива се проценува на 10,4 милиони фунти. Еден од најпознатите производи од неговата колекција е парфемот „Instinct“, а во понудата се вклучени и „Classic Blue“, „True Instinct“, „Bold Instinct“ и „Classic Homme“. Цените на производите за после бричење се движат од 12 до 50 фунти. - Секој што го запознал Дејвид знае колку добро мириса, па затоа не е изненадувачки што неговите парфеми се толку популарни. Тој почнал да ги произведува во 2000-тите и е многу горд на нив. „Се чини дека неговите обожаватели сакаат да мирисаат како него“, рече еден од неговите пријатели. Парфемите и другите луксузни производи на Бекам се управувани од Seven Global LLP, а неговиот бизнис ја вклучува колекцијата Eyewear by David Beckham. Тој соработувал и со познати брендови како што се Breitling, Armani, Gillette и Biotherm Homme. Во финансискиот извештај се наведува дека неговиот глобален комерцијален и лиценцирачки бизнис генерира значајни резултати и обезбедува долгорочен приход. За разлика од бизнис империјата на Дејвид, модниот бренд на неговата сопруга Викторија Бекам неодамна оствари профит за прв пат по 18 години.Тагови: Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМеланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка.Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка, во услови на контроверзии околу улогата што ја играше поглаварот на Римокатоличката црква во преговорите за локален прекин на огнот, објавува „Њујорк пост“. „Ќе видиме“, изјави првата дама на САД за „Њујорк пост“ во саботата, кога беше прашана дали би отпатувала во земјата разорена од војна, на што Доналд Трамп додаде: „Тоа може да се случи“. Меланија Трамп за прв пат јавно проговори за прекинот на огнот за кој тврди дека посредувала меѓу Русија и Украина, а кој се однесува на градот Олешки, кој се соочува со глад и хуманитарна катастрофа. Првата дама откри дека разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски како дел од нејзините активности. „Разговаравме. Потпишавме договор“, откри таа. Претседателот Трамп, кој се обидува да посредува во долгорочен прекин на огнот меѓу двете земји, рече дека неговата сопруга работи подобро од неговите официјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. „Таа е поуспешна од нашите професионалци“, рече Трамп, насмевнувајќи се. Тој не ја исклучи можноста да ја испрати да се придружи на разговорите. „Мислам дека таа во моментов работи подобро од професионалците. Таа има прекин на огнот. Станува збор за деца, луѓе и стари лица“, рече американскиот претседател. First Lady Melania Trump said on Saturday that the ceasefire she helped secure between Russia and Ukraine will begin on Tuesday, October 27. The first lady's office announced on Friday that she secured a temporary ceasefire between Russia and Ukraine for the Russian-occupied Ukrainian city of Oleshky for humanitarian reasons. The first lady also said she spoke to both Russia's President Putin and Ukraine's President Zelenskyy. “I think she’s doing better than the professionals right now,” President Trump added. — CBS News (@CBSNews) October 24, 2026 Олешки, во регионот Херсон, е на работ на хуманитарна катастрофа. Градот, на околу пет милји од линијата на фронтот, има околу 2.000 жители, претежно деца и стари лица, кои се принудени да јадат трева за да преживеат. Меланија Трамп ја изненади јавноста во петокот објавувајќи дека посредувала за локален прекин на огнот во градот, за да можат жителите да бидат евакуирани, а хуманитарната помош да може да стигне до оние на кои им е потребна. Нејзиниот ангажман беше дочекан со меѓународни пофалби, но во саботата се појавија прашања за улогата на папата Лав XIV, откако беше објавено дека и тој разговарал со Зеленски и Путин, повикувајќи ги да се согласат на прекин на огнот. Неговите разговори се одржаа неколку дена пред првата дама да објави дека е постигнат договор.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел погоди факултет во Газа- има загинати и повредени Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори.Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори, кои исто така објавија четири смртни случаи на други места во енклавата. Напад на израелско беспилотно летало го „намета“ Исламскиот универзитет во Газа, во северниот дел на територијата, при што загинаа тројца „безбедносни лица“ и беа ранети осум студенти, изјавија за АФП неколку извори во институцијата. Болницата Ал-Шифа во градот Газа потврди дека примила три тела и дека лекувала осум ранети по нападот. Меѓу ранетите студенти, кои беа во кампусот и посетуваа настава, „некои се во критична состојба“, соопшти палестинското Министерство за образование, кое го осуди „молкот на светот пред нападите насочени кон студентите и универзитетите“. Не е прв пат „Десет студенти и наставници се убиени во изминатите шест дена“, соопшти Министерството, додавајќи дека „95 отсто од зградите кои припаѓаат на универзитетските институции“ биле оштетени во тригодишната војна меѓу Израел и Хамас. Според Цивилната заштита на Газа, спасувачката служба под исламистичкото движење, четири лица биле убиени и на други места во енклавата. Две лица загинаа во воздушен напад во Кан Јунис на југ, едно во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа и четврто во израелски оган на северот на Појасот Газа, изјави портпаролот на службата за AFP. Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето кое стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по две години војна предизвикана од најголемиот напад на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Повеќе од 1.500 Палестинци се убиени од почетокот на прекинот на огнот, според Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, и чии податоци ОН ги сметаат за сигурни.Тагови: Газа Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook