Од Тесла направил моторна санка на гасеници (ВИДЕО)

Гасениците се подобро решение од ланците, барем кога станува збор за возење на снег.

Фановите на електричните автомобили „Тесла“ последниве неколку месеци се обидуваат да направат своја верзија на „Кибертрек“ - електричен пикап со необичен дизајн.

Еден сопственик на моделот 3 на Тесла, се определи за драстична промена. Тој сакал да ги подобри возните перформанси на снег, па ги замени тркалата со гасеници и доби електрична моторна санка.

Мајкл е еден од најпознатите авто-блогери на социјалните мрежи. Со помош на компанијата Mullin Manufacturing, тој успеа да постави гасеници на задната оска на неговиот модел Tesla 3. Амбициозниот проект беше успешно завршен, пренесува Carbuzz.

Should I drop the video now or later?? Yes this happened

A post shared by Michael (@lowlifeduramax) on

„Сте го виделе Тесла како лета, но дали знаете дека оди по снег? Отсекогаш сум сакал електрична моторна санка“, вели Мајкл.

Мајкл ги отстранил задните тркала со пријателите и ги постави гасениците за снег на погонското вратило. Пробното возење беше направено на снежните висорманини на Британска Колумбија, Канада. Сопственикот на Тесла не очекувал дека првото возење ќе помине без поголеми проблеми.

Изменетата Тесла лесно ги освојува снежните ридови, што претходно беше невозможно на снежна површина. Ова е вистински подвиг, особено затоа што станува збор за возило кое тежи повеќе од 1.800 килограми.

Сепак, тестот не помина без проблем. Имаше прескокнување на забецот на една гасеница, а Мајкл вели дека проблемот може да се реши со затегнување . Тој додава дека неговите електрични санки сè уште не се завршени. Сака да ги усоврши со возење низ кал, па дури и да скока за да добие повеќе лајкови на социјалните мрежи.

Експертите за автомобили не советуваат вакви измени, забележува американското списание.

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер