Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
2Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ЗдравјеОд странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во КочаниОд странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центриМинистерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на клиниката за пластична хирургија и клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба, појаснуваат од министерството за здравство. Како што додаваат, специјалисти од клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во општата болница во кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што избувна рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори. ВМРО загуби 150 илјади гласови, поддршката им се намалува од ден на ден, резултати нема. Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите. ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена. Но граѓаните веќе ја препознаа оваа игра на Мицкоски и нема да дозволат да бидат измамени. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Драчево и Влае денеска без струјаПоради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.Тагови: ЕВН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСП2026: Канада прв осминафиналистКо-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето! Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0). Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи. Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter