Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски
2Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски
3Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени
Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
2Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
МакедонијаOд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден часСо пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14 идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час.- На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Со пуштањето за сообраќај на овој тунел од Дебар Северна Македонија до Тирана ќе се пристигнува за еден час, објави на Фејсбук вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку по извршениот увид во работите. Според неа со пуштањето во сообраќај на тунелот го прави достапен целиот автопат, во должина од 74 километри, наспроти над 180 колку што изнесуваше претходно. -Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ ќе стане важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Северна Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување, објави Балуку. Тунелот Муриз започна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри со два дела, за редовен сообраќај и за итни случаи. Севкупно, автопатот има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот. Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, од кога во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато“. Така, минатата година, според македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСергеј Корецки именован за нов премиер на УкраинаВрховната рада на Украина го именуваше Сергеј Корецки за нов премиер, поддржувајќи го предлогот на претседателот Володимир Зеленски со 289 гласа (од вкупно 450), објави денеска „Укринформ“.48 годишниот Сергеј Корецки е четвртиот премиер за време на мандатот на Зеленски, а на таа функција го наследи Јулија Свириденко, чија оставка беше прифатена од парламентот на 14 јули, што автоматски доведе до оставка на целата влада. Новиот премиер е роден во Луцк и поголемиот дел од својата кариера го поминал во енергетскиот сектор. Пред своето назначување, тој раководеше со државната групација „Нафтогас“ на Украина, а претходно беше на чело на компаниите „Укрнафта“ и „Укртатнафта“, кои во 2022 година преминаа во државна сопственост. Според официјалните податоци, под негово раководство, „Укрнафта“ од компанија што во периодот од 2013 до 2022 година бележеше загуби од над 196 милиони евра, прерасна во една од најпрофитабилните компании во земјата, остварувајќи нето-добивка од околу 784 милиони евра во текот на 2023 и 2024 година. Корецки претходно ја извршуваше функцијата генерален директор на холдингот „Континуум“ и на синџирот бензински станици „WOG“, додека во 2019 година ја основаше компанијата „Idealist Coffee Co.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси ГруевскиИма ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта.Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван. Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително. Сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува. Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината. Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик. Сѐ е јасно како ден. Ете како контролиранаото судство на Мицкоски ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски. Затоа Ристовска беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“. Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски. Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство. Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Оваа пресуда е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЌе се одложи ли финалето Аргентина - Шпанија во недела во Њу Џерси?Финалето на Светското првенство можеби ќе биде одложено, причината е повеќе од опасна?!Финалниот натпревар во Њу Џерси меѓу Шпанија и Аргентина е закажан за в недела во 21:00 часот, но се чини дека можеби нема да биде така. Светското првенство се ближи кон самиот крај; остануваат уште само два натпревара. Сепак, временската прогноза им создава сериозни проблеми на организаторите. Финалето треба да започне во 15:00 часот по локално време, при температура од околу 28 степени, но метеоролозите најавуваат грмотевици. Според безбедносните правила што важат во САД, доколку гром удри во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине најмалку 30 минути. Вакво сценарио веќе беше видено на ова Светско првенство – почетокот на второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, како и почетокот на натпреварот меѓу Мексико и Англија, беа одложени за речиси еден час токму поради временските услови. Во случај временските услови да бидат уште понеповолни, не се исклучува можноста за промена на датумот на финалето, што би претставувало голем организациски и финансиски удар за ФИФА. Покрај дополнителните трошоци за организацијата, би настанале и проблеми за телевизиските куќи што го резервирале терминот со најголема гледаност, како и за спонзорите и комерцијалните партнери на финалниот натпревар на турнирот. Доколку финалето навистина се одложи, тоа би бил преседан - прв пат во историјата на Светското првенство натпреварот за титулата да не се одржи на закажаниот датум. Контроверзиите околу ова Мундијал се веќе бројни, од проширениот формат на натпреварувањето до продолжената пауза помеѓу полувремињата поради музичкиот спектакл, а евентуалното одложување на финалето само дополнително би го зајакнало впечатокот дека крајот на турнирот е далеку од идеален.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter