Од среда продажба на влезниците на РК Металург за Лигата на шампиони - Канал 5

Од среда продажба на влезниците на РК Металург за Лигата на шампиони

Од среда (17 септември) ќе почне продажба на блок билетите за натпреварите н а РК Металург во групната фаза на Лигата на шампионите.

Од среда продажба на влезниците на РК Металург за Лигата на шампиони
Влезниците за натпреварите на македонскиот ракометен шампион Металург ќе се продаваат во продажните салони на „ОНЕ’’ низ целата држава, како и онлајн на веб страната www.karti.com.mk .

Онлајн продажбата на блок билетите ќе почне од полноќ (вторник кон среда), додека продажбата во салоните на „ОНЕ’’ ќе почне в среда, со почетокот на работно време на салоните.

Влезниците за групната фаза во зависност од местото на седење ќе се продаваат по цена од 1.500, 1.700 и 2.200 денари.

Новата сезона во Лигата на шампионите тимот од Автокоманда на домашен терен ќе ја започне на 28 септември кога во арената „Борис Трајковски’’ во Скопје, ќе гостува скапиот француски тим Пари Сен Жермен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Данаиловски: Вирусот е тука и ќе остане како сезонска закана

Вирусот на западнонилска треска е тука и ќе остане како сезонска закана.

Д-р Данаиловски: Вирусот е тука и ќе остане како сезонска закана

Вирусот на западнонилска треска е тука и ќе остане како сезонска закана, порача во гостувањето во Вести Плус, епидемиологот, професор Драган Данаиловски...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)

Кавга меѓу две тинејџерки може да биде повод за брутална семејна тепачка што неодамна се случи во Монор, Унгарија.

Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)

Тинејџерките можеби се карале поради дечко, по што голем број роднини на едната од нив го нападнале семејството на другата. Неколку лица се повредени, а според некои извештаи, некои од нив завршиле во болница.

Маж од нападнатото семејство изјавил за „Блик“ дека седеле на терасата кога пристигнала втората група. Според него, на почетокот дошле само неколку луѓе, но набрзо се појавиле уште десетици други.

„Дојдоа со нивниот татко и браќа и сестри, беа четири или петмина. Додека втрчаа тука, веќе имаше околу 50 или 60. Можете да ги видите, нели? Можете да ме видите и мене како доаѓам и го заштитувам мојот свекор. Мојот зет веќе беше соборен од нешто. Се браневме, но немавме подготвено никакво оружје ниту алатки“, рекол мажот.

Тој додал дека во времето на нападот во куќата биле и жени и деца.

„Седевме, разговаравме, таму имаше жени и деца. Едвај успеавме да ја испратиме жената што трчаше внатре со мало дете“, рече тој.

Градоначалникот на Монор, Калман Дараши, исто така, разговараше со Блик за инцидентот. Според него, ваквите судири од големи размери не се вообичаени во овој град, но конфликтот меѓу две семејства сега довел до сериозен инцидент.

Се споменуваат лопати и мотики

Според сè уште неофицијални информации објавени од Фејсбук страницата „Somewhere It Happened“, која прва го објави инцидентот, наводно за време на конфликтот биле користени лопати и мотики.

Во објавата се наведува дека неколку лица се повредени, а дека некои од нив можеби морале да бидат хоспитализирани. Според тврдењата на социјалните мрежи, едно лице претрпело исклучително сериозна повреда на главата и било подложено на неколкучасовна операција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Резервите на плин во европските складишта се на најниско ниво од 2013. година

Резервите на природен гас во подземните складишта во Европа моментално се на најниско ниво за овој период од годината од 2013 година, објави денеска ТАСС, врз основа на пресметки базирани на податоци од Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ).

Резервите на плин во европските складишта се на најниско ниво од 2013. година

Европските складишта на гас моментално се исполнети со 63,28 проценти, што е за 17,24 проценти помалку од петгодишниот просек за овој датум и во споредба со 76 проценти исполнетост една година претходно.

Агенцијата вели дека околу 69,2 милијарди кубни метри гас се наоѓаат во складиштата во Европската Унија, или 14,3 милијарди кубни метри помалку од минатата година и најниско од 2013 година.

Нето инјекциите на гас во складиштата во земјите од ЕУ, или разликата помеѓу количината на складиран и повлечен гас, овој месец е исто така на најниско ниво во последните шест години.

Од почетокот на април, европските земји инјектирале околу 39 милијарди кубни метри гас во складиштата, што е само 57 проценти од количината потребна за претстојната зимска сезона.

Европската комисија бара од земјите-членки на ЕУ да ги полнат своите складишта за гас до 90 проценти помеѓу 1 октомври и 1 декември секоја година, со исклучок од 10 проценти во случај на тешки услови на полнење, објави ТАСС. Според пресметките на руската агенција, најмалку 68 милијарди кубни метри гас би требало да се внесат во европските складишта до почетокот на зимската сезона 2026/27 година за да се исполни потребниот стандард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер